fbpx
Таг: Австралија

таг: Австралија

Македонците учествуваа на парадата за Денот на Австралија во Мелбурн

Австралија денеска го слави националниот празник, 26 јануари. По тој повод, во Австралија се организираа низа манифестации, меѓу кои најпознати се парадите во големите градови. Во центарот на Мелбурн се одржа традиционалната парада на која продефилираа повеќе од 80 етнички заедници што живеат во Австралија, меѓу кои и македонската, предводена од Советот на македонската заедница за Мелбурн и за Викторија. - На почетокот,...

Силен земјотрес ги погоди Австралија и Индонезија

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе северните делови на Австралија, но засега нема извештаи за евентуална штета или повредени. Предупредување за цунами не е објавено, соопшти американскиот сеизмолошки завод. Земјотресот е регистриран во морето, кај источниот брег на Индонезија, на околу 270 километри од Дили, на длабочина од 158 километри.

Александров: Владиката Петар призна дека сака да го приграби имотот во Австралија

„Владиката Петар, кој е недостоен за неговиот чин, со изјавата од минатата недела дека сите цркви ќе ги стави во една компанија, призна дека 20 години води скандалозна хајка за приграбување на имотите на македонските православни заедници во Австралија“, изјави Игор Александров, претседател на македонските заедници во таа земја. Тој го повика Синодот на МПЦ „да стави крај на ваквото...

Македонка од Австралија ја претепала мајка си до смрт

Дваесетгодишна Македонка од австралискиот град Бризбејн до смрт ја претепала својата мајка поради строгиот македонски начин на воспитување, пишува австралискиот портал „Курир меил“. Симона Зафировска вчера е уапсена и обвинета за убиство, откако доброволно разговарала со полицијата за смртта на нејзината 56-годишна мајка Радица. Порталот пишува дека засега не се знае кои биле строгите традиционални методи на Радица, но наведува дека...

Во Сиднеј уапсени двајца тинејџери кои планирале напади

Австралиската полиција соопшти дека двајца тинејџери, уапсени при акција на специјалната полиција во предградие на Сиднеј, подготвувале напад инспириран од Исламска држава. Момчињата на возраст од 16 години се уапсени во акција на антитерористичката полиција во близина на џамија во сиднејското предградие Бенкстаун. Полицијата кај момчињата пронашла два ножа што личеле на бајонети, кои ги купиле на денот на нивното апсење, како и...

Промоција на дела за македонската историја во Корча, Албанија

Денеска попладне, во библотеката „Тими Митко“ во Корча, Албанија, ќе се одржи промоција на книгата „Македонско-австралиски народен сојуз 1946-1958“ од македонскиот иселеник Ицо Најдовски-Перин. Исто така, ќе биде промовирана и книгата „Кратка историја на македонскиот народ“ од авторот Спасе Мазенковски, кој живее во селото Леска, Општина Пустец. Промоцијата на книгите ја организира  Македонскиот културен центар „Сонце“.

Во Австралија урдиле 80.000 громови

Јужна Австралија веќе втор ден се соочува со невреме, поради кое целата таа австралиска држава остана без струја. Локалните медиуми јавуваат дека удриле околу 80.000 громови, а некои од нив оштетиле струјни генератори. Силните ветришта, пак, оштетиле и урнале повеќе од 20 далноводи. Во подрачјето на градот Аделаид повторно е воспоставено снабдувањето со струја, но многу зафрлени подрачја и понатаму се во...

Австралија бара поголема соработка со земјите од Југоисточна Азија против заканите од ИД

Австралија ќе им понуди поголема помош на земјите од Југоисточна Азија за спречување на можни терористички напади во тој регион, јавуваат светските медиуми. Безбедносните прашања ќе бидат тема на дискусија меѓу австралискиот премиер Малком Трнбул и другите лидери на Азискиот самит, кој се одржува во Лаос. Трнбул веќе навести дека неговата намера е да ја прошири соработката на Австралија со...

Владиката Петар бил уапсен за кражба и за лажно сведочење, тврди австралиската полиција

Австралиската полиција за „Мета“ потврди дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и го испрашала надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, владиката Петар, во рамки на истрага за кражба и за лажно сведочење. „Полицијата во Викторија уапси и испраша 70-годишен човек од Каролајн Спрингс, во рамки на истрагата за кражба и за лажно сведочење. Тој е ослободен и се чека продолжување...

Македонец убил пријател додека правеле „селфи“ со сачмарка во Мелбурн

Дваесетгодишен Македонец во Австралија го застрелал и го убил својот пријател додека позирале со сачмарка за да се сликаат, во мотел во градот Мелбурн, пренесуваат светските медиуми. Настанот, како што пишува лондонски „Гардијан“, се случил на почетокот на март годинава, а вчера почнал судскиот процес во врска со случајот. На рочиштето, обвинетиот Македонец, Алберт Раповски, се изјаснил за виновен, а...

Агенцијата ја обвинува пејачката за измамата со евтини авиобилети на Македонците од САД

„За секој евентуално настанат проблем при патувањето патникот е должен да достави приговор во туристичката агенција за да може да се разгледа и да му се одговори“, реагираат денеска од „Сториа травел“, по написите на „Мета“ за измамата со наводни евтини авиобилети на Македонци кои живеат во САД и во Австралија. Имено, како што пишувавме неодамна, на Македонци кои живеат...

Силен земјотрес во Австралија, можна појава на цунами

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Австралија, соопштија австралиските сеизмолози. Претходно, сеизмолозите соопштија дека земјотресот има потенцијал да предизвика цунами, но оваа информација сè уште не е потврдена. Според американската сеизмолошка служба, епицентарот на земјотресот, кој бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, бил на 1.704 километри од брегот на Квинстаун,...

Голем пожар во Сиднеј – двајца повредени

Две лица се потешко повредени во голем пожар кој избувна во индустриски комплекс во југозападниот дел на Сиднеј, јавуваат австралиските медиуми. Околу 100 пожарникари се борат со пожарот кој целосно уништил отпад за автомобили и зафатил две околни згради. Од безбедносни причини, полицијата ги евакуирала луѓето од околните згради, а на самото место има амбулантни возила. https://twitter.com/huss89/status/735360539833081856 - Пожарот се уште гори...

Убиен најопасниот австралиски оперативец на ИД

Најопасниот австралиски оперативец на милитантната група Исламска држава, Нил Пракаш, познат како Калед ал Камбоди, е убиен при американските воздушни напади во Ирак, соопштија австралиските власти. - И Вашингтон го потврди погубувањето на Пракаш, кој е убиен во ирачкиот град Мосул на 29 април – истакна австралискиот обвинител Џорџ Брандис. Дваесет и четиригодишниот Пракаш, државјанин на Австралија, со потекло од Фиџи,...

Заврши заложничката криза во Сиднеј

Во западниот дел на Сиднеј утринава е завршена седумчасовната заложничка криза, во која дојде до престрелка, а полицајците го убиле напаѓачот и ги ослободиле тројцата заложници, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот се случил кога маж, вооружен со автоматско оружје, за кое се претпоставува дека било „калашников“, упаднал во една локална фабрика. Во пукањето е убиено едно лице, додека две се повредени,...

Премиерот на Австралија најави нова реконструкција на владата

Австралискиот премиер Малком Турнбул денеска најави нова реконструкција на владата откако три министри поднесоа оставка, а двајца најавија дека нема да учествуваат на претстојните избори. Тоа ќе биде втора реконструкција на владата од септември 2015 година, кога Турнбул ја презеде функцијата премиер. Според премиерот, новите измени во владата треба да им пружат шанса на младите министри. - Станува збор за транзиција, промена...

Сиднеј: Евакуација во неколку училишта поради закани за бомби

Ученици и кадар во неколку средни училишта во Сиднеј се повторно евакуирани, три дена по масовната евакуација во училишта во Австралија поради лажни закани за поставени бомби, објавија службени извори. Евакуација или блокирање се спроведени во девет училишта, јавуваат локални медиуми. - Сите училишта преземаат мерки за да ги осигураат своите ученици и ниту еден ученик не е загрозен – објави министерството за образование...

Полициска акција околу Операта во Сиднеј

Австралиската полиција соопшти дека завршила акцијата околу зградата на Операта во Сиднеј и во Манли, но не откри повеќе детали за самата операција. Сиднејската опера била под полициска опсада околу час и половина, а биле прекинати и траектните врски. Туристите биле евакуирана, а полицијата никому не дозволувала да се приближи до 150 метри од познатата зграда, која е симбол на...

Најмалку тројца исчезнати во шумски пожари во Австралија

Најмалку три лица се водат како исчезнати во шумските пожари што неколку дена беснеат во Западна Австралија, јавуваат светските медиуми. Најтешко погоден е градот Јарлуп, кој се наоѓа на 110 километри јужно од Перт, каде огнот оставил вистински пустош, уништувајќи најмалку 130 имоти и стотина куќи. Пожарите, кои избувнаа во четвртокот оваа недела, досега зафатиле површина од околу 70.000 хектари и сè...

Пожар во Австралија – тројца загинати

Три лица загинаа во пожар на западот на Австралија, а уништени се 95 куќи, соопштија денеска локалните власти. Со пожарот се зафатени 50.000 хектари и тој продолжува да се шири, соопштија претставници на противпожарните служби. Повеќе стотини жители се евакуирани. Во гаснењето на пожарот се вклучени авиони и 150 пожарникарски возила. Шумските пожари во Австралија се чести во овој период од годината....

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...