fbpx
Таг: Џо Бајден

таг: Џо Бајден

Графички изменето видео злоупотребено за да се исмее Бајден

Тонот на видеото од објавата е изменет и не кореспондира со оној на оригиналното видео од прес-конференцијата по средбата на Бајден и Зеленски (12 декември), објавено во престижниот Форбс. Аудиото е технички обработено, избистрено, па се добива впечаток дека Бајден се насмевнал на конкретно новинарско прашање. Но, дури и некој од новинарите да го поставил прашањето „дали Бајден сака Украина...

Во израелски воздушни напади загинаа 19 луѓе, Нетанјаху вели дека ништо нема да ги спречи до целосно уништување на Хамас

Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека во израелските воздушни напади утринава загинале најмалку 19 лица, пренесува Би-би-си. Пред доаѓањето на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, има зголемени знаци на несогласување меѓу Израел и неговиот најблизок сојузник, САД. Неделава претседателот Џо Бајден го обвини израелското „недискриминирачко бомбардирање“ на Газа за...

Несогласувања меѓу САД и Израел додека ОН со мнозинство гласа за прекин на огнот

Израел и Соединетите Американски Држави (САД) покажаа досега најсилно јавно несогласување досега околу иднината на војната против Хамас, со оглед на тоа што двата сојузника стануваат се поизолирани од глобалните повици за прекин на огнот, пренесува Гардијан.  Несогласувањата, според Асошиејтед Прес, се појавиле во вторникот додека израелските сили извршиле напади низ Газа, уништувајќи палестински домови. Претседателот Џо Бајден му кажал...

Д-р Колевска: Откриен е тест со кој преку крв се гледа дали во организмот има клетки на дури 50 различни видови на рак

Едно од најголемите откритија во медицината во последно време, кога станува збор за ракот е тест, со помош на кој преку крв може да се утврди дали во организмот постојат клетки на некој од 50 различни видови на рак, информира за Мета.мк д-р Татјана Колевска, онколог, хематолог и медицинска директорка која ја води националната онколошка програма на американската компанија...

По самитот со Бајден, користејќи ги пандите, Кина ќе ја применува својата „мека моќ“

По неговата средба со американскиот претседател Џо Бајден, претседателот на Кина, Сји Ѓинпинг во својот говор пред проминентни бизнисмени изјави дека Кина е подготвена да даде неколку панди на американски зоолошки градини, известува Гардијан. Изјавата на Сји доаѓа само една недела откако стигна вест дека три панди од зоолошката во Вашингтон ќе се вратат во Кина. Пандите се своевиден симбол за...

Бајден – Шји: САД и Кина ја обновуваат воената комуникација

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Шји Џјинпинг имаа лична средба за прв пат по повеќе од една година. Тие се сретнаа на еден имот во близина на Сан Франциско и неформално се поздравија, јави Дојче Веле. Уште на почетокот Бајден повикал односите помеѓу Кина и САД да се уредуваат одговорно. Натпреварот меѓу двете земји, според него, не смее...

Израелските сили го бомбардирале домот на лидерот на Хамас

Израелските одбранбени сили (IDF) најавија дека со воздушен напад го нападнале домот на Исмаил Ханијех, кој се смета за лидерот на Хамас, известува Би-би-си. Според IDF, домот служел како база за терористите. Сè уште се откриваат детали за нападот. Ханијех моментално живее во Катар, а во 2006 година служел како премиер на Палестина. Моментално го води политичкото биро на Хамас. Инаку,...

Бајден ќе потпише извршна наредба за регулација на вештачка интелигенција

Американскиот претседател Џо Бајден ги откри деталите на новата извршна наредба за регулација на користењето на технологија која користи вештачка интелигенција. Таа вклучува наредби за поголема транспарентност од компаниите во однос на податоците што се користат, заштита од дискриминација при користењето на овие алгоритми, како и поддршка за истражувањата кои користат вештачка интелигенција, известува Белата куќа преку соопштение. Од Белата...

Израелските сили го прошируваат нападот врз Газа, погодени 600 цели во изминатото деноноќие

Израелските воздухопловни сили соопштија дека погодиле 600 цели во изминатото деноноќие, додека израелските одбранбени сили го прошируваат нападот врз Газа, пренесе „Гардијан“. Една од целите бил реонот околу универзитетот Ал-Азхар, од каде било најавено дека ќе се лансира противтенковска ракета. Израелските сили, исто така, нападнале цели во Сирија и Либан, како одговор на лансирањето од тие области во Израел, соопштија...

Бајден не рекол дека е роден во Израел

Тврдењето дека Бајден е роден во Израел беше споделено во напис на руската државна новинска агенција ТАСС, објавен на 18 октомври 2023 година, во кој се посочува дека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјавила дека Бајден тврдел дека е роден во Израел. Но, како што се наведува во транскриптот на Белата куќа, Бајден зборувал за тоа како: „Државата...

Администрацијата на Бајден не дава воена помош за Хамас

САД и администрацијата на Бајден не го финансираат Хамас. САД испраќаат хуманитарна помош за цивилите во Газа, но таа не оди за терористичката организација која има повеќе финансиери, меѓу кои главниот е Иран. САД ја прогласи Хамас за терористичка организација и ги гони своите државјани или постојани жители кои ја финансираат оваа милитантна група, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Бајден побара „витална“ воена помош за Украина и Израел

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека светската историја е на „точка на пресврт“, истакнувајќи ги заложбите за, како што ја нарече, „паметна инвестиција“ од милијарди долари воена помош за Украина и Израел. Во говор во Белата куќа, Бајден рече дека Хамас и Русија сакаат да ја уништат демократијата во соседните земји, пренесува Би-би-си. Американскиот претседател рече дека до Конгресот ќе испрати...

По нападот на болницата во Газа, Јордан го откажа самитот со Бајден и лидерите од Блискиот Исток

Јордан го откажа денешниот планиран самит меѓу американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Јордан, Египет и палестинските власти, откако вчера во експлозијата во болница во Газа загинаа стотици луѓе, објави министерот за надворешни работи на земјата, а пренесе Си-ен-ен. „Нема смисла да се прави ништо во овој момент, освен да се запре оваа војна“, изјавил утринава јорданскиот министер за...

Бајден: Нападот на Хамас е најсмртоносен напад врз Евреите по Холокаустот

Повеќето од 2,3 милиони луѓе кои живеат во појасот Газа немаат струја и вода, а по стотиците израелски напади во саботата, тие немаат ниту каде да бегаат, пишува Ројтерс. Палестинската територија е под опсада од саботата, со речиси постојано бомбардирање за кое здравствените власти во Газа изјавија дека се убиени повеќе од 1.000 луѓе. Овие напади се одмазда за разорниот...

Пропагандно видео за да се оцрни Бајден, а да се глорифицира Путин

Двата контекста во кои Бајден и Путин се сретнаа со децата на кои им се обраќаат, се различни. Во случајот со Путин може да се види дека станува збор за однапред договорено интервју и средба, со оглед на тоа што камерите на видеото се веќе поставени, а тој се однесува согласно ситуацијата којашто е инсценирана. Видеото од Бајден, од...

Бајден: Поддршката за Израел е непоколеблива, граѓаните имаат право да се бранат

Најмалку 200 луѓе се убиени во Израел откако милитантите на Хамас извршија ненадеен напад врз земјата утрово, информира израелската служба за итни случаи за спасување, пренесе Си-Ен-Ен. Дополнително, израелското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 1.452 лица се ранети. Американскиот претседател денеска од Белата куќа изјави дека поддршката на САД за Израел е непоколеблива и цврста. Нема информации за тоа каде...

Бајден сепак ќе гради дел од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико

Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден ќе изгради дел од ѕидот на границата меѓу Тексас и Мексико. Бајден изјави дека не сака да продолжи со градбата, но дека веќе биле одвоени средствата во 2019 за време на претседателството на Доналд Трамп, известува Би-би-си. Граничниот ѕид беше клучен дел од ветувањата на Трамп за време на неговата кампања. На крај,...

Второ претседателство на Трамп е закана за демократијата, предупреди Бајден

Американската демократија е загрозена од одмаздољубивиот Доналд Трамп, предупреди вчера американскиот претседател Џо Бајден пред неговите поддржувачи и пред претстојната кампања за претседателските избори во САД. Трамп е негов веројатен противник следната година, пишува Гардијан. Соочен со стагнација на рејтингот и грижи за неговата возраст, американскиот претседател се обиде да ги раздвижи своите поддржувачи и да ги анимира неопределените гласачи со...

Кучето на Бајден касна уште еден чувар во Белата куќа, единаесетти по ред

Двегодишниот германски овчар на семејството на американскиот претседател Џо Бајден каснал уште еден агент на Тајната служба. Нападот се случил во понеделникот вечерта, а на службеникот му била укажана помош на местото на настанот, се вели во вчерашното соопштение на Тајната служба што го пренесе Би-би-си. Ова е единаесетти пат кучето Командер да касне чувар во Белата куќа или во домот...

Видеото на кое зборува Бајден погрешно се цитира и има погрешен превод

Изјавата на Бајден во видео исечокот е и погрешнo цитирана и погрешено интерпретирана. Целосниот контекст зад изјавата покажува дека Бајден не направил гаф, туку во говорот се повикува на претходните гафови од поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Видео објавено на Фејсбук ги манипулира корисниците на социјалната мрежа да помислат...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...