Кумуцакос: Преспанскиот договор може да биде штетен за Грција

-

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос оцени дека Преспанскиот договор не дава добро, конечно и интегрално решение и дека може да биде штетен за Грција.

Во интервјуто за „Политика“, Кумуцакос, вели дека Нова демократија се залага за членство на Скопје во ЕУ и НАТО, но дека не се подготвени да прифатат било какво решение.

-Преспанскиот договор има празнини и може да биде штетен за Грција, затоа што не дава добро, конечно и интегрално решение, а остава отворени и некои прашања кои можат да бидат погодно тло за национализам – вели Кумуцакос кој денеска во Белград се сретна со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ. Тој учествува на регионален собир кој го организира британски „Економист“.

Кумуцакос вели дека исходот од референдумот во Македонија е двосмислен затоа што постои големо прифаќање со мала излезност.

-Таков резултат од референдумот ја воведува соседната земја во долгорочен период на неизвесност и тешко е да се предвиди развојот на таквите случувања – додаде тој.

Извршители ќе блокираат сметки на граѓани кои не платиле данок на имот и комунална такса

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година,...