fbpx

Поради вирози, околу 300 ученици не посетуваат настава во Штип

-

Поради вирозите и грипот, околу 300 ученици денеска не биле на настава во училиштата во Штип, а од 700 деца, колку што се згрижени во градинките во градот, дури 300 отсуствувале.

Во текот на минатата ноќ во итната медицинска помош во Штип, помош побарале стотина пациенти, кои се жалеле на зголемена телесна температура, главоболки и на кашлица.

Сепак, од Центарот за јавно здравје велат дека бројката на заболени од грип не е алармантна, дури и помала во однос на истиот период лани, кога болеста зеде замав. Пријави на новозаболени има во сите ординации, а полни се и инфективното и детското одделение на Клиничката болница во Штип.

Како превентива, лекарите препорачуваат да се носи топла облека, често да се мијат рацете, да се внесуваат витамини и да се избегнуваат собири.

Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
free download udemy paid course
download karbonn firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free