fbpx
Таг: болница

таг: болница

Зијадин Села излезе од болница

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, денеска беше пуштен од Клиничкиот центар во Тетово, каде што се лекуваше по повредите добиени при инцидентите во Собранието на 27 април. Села беше најтешко повреден, кога демонстранти упаднаа во законодавниот дом и ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство. Пред два дена, на Села во болница му беше на посета и лидерот на СДСМ, Зоран...

Повеќе од 30 лица се повредени во пожар во Москва

Повеќе од 30 лица се повредени, а околу 80 се евакуирани поради пожар кој зафати еден солитер на југозападот во Москва, соопшти денеска руското министерство за вонредни ситуации. - Според потврдени информации, 77 станари, меѓу кои и 17 деца, биле евакуирани, а деветмина се префрлени во болница – изјавиле од ова министерство за руските медиуми. Како што се наведува, пожарот избувнал...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за болницата „8 Септември“

„СДСМ нема кредибилитет да зборува за болницата „8 Септември“, старата воена болница, која СДСМ ја остави на забот на времето, без ниту еден нов апарат, без ниту една закована шајка за реконструкција на болницата, без ниту еден доктор на едукација или воведена нова метода во болницата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека оваа...

СДСМ: Здравството е во колапс, а ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи демократските процеси

„Затворањето на одделенијата за пулмологија со ендокринологија и за општа и ургентна хирургија, во болницата „8 Септември“, поради недостиг од медицински кадар, за жал, е првата конкретна последица од блокирањето на демократските процеси и на формирањето на нова реформска влада,“ се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека доколку имаше нова реформска влада, ќе се решеше проблемот со кадарот...

Девет деца се повредени во сообраќајна несреќа во Романија

Mинибус што превезувал ученици во југозападниот дел на Романија излетал од патот, при што најмалку девет деца се повредени, јавуваат романските медиуми. Повредените деца биле пренесени во болница и сè уште нема информации за нивната здравствена состојба. Во моментот на несреќата во минибусот се наоѓале 18 деца. Возачот во полиција изјавил дека поради премореност изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Нападната воена болница во Кабул, сè уште се водат борби

Најмалку две лица се убиени, а 25 се ранети при напад на воена болница во Кабул, која се наоѓа во близина на американската амбасада. Генерал Давлат Вазири, портпарол на Министерството за одбрана, рече дека засега непознат број напаѓачи влегле во болницата по експлозијата и пукањето. Воената болница, која има 400 легла, е лоцирана покрај две цивилни болници. - Напаѓачите се на...

СДСМ: Градска болница не прима итни случаи поради расипан лифт

Втората по големина хируршка установа во Македонија, Градската болница Св. Наум Охридски во Скопје веќе 9 дена, не прима итни случаи, поради скандалозна причина - расипан бил лифтот, велат од СДСМ. -Во болницата има известувањето од директорката Јасминка Чабуковска до лекарите и до медицинскиот персонал, итните пациенти да се пренасочуваат во други здравствени установи. Известувањето е издадено на 10 февруари...

Шилегов: Ќе изградиме нов и функционален Клинички центар

СДСМ ќе изгради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија. Здравствените услуги ќе бидат висококвалитетни, порача портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција пред Клиничкиот центар во Скопје. - Ќе го вратиме концептот на единствен универзитетски клинички центар во кој сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да ве препраќаат како досега од...

Поради вирози, околу 300 ученици не посетуваат настава во Штип

Поради вирозите и грипот, околу 300 ученици денеска не биле на настава во училиштата во Штип, а од 700 деца, колку што се згрижени во градинките во градот, дури 300 отсуствувале. Во текот на минатата ноќ во итната медицинска помош во Штип, помош побарале стотина пациенти, кои се жалеле на зголемена телесна температура, главоболки и на кашлица. Сепак, од Центарот за јавно...

Избоден бегалец од Сирија на островот Хиос

Нов инцидент се случи во бегалскиот камп Суда на островот Хиос, кога пет лица брутално нападнаа бегалец од Сирија. Момчето на 26-годишна возраст било прободено повеќепати во градниот кош и во раката. Повредениот бегалец сам успеал да дојде до болницата на островот и колабирал само што стигнал пред влезот. Извори од болницата за локалните медиуми на островот изјавиле дека бегалецот се...

Жена и дете загинаа во пожар во бегалски камп на Лезбос

Жена и малолетно дете изгореа живи во пожар што синоќа избувна во бегалскиот камп Морија на островот Лезбос. Починатите бегалци се 60-годишна жена и нејзиниот 5-годишен внук, двајцата Курди од Ирак, кои биле во Морија четири месеци. Трагедијата се случила ноќта, околу 23 часот, кога, според очевидци, експлодирала плинската боца на која жената готвела во нејзиниот шатор, а нејзиното внуче...

Во објект на „Психијатриска болница“ во Демир Хисар избувнал пожар, изгорел еден кат

Во полициската станица Демир Хисар, полициски службеник пријавил пожар на еден дел од објект, поранешно женско одделение, што е во сопственост на ЈЗУ„Психијатриска болница“, при што целосно изгорел првиот кат и потпокривот од објектот. Материјалната штета и причините за настанување на пожарот на објектот кој бил лоциран на улица Битолска, дополнително ќе се утврдуваат.

Почна судскиот процес против тројцата лекари обвинети за смрт на родилка и на бебе

Во Основниот суд во Велес почна судењето на лекарскиот тим од гевгелиската болница обвинет за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното новороденче, лани во октомври, информира „Дума“. На обвинителната клупа седнаа тројца лекари, двајца гинеколози и еден анестезиолог, обвинети за лекарска грешка поради која настапила смртта кај Кадиева. Судечкиот совет ја ислуша одбраната на тројцата обвинети лекари, додека бранителите...

Бесни роднини демолирале во ГОБ „8 Септември“

Триесетина лица вечерва ја искршиле влезната врата и внатрешни простории во Градската општа болница „8 Септември“ поради смрт на близок роднина и пријател. МВР го потврди случајот. Оттаму велат дека околу 19 часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реанимираат, но по неуспешните обиди лицето починало. Тие го зеле со себе телото на починатиот. Во инцидентот, за...

21-годишна девојка од Скудриње починала од труење со јаглерод моноксид

Дваесет и едногодишна девојка од долнореканското село Скудриње починала, најверојанто од труење со јаглерод моноксид, а најзината една година постара сестра е пренесена на лекување во скопските клиники. Трагичниот настан се случи ноќеска, додека двете сестри спиеле во просторија од нивниот семеен дом, која се затоплувала со печка на дрва. Сестрите, кои биле во бесознание, ги забележале нивните родители. Прва помош...

Предизборни вработувања во штипската болница?

Оглас за прием на 30 медицински сестри и техничари распиша денеска Клиничката болница во Штип. Оттаму велат дека предност ќе имаат неодамна отпуштените 25 волонтери, под услов да се со квалификации соодветни на критериумите од огласот. Некои од нив со години работеа без плата. Според економската директорка на болницата, Елизабета Папарова, со овој оглас ќе се пополнат местата на пензионирани...

Хоспитализиран палестинскиот лидер Махмуд Абас

Палестинскиот лидер Махмуд Абас (81) денеска е хоспитализиран во Рамала, каде му се вршат тестирања поради можни проблеми со срцето. Претставник на болницата на Западниот Брег изјави дека на Абас му се врши катетеризирање на срцето, процедура при која катетер се уфра во крвниот сад за да се испита силата на срцето. Палестински претставник соопшти дека Абас бил хоспитализиран бидејќи се...

При бомбардирање унишетена најголемата болница во Алепо

Најголемата болница во бунтовничкиот источен дел на Алепо била мета на голема офанзива на владините сили со поддршка на Русија и целосно е уништена при денешните воздушни напади. - Болницата била директна мета за време на воздушните напади – изјави директорот на Опсерваторијата за човекови права, Рами Рахман. Според Сириско-американското лекарско здружение (САМС) во бомбардирањето загинале три лица кои биле вработени...

Претседателот на Узбекистан итно префрлен во болница

Претседателот на Узбекистан, Ислам Каримов, кој е на власт повеќе од 25 години, итно бил префрлен во болница, соопшти узбекистанската влада без детали за природата на болеста. Владата соопшти дека специјалистите во целост ќе извршат преглед на 78-годишниот претседател и дека по тоа лечењето ќе трае „одреден временски период“. Каримов беше избран за претседател на Узбекистан во 1991 година, по распадот...

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња, соопшти портпаролот на ирачкото Министерство за здравство, пренесуваат светските медиуми. Портпаролот Ахмед ал-Рудаини изјави дека пожарот избил ноќта меѓу вторникот и средата во породилиштето на болницата Јармук во западниот дел на Багдад. https://twitter.com/GDNonline/status/763278734245916672 Според неговите зборови, првата проценка е дека до пожарот дошло поради неисправна инсталација.

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...