fbpx

Лажен „инспектор Тодоров“ си купувал мобилни со фалсификувани кредитни картички

-

Полицијата поднела кривична пријава против скопјанецот А.К., кој е осомничен дека со украдени податоци од странски кредитни картички, од јануари до мај оваа година, си купувал мобилни телефони преку интернет, соопшти МВР.

Според полицијата, А.К. успеал со четири фалсификувани картички да направи девет успешни транскации, во износ од околу 104.000 денари, додека 13 трансакции на суми од околу 177.000 денари и околу 2.000 американски долари, завршиле неуспешно.

Во текот на истрагата на полицијата, било утврдено дека скопјанецот, во еден од случаите, на сопственик на продавница за мобилни телефони му се претставил како „инспектор Тодоров“, вработен во МВР, кој раководел со акција и барал да му се испорача телефон.

„Во врска со сето ова, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика има добиено повеќе пријави и тоа од Уни банка, НЛБ Тутунска банка, како и пријава од амбасадата на САД за злоупотреба на платежни картички на нивни државјани во повеќе македонски продажни места“, стои во соопштението на МВР.

При претресот на неговиот дом, полицијата запленила фактури за нарачувани производи од повеќе продажни места, лаптоп, СИМ-картички, повеќе мобилни телефони и УСБ-стикови, а меѓу предметите бил пронајден и телефон со сите спорни броеви кои осомничениот ги користел при купувањето на мобилните и бројот од кој лажно се претставувал како полициски инспектор.

Според пријавата, скопјанецот се товари за изработка и за употреба на лажна платежна картичка и за лажно претставување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...