Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња, соопшти портпаролот на ирачкото Министерство за здравство, пренесуваат светските медиуми.

Портпаролот Ахмед ал-Рудаини изјави дека пожарот избил ноќта меѓу вторникот и средата во породилиштето на болницата Јармук во западниот дел на Багдад.

Според неговите зборови, првата проценка е дека до пожарот дошло поради неисправна инсталација.