fbpx
Таг: Барак Обама

таг: Барак Обама

Сноуден бара од Обама да го помилува

Најпознатиот американски свиркач и поранешен соработник на НСА, Едвард Сноуден, го повика претседателот на САД, Барак Обама, да го помилува. Тој вели дека било „морално неопходно“ да ги објави податоците за масовниот надзор. - Да не беа тие сознанија, тие откритија, ќе беше полошо за нас – изјави Сноуден, кој помина три години во Русија, откако го предизвика еден од најголемите...

Обама го нарече Трамп „чукнат“ и „неинформиран“

Барак Обама денеска од Лаос го критикуваше Доналд Трамп и го нарече „чукнат“ и „неинформиран“, откако републиканскиот кандидат за претседател на САД синоќа изјави оти смета дека рускиот претседател, Владимир Путин, е подобар лидер од Обама, јавува „Би-би-си“. Обама, кој учествува на Азискиот самит во Лаос, изјавил дека секојпат кога Трамп ќе почне да зборува, станува сè појасно дека кандидатот...

Трамп: Путин е подобар лидер од Обама

Рускиот претседател, Владимир Путин, е далеку подобар лидер отколку нашиот претседател (Барак Обама н.з.), изјави републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп додека со својата ривалка од демократската партија, Хилари Клинтон, вчера во Њујорк одговараше на прашања на воените ветерани. Оваа негова изјава, како што пренесува „Би-би-си“, доаѓа истиот ден откако шефот на Пентагон ја обвини Русија дека го...

Ердоган: Заедно со САД ќе ја нападнеме престолнината на ИД

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција и САД се подготвени заеднички да тргнат во битка за Рака - неформалниот главен град на Исламска држава. Американскиот претседател Барак Обама на самитот Г20 во Кина предложил заедничка акција против милитантите на ИД, а Ердоган одговорил дека нема проблем со спроведување на таква акција. - Обама сака да направи заедничка акција во...

САД и Русија засега без договор за конфликтот во Сирија на Самитот на Г20

Соединетите Американски Држави (САД) и Русија не успеаја да постигнат договор за конфликтот во Сирија на преговорите на маргините на Самитот на Г20, кој се одржува во Хангџоу, Кина. Причината, како што јавуваат светските агенции, повикивајќи се на американски извори, се големите разлики во ставовите на двете земји околу ова прашање. Шефовите на дипломатиите на САД и на Русија, Џон...

САД ќе префрлат 15 затвореници од Гвантанамо во ОАЕ

Соединетите Американски Држави (САД) ќе префрлат 15 лица од затворот во Гвантанамо, Куба во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), што е најголем трансфер на затвореници од озлогласениот затвор за време на мандатот на претседателот Барак Обама, пренесува „Би-би-си“. Како што соопштиле од Пентагон, станува збор за 12 државјани на Јемен и тројца Авганистанци. Со ова бројот на затвореници во Гвантанамо во...

Обама 45 минути ја фалеше Клинтон и го критикуваше Трамп

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика своите сонародници да ја доведат Хилари Клинтон до Белата куќа. Во говорот на претпоследниот ден од националната конвенција на демократите во Филаделфија синоќа, американскиот претседател укажа на вистинската опасност што во неговите очи ја претставува републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трапм, кој го нарече демагог и самопрогласен спасител на земјата. Тој го фалеше силното искуство на Клинтон,...

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари годинава, што е за шест милијарди долари помалку од очекуваното, соопшти канцеларијата за управување со буџетот на Белата куќа. Според новите проекции, дефицитот ќе изнесува 3,3 отсто од домашниот бруто-производ. Сепак, прогнозираниот дефицит е за 162 милјарди долари поголем од минатогодишниот. Администрацијата на претседателот Барак Обама предвидува дека економијата во САД...

Обама: Мора да се врати довербата во полицијата

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД не се ни близу до надминување на јазот меѓу полицијата и заедниците на кои им служат, јави „Би-би-си“. Обама рече дека мора да се спроведе истрага за полициско насилство за да се врати довербата кај Афроамериканците и ка припадниците на латино-заедницата во полицијата. - Мораме да изградиме доверба кон полицијата која употребила сила, така...

Столтенберг: Обуката на локални војници е многу поефикасна отколку употреба на сопствените воени сили

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на вториот ден од Самитот изјави дека донесена е одлука НАТО да ги засили и своите партнери и дека треба да  помогне во градење капацитет на локално ниво. Како што изјави Столтенберг, на долг рок обуката на локални војници е многу поефикасна отколку употреба на сопствените воени сили во борбените операции и дека тоа...

Обама го прекинува престојот во Европа за да го посети Далас

Американскиот претседател Барак Обама ќе го прекине својот престој во Европа за да го посети Далас, каде што пет полицајци беа убиени од снајперисти за време на демонстрациите на црнечката заедница против полициската бруталност. Од Белата куќа соопштија дека откако ќе заврши НАТО-самитот во Варшава, Обама требало да отпатува во Шпанија, но ќе ги прекине планираните активности за да допатува...

НАТО и ЕУ ќе ја прошируваат соработката во сферата на безбедноста

На првиот ден на НАТО-самитот во Варшава, членките на Алијансата усвоија одлука за зголемување на военото присуство во четири држави на Источна Европа. Се воведува дополнителен мултинационален баталјон во Романија, а членките одлучиле и заеднички да ја координираат одбраната од балистички ракети. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека дополнителните трупи на НАТО следната година ќе бидат распоредени во Летонија, Литванија, Естонија...

Обама: Ова е најважниот НАТО-самит по Студената војна

Ова, веројатно, е најважниот момент во трансатлантската алијанса од завршувањето на Студената војна, напиша претседателот на САД, Барак Обама, во пресрет на дводневниот самит на НАТО во Варшава. Во авторскиот текст за весникот „Фајненшл тајмс“, Обама пишува дека во терористичките напади на Исламска држава настрадале невини лица од Орландо до Париз, Брисел и до Истанбул. Тој потсети дека судирите што се...

Средба Ципрас – Обама на самитот на НАТО во Варшава

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре во Варшава ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Средбата ќе биде на маргините на самиотот на НАТО во Полска, кој почнува денеска. Според информациите во „Катимерини“, на средбата се очекува да се разговара за грчката финансиска криза, програмата за штедење и за грчкиот долг, но и за прашања како влијанието на излезот на...

Иванов побара од Обама поддршка за приемот во НАТО

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов побара од американскиот претседател Барак Обама, САД да ја засилат поддршката за прием на Македонија во НАТО. „Стапувањето на Република Македонија во одамна заслуженото полноправно членство во НАТО, и понатаму останува голем предизвик со кој нашата држава се соочува. Во тој контекст, ја очекуваме Вашата понатамошна, уште позасилена поддршка во пресрет на самитот на Алијансата, во...

Иванов со честитка до Обама по повод 4 јули

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 Јули – Ден на независноста, упати честитка до претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама. „По повод 4 Јули - Денот на независноста, ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најискрени...

Обама ќе отпатува во Орландо да им одаде почест на жртвите на масакрот

Американскиот претседател Барак Обама в четврток ќе отпатува во Орландо за да им одаде почест на жртвите на нападот во ноќен клуб во кој загинаа 50 лица, соопшти Белата куќа. Американската полиција ја истражува врската на убиецот Омар Матин со Исламска држава. Станува збор за најголемо масовно убиство во американската историја, во коe загинаа 50 лица. Обама истакна дека нападот во...

Петмина и понатаму во критична состојба по масакрот во Орландо

Пет лица кои беа ранети во нападот на хомосексуалниот клуб во Орландо и понатаму се во тешка состојба. Во болница сè уште се 29 лица, а бројот на пациентите што се во критична состојба останува ист. Шест операции се закажани за денеска. Претходно претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека засега нема докази дека напаѓачот кој е идентификуван како Омар Матин за нападот...

Знамето на САД на половина копје до четврток на зајдисонце

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, денеска издаде наредба знамето на САД на Белата куќа, сите јавни згради, бродови на американската морнарица, амбасади и конзуларни преставништва во странство да бидат поставени на половина копје, во чест на жртвите од масакрот што се случи вчера во Орландо, а во кој животите ги загубија 50 лица. Знамињата, како што стои во наредбата...

Обама одобри зајакнато ангажирање на војската на САД во Авганистан

Претседателот на САД, Барак Обама, одобри закајнато ангажирање на американските трупи во поддршка на авганистанската војска во конфликтот со талибанците. Официјални лица од САД велат дека американските војници нема само да ги обучуваат и да ги советуваат авганистанските трупи, туку дека ќе ги следат и во операциите на терен. Со ова е проширена постоечката мисија на војската на САД, која не...

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...