fbpx

Авион на „Малезија ерлајнс“ принудно слета поради запален мотор

-

Патнички авион на „Малезија ерлајнс“ денеска принудно слета на аеродромот во Мелбурн, откако се запалил еден од моторите.

Портпаролката на аеродромот, Ана Џилет, соопшти дека авионот, кој летал од Мелбурн за Куала Лумпур, слетал без проблеми и оти никој не е провреден. Сепак, таа не ги потврди медиумските информации дека авионот се вратил во Мелбурн бидејќи му се запалил моторот.

„Скај њуз“ јави дека авионот го исфрлил горивото пред слетувањето, а според информациите на локалните медиуми, во авионот имало 300 лица.

„Малезија ерлајнс“ минатата година изгуби два авиона во несреќи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...