fbpx

Австралија: Специјалците убиле една од жртвите во кафулето „Линд“

-

Полицаец најверојатно убил една од двете жртви во минатомесечната заложничка драма во сиднејското кафуле „Линд“, пишува австралискиот весник „Сиднеј морнинг хералд“.

Весникот, кој се повикува на неименувани извори од официјалната истрага на терористичкиот напад, наведува дека жртвата е застрелана за време на операцијата за спасување на заложниците на иранскиот имигрант во Австралија, Харон Монис, кој вооружен упадна во кафулето „Линд“, земајќи ги присутните како заложници.

Заложничката драма траеше 16 часа, по што австралиските специјални сили упаднаа во кафулето и ги ослободија 17 заложници. При спасувачката операција, полицијата го уби Харон Монис, но загинаа и двајца заложници, менаџерот на кафулето, Тори Џонсон (34), и Кетрин Доусон (38), а четири други лица, меѓу кои и еден полицаец, беа ранети.

Весникот наведува дека Доусон била убиена од одбиен куршум што го истрелал еден од специјалците, а кој ја погодил во срцето.

Австралиската полиција засега не го коментира информациите на „Сиднеј морниниг хералд“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...