fbpx
Таг: автобуси

таг: автобуси

И покрај засилените контроли во Штип, се возат неисправни автобуси

Во последните неколку месеци штипската полиција врши засилени акциски контроли на автoбусите и другите возила за јавен превоз на патници, вклучувајќи ги и работничките автобуси. Полицијата последната акција ја спроведе вчера, кога во период од пет часа на технички преглед упати 93 автобуси и други возила за јавен превоз. „При контролите констатирани се девет неправилности, односно кај два е утврдена...

Само 15 инспектори контролираат околу илјада меѓуградски и меѓународни автобуси! (инфографик)

Државниот инспекторат за транспорт има само 15 инспектори за контрола на 996 автобуси за меѓуградски и меѓународен превоз во земјава. За 16 месеци регистрирани се само осум случаи на претоварување на автобуси во меѓуградскиот превоз, а „Порталб“ регистрирал два такви случаи само за еден месец. Според законските одредби, ДИТ врши надзор на меѓуградскиот и меѓународниот превоз на патници и стоки,...

Со 4 нови автобуси „Исузу“ ќе се поднови прилепскиот јавен превоз

Јавниот превоз во Прилеп наесен ќе добие 4 нови нископодни автобуси од марката „Исузу“. Јавното претпријатие за ПУП - Прилеп го потпиша договорот со фирмата „Аутомакедонија“ од Скопје за обнова на возниот парк, инвестиција вредна 60 милиони денари. Идните автобуси ќе сообраќаат на постојните градски линии и ќе заменат дел од амортизираниот возен парк, со просечна старост од над...

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Фото: Борче Поповски
Во автобусите на ЈСП - Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие...

ЈСП од понеделник со летен возен ред

Фото: Борче Поповски
Возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред, од понеделник 10 јуни информираат од ЈСП. Поради завршувањето на учебната година, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст. Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни. „ЈСП Скопје нуди можност основците/средношколците (не важи за средношколците...

Скопје, трамвај ти ќе видиш – можеби (видео + инфографик)

video
Доколку не се вложи во побрз јавен превоз во најскоро време, македонскиот главен град во наредната деценија ќе прерасне во неподносливо место за живеење со уште поголемо загадување на воздухот и сообраќаен метеж на улиците, хроничен недостиг на паркинг места и уништено зеленило од непрописно паркираните возила. Експертите предупредуваат дека веднаш на Скопје му е потребен јавен превоз што...

Проблеми со меѓуградските автобуси да се пријавуваат во Организацијата на потрошувачите

Граѓаните речиси воопшто не се жалат во Организацијата на потрошувачите (ОПМ) за проблеми во меѓуградскиот автобуски превоз, иако станува збор за честа појава за прекршување на правата на потрошувачите, пишува „Порталб“. Бранко Костовски, одговорен за поплаките во врска со транспортот во ОПМ, вели дека во последните години немале многу поплаки за поголем број патници од дозволеното, а поплаките за меѓуградскиот автобуски...

Таксистите лани превезле за 12 пати повеќе патници низ Македонија од возовите (инфографик)

Наместо да доминира во националниот превоз на патници, железницата лани успеала да превезе за 12 пати помалку патници во споредба со таксистите. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во меѓуградскиот превоз со такси возила во 2018 година биле превезени дури 6.406.000 патници. Наспроти таксистите, лани со македонските возови патувале само 534.000 лица во домашниот железнички сообраќај. Актуелната...

Поради скопскиот маратон, некои автобуси в сабота по привремени траси

Поради одржувањето на „Виз Ер Скопски маратон 2019“,  в сабота дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција, известија од ЈСП - Скопје. Линиите 25 и 59 А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот. Од 8 до...

До крајот на мај продолжен тендерот за набавка на новите автобуси на ЈСП

Фото: Небојша Гелевски
Големиот интерес на производителите на автобуси го продолжи рокот за доставување на понудите за набавка на 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за ЈСП - Скопје. Наместо до утре, компаниите ќе можат до 24 мај да ги достават понудите со техничките карактеристики на еколошките автобуси на компримиран гас. Продолжувањето на рокот за доставување на понудите нема да ја одолговлечи...

Градските автобуси во Скопје за празниците со неделен возен ред

Во текот на претстојните Велигденски празници и в среда, 1 Мај, Ден на трудот, автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Овој возен ред ќе се применува од петок до понеделник, а исто така и в среда, со исклучок на петок, кога одредени линии ќе сообраќаат по делничен возен ред. Тоа се линиите 11,...

Без субвенции, билетот во градски автобус во Скопје би бил поскап (инфографик)

Субвенциите за покривање на загубите што ги продуцира скопскиот јавен превоз со години наназад се еден од главните причинители за одлевањето пари од градскиот буџет. Градот Скопје во годинешниов буџет има предвидено да издвои субвенции од 400 милиони денари за јавниот превоз, и тоа за потешкотии во работењето (250 милиони денари), за бесплатни билети (100 милиони денари), за систем...

Со тендер од 2,4 милиони евра ЈСП ќе влезе во дигиталното доба

Фото: Борче Поповски
Нова апликација за паметни телефони, повеќе читачи на картичките „Скопска“ во автобусите, електронски билет за едно возење, обезбедување на комуникациска инфраструктура и E-Cloud платформа се новините што ЈСП-Скопје планира да ги воведе во претстојниов период за корисниците на јавниот превоз во Скопје. Тендерот вреден околу 2,4 милиони евра за овие новини во градскиот транспорт веќе е објавен на Електронскиот...

СВР во Тетово регистрирал шест, а во Гостивар 22 претоварени автобуси и минибуси

СВР - Тетово потврди дека во петокот, 11 април, полицијата го сопрела автобусот на „Еуро турист“ на линијата Скопје - Гостивар, ги симнала прекубројните патници, го казнила возачот, а подготвува казна и за компанијата. Како што објави „Порталб.мк“ околу 20 прекубројни патници се превезувале од Скопје до Гостивар, при што граѓаните се жалеле дека се гушат, а полицијата на влезот...

За 18 години се загубиле 40 милиони патници од јавниот транспорт (инфографик)

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Бројката на превезени патници во јавниот превоз во Македонија опаѓа низ годините, но сè повеќе македонски општини се одлучуваат да воведат редовен линиски превоз во градовите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани услугите на градско - приградскиот превоз ги користеле 71.410.000 патници, додека со јавен транспорт во 2000 година биле превезени 111.408.000 патници. Статистичките податоци укажуваат на...

Осум години Скопје ја чека изградбата на бесплатни паркинзи за возилата од другите градови

Иако бил вклучен како проект во 2011 година во првиот план за одржлив транспорт на Град Скопје, „Паркирај и вози“, концептот до денешен ден не е воведен во нашата метропола. Проектот со кој градовите од развиените земји го решаваат проблемот со сообраќајниот метеж во нивните центри не е изведен во изминативе 8 години од страна на градските власти. Никола Крстаноски,...

И приватниците сакаат субвенции за нови автобуси во јавниот превоз

Две недели по распишувањето на огласот за набавка на нови автобуси за ЈСП - Скопје, приватните превозници што вршат јавен превоз во главниот град посочуваат дека би сакале да добијат еднаков третман како и ЈСП - Скопје при обновата на возниот парк. Од „Макекспрес“ информираат дека во два наврати поднеле барања за одредување критериуми и технички карактеристики на возилата,...

Наместо наеднаш, ЈСП постепено ќе купува нови единечни и зглобни автобуси

Скопското јавно сообраќајно претпријатие во иднина нема да ја повтори грешката со набавката на кинеските и на украинските автобуси, кога наеднаш се купија 80 единечни и  217 двокатни возила. Со најновиот тендер за обнова на возниот парк, тие се одлучиле да се вратат на стариот модел за постепена обнова на автобусите. Од ЈСП - Скопје за „Мета“ велат дека негативното...

Расте бројот на инциденти во автобусите на ЈСП – Скопје (инфографик)

Вандалското однесување на дел од патниците довело до зголемување на бројот на инциденти во автобусите на ЈСП - Скопје во 2018 година. Според Годишниот извештај за работењето на ЈСП - Скопје, лани биле регистрирани вкупно 189 инциденти. Оштетувањето на возниот парк бележи најголем раст, па така, биле регистрирани дури 141 вакви случаи. На тој начин, предизвикувањето штети на автобусите...

За 5 години, бројот на патници на ЈСП опаднал за 8 милиони (инфографик)

Опаѓа интересот за користење на јавниот градски превоз во Скопје. ЈСП - Скопје во изминативе 5 години изгубило околу 8 милиони патници годишно. Услугите на ова претпријатие лани ги користеле 44.726.781 патници, додека во 2014 година со автобусите на ЈСП - Скопје биле превезени 52.990.214 патници, се наведува во годишните финансиски извештаи за работењето на јавното сообраќајно претпријатие. Ваквата ситуација...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...