fbpx
Таг: Австралија

таг: Австралија

Истребени змии во Австралија повторно се појавија

Змиите со латински назив „аипусурус апраефронталис“ се истребени од своето природно живеалиште, Тиморското Море, меѓу 1998 и 2002 година, меѓутоа овој месец повторно се појавиле и тоа во близина на брегот на Австралија. Уште во 2013 година научниците ја известија јавноста за алармантното намалување на популацијата на змиите во Ашмор риф, каде обично можеле да се видат 45 змии дневно....

Австралија: 15-годишник осомничен за тероризам

Австралиското обвинителство подигна обвинение против пет лица, вклучувајќи и 15-годишно момче, за терористички заговор, а властите на земјата изразија голема загриженост што сè поголем број млади лица се радикализираат. Тинејџер и еден 20-годишен маж се уапсени утринава и обвинети за заговор за извршување подготовки за терористички напади на зграда на државна институција, соопшти полицијата. Во соопштението се наведува дека другите три...

Двајца мртви по пукање во Сиднеј, во тек полициска операција

Две лица наводно се убиени во пукање пред седиштето на полицијата во Сиднеј, Австралија, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаите на австралиските медиуми. Според изјави на очевидци, на улицата пред станицата, во бизнис-областа Парамата, биле забележани две мртви тела покриени со чаршафи. Полицијата сè уште не го потврдила случајот и смртта на двете лица, но сооптштила дека во тек е полициска...

Австралиската владејачка партија го смени премиерот

Австралискиот премиер Тони Абот денеска е сменет со гласање на неговата десничарка Либерална партија, која се обидува да ја врати довербата на јавноста. На челната позиција на партијата доаѓа поранешниот лидер и министер за комуникации, Малком Тунрбул, кој го свика гласањето во партијата откако падне довербата на јавноста во конзервативната коалициска влада. Промената на врвот на Либералната пратија се одвива во...

Австралија ќе прими дополнителни 12.000 бегалци од Ирак и од Сирија

Австралија ќе прими 12.000 бегалци од Сирија покрај досегашната хуманитарна квота и ќе ги засили воздушните напади на Исламска држава во Ирак и во Сирија, соопшти денеска премиерот Тони Абот. Австралискиот премиер претходно најави дека Австралија ќе прими дополнителна група бегалци од Сирија покрај редовната квота од 13.750 лица. Тој додаде дека приоритет во спроведувањето на овие еднократни мерки имаат...

Глави од крокодили најдени во фрижидер во Северна Австралија

Австралиската полиција истражува како 70 крокодилски глави завршиле во фрижидер, кој бил пронајден фрлен во близина на градот Дарвин, во северниот дел на земјата, јавува „Би-Би-Си“. Фрижидерот, полн со коркодилски глави, бил принајден во неделата, од група тинејџери, зад редот продавници во градчето Хамти Ду. Според информациите, главите припаѓаат на видот морски крокодили, кои се заштитен вид во Австралиската северна територија. Како...

Најдени остатоци од авион, се претпоставува дека се од исчезнатиот „МХ370“ на „Малезија ерлајнс“

Остатоци од патнички авион, за кои се претпоставува дека се од авионот на „Малезија ерланјс“ од летот „МХ370“, кој исчезна лани во март, вчера биле најдени на островот Рејунион, во Индискиот Океан, пренесуваат медиумите. Сепак, малезиските власти велат дека сè уште е рано да се изнесуваат какви било шпекулации дека станува збор за делови од исчезнатиот авион. Според информациите, на брегот на...

Во Австралија паника од масовна зараза со ХИВ од стоматолошки ординации

Повеќе од 11.000 лица денеска повикаа австралиските здравствени власти да се тестираат поради можна и многу веројатна зараза со ХИВ. Почнувајќи од лани во ноември, најмалку во 12 стоматолошки ординации инспекторите откриле дека хигиената и несоодветната стерилизација на инструментите се потенцијални извори за зараза со ХИВ и со хепатит. Досега нема докази дека неколкуте детектирани нови случаи на заразени со ХИВ...

Авион на „Малезија ерлајнс“ принудно слета поради запален мотор

Патнички авион на „Малезија ерлајнс“ денеска принудно слета на аеродромот во Мелбурн, откако се запалил еден од моторите. Портпаролката на аеродромот, Ана Џилет, соопшти дека авионот, кој летал од Мелбурн за Куала Лумпур, слетал без проблеми и оти никој не е провреден. Сепак, таа не ги потврди медиумските информации дека авионот се вратил во Мелбурн бидејќи му се запалил моторот. „Скај...

Абот не демантира дека им плаќа на шверцерите да ги вратат мигрантите

Австралискиот премиер Тони Абот не демантира дека властите на земјата им платиле на шверцерите да го вратат мигрантите во Индонезија и нагласи дека прават сè за сузбивање на илегалната имиграција. Според првичните резултати од истрагата, австралиските власти им платиле 30.000 долари на шверцери, кои превезле 65 имигранти за да ги вратат во Индонезија. Набргу откако дојде на власт, во септември 2013...

Австралија: Камионет влетал во кафуле и повредил 19 лица

Деветнаесет лица се повредени кога камионет влетал во кафуле во градот Рејвенсхоу на северот на Австралија, предизвикувајќи пожар што ја зафатил цела зграда. Полициските претставници на австралиската држава Квинсленд соопштија дека се обидуваат да утврдат зошто возачот скршнал од патот и влетал во кафулето. Боца со гас експлодирала во кафулето и предизвикала пожар. Здравствениот претставник изјави дека пациентите добиле изгореници од различен степен,...

Му зел 50.000 долари, лажејќи го дека ќе му помогне да замине во Австралија

Шеесет и двегодишен кочанец е осомничен дека измамил сограѓанин, од кого зел околу 50.000 американски долари, лажно ветувајќи дека ќе му помогне да замине во Австралија. Како што информираат од полицијата, осомничениот Ф.С. (62), кон средината на минатиот месец, откако успеал да го убеди својот сограѓанин дека може да му обезбеди да замине во Австралија, го одвел во банка во...

Австралиската полиција спречи терористички напад

Австралиската антитерористичка полиција соопшти дека во Сиднеј спречила терористички напад, апсејќи две лица поврзани со Исламска држава. Кај уапсените се пронајдени ножеви, видеоснимка и знаме кое се поврзува со милитантната група. Австралија, која е еден од главните сојузници на САД во борбата против Исламска држава во Сирија и во Ирак, првпат во септември минатата година ја подигна готовноста поради можни...

Австралија: Специјалците убиле една од жртвите во кафулето „Линд“

Полицаец најверојатно убил една од двете жртви во минатомесечната заложничка драма во сиднејското кафуле „Линд“, пишува австралискиот весник „Сиднеј морнинг хералд“. Весникот, кој се повикува на неименувани извори од официјалната истрага на терористичкиот напад, наведува дека жртвата е застрелана за време на операцијата за спасување на заложниците на иранскиот имигрант во Австралија, Харон Монис, кој вооружен упадна во кафулето „Линд“,...

Триесет пожарникари повредени во Австралија

Најмалку 30 пожарникари се повредени при гаснење на шумскиот пожар во сојузната држава Јужна Австралија. Како што јавуваат австралиските медиуми, пожарот, поради силните ветришта, можно е да се прошири на уште 13.000 хектари шума.

Две лица исчезнаа во пожарите во Австралија

Шумски пожари сè уште беснеат во Австралија, а најтешко е на југот на земјата, близу градот Аделаид, каде е прогласен и највисок степен на опасност. Во пожарот изгореа 12 куќи, а уште околу 20 се во опасност. Две лице се сметаат за исчезнати, а 22 пожарникари се полесно повредени.  

Големи пожари во Јужна Австралија

Повеќе куќи изгореа во пожарите на југот на Австралија. Властите предупредуваат дека државата се соочува со најголемата опасност по смртоносните пожари во 1983 година. Пожарот во Самсон Флет непречено се шири во сите правци и на сосема непредвидлив начин, а од вчера попладне се прошири од 154 хектари на 4.741 хектар на подрачје од околу 38 километри. Премиерот на Јужна Австралија,...

2.549 Македонци добиваат австралиска пензија

Вкупно 2.549 граѓани на Македонија се корисници на австралиска пензија, а од нив 2.306 земаат старосна пензија, додека 243 примаат инвалидска и други пензии. Според почесниот конзул на Македонија, Зоран Ќосески, оваа бројка се зголемува секоја година. Тој денеска разговараше со претставници на австралиското Министерство за социјални прашања и Министерството за имиграција, кои го информираа за тоа колку македонски граѓани се...

Абот: Можни се нови напади во Австралија

Премиерот на Австралија, Тони Абот, денеска предупреди дека се можни нови напади во земјата, додавајќи дека безбедносните служби регистрирале засилена комуникација меѓу терористите по минатонеделниот напад во сиднејското кафуле „Линд“. Абот истакна дека засега немаат податоци кога ќе се случи тоа, ниту, пак, знаат какви се намерите, но имаат податоци дека се способни за нови напади. Австралискиот премиер не го зголеми...

Покренато обвинение против мајката која уби осум деца во Австралија

Подигнато е обвинение за убиство против 37-годишната Мерсани Вориа, мајка на седум и тетка на едно од осумте убиени деца, чии тела полицијата ги пронајде пред два дена во градот Кернс во Северна Австралија. Четири момчиња и четири девојчиња, на возраст од 18 месеци до 15 години, беа пронајдени со повеќе убодни рани, а со аутопсија ќе бидат утврдени причините...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...