fbpx
Таг: Авганистан

таг: Авганистан

Пет загинати во експлозија во Кабул

Во експлозија која се случи во седиштето на авганистанската Национална разузнавачка агенција во Кабул загина најмалку пет лица, додека две се сериозно повредени. Како што соопшти полицијата, до експлозијата дошло откако бомбаш-самоубиец активирал бомба на влезот на агенцијата. Одговорноста за овој напад ја презеде Исламска држава, која се огласи преку својата новинска агенција Амак.

Експлозија во Авганистан, загинаа седум цивили

Во експлозија на бомба покрај пат во провинцијата Хелманд на југот на Авганистан загинаа седум цивили, а три лица се ранети, соопштија авганистанските власти. За сега никој не презема одговорност за нападот. Талибанците изминатите години се проширија во оваа област, по завршувањето на борбените мисии на меѓународните сили.

Авганистанските сили спасиле 30 луѓе од талибански затвор

Најмалку 30 лица се спасени во рација што ја спровеле авганистанските сили заедно со специјалните странски сили во талибански затвор во провинцијата Хелманд. Ова го соопштија војската и локалните власти. Помеѓу спасените се и четири деца кои имаат помалку од 12 години и двајца полицајци. Талибанците уапсиле повеќе од 20 лица поради давање помош на владата или затоа што се членови на семејствата...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Кабул

Екстремистичката милитантна група Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата во авганистанскиот главен град Кабул, во која загинаа повеќе лица, соопшти исламистичката новинска агенција „Амак“. Во нападот загинаа најмалку осум лица, а 15 се повредени. Агенцијата наведува дека станува збор за самоубиствена мисија, при која напаѓачот користел појас со експлозив. Тој се разнел во дипломатската населба Вазир Акбар Кан.

Нов напад на талибанците, убиени девет авганистански војници

Најмалку девет авганистански војници се убиени во напад на талибанците на пункт на безбедносните сили во западната провинција Фарах, соопштија властите. Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Мохамед Насер Мехри, соопшти дека нападот бил извршен синоќа и дека ранети се уште четири војници. По нападот следела четиричасовна престрелка, во која се убиени 17 талибанци. Во минатонеделниот напад на талибанците на воена база...

Талибанците нападнаа воен камп во Авганистан, убиени 41 војник

Најмалку 41 војник загинаа во двојниот бомбашки напад на талибанците на воен камп во провинцијата Кандахар, на југот на Авганистан, соопштија денеска властите. Како што се наведува, по синоќешниот напад, следеле неколкучасовни судири. Член на провинцискиот парламент, Халид Паштун, соопшти дека најмалку 41 војник се убиени. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Истовремено, во северната провинција Балк, исто така во напад на...

Десетици убиени во повеќе напади во Авганистан

Најмалку 70 лица загинаа во два одвоени самоубиствени напади, како и во напад врз владините сили, соопштија авганистанските власти. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот на полициската станица во југоисточниот град Гардез, во кој се убиени најмалку 41 лице, додека 150 се ранети. Триесет лица, меѓу кои и полицајци, се убиени во соседната провинција Газни. Постои сомнеж дека и зад овој...

Трамп ја исклучи можноста за повлекување на САД од Авганистан

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја исклучи можноста од повлекување на амерканските трупи од Авганистан. Трамп, како што јавуваат светските агенции, ова го рекол во говор во воената база Форт Мајер близу Вашингтон, претставувајќи ја американска стратегија за Авганистан. Тој не навел бројка на евентуални дополнителни трупи, ниту зборувал за временските рокови, посочувајќи дека неговата стратегија ќе биде заснована на...

Талибанците му пишаа на Трамп: Заминете си конечно од Авганистан

Талибанците упатиле „отворено писмо“ до претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое го повторија повикот Американците, по 16 години војна, да го напуштат Авганистан. Во писмото на англиски јазик, кое на новинарите им го доставил портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, бунтовниците наведуваат дека Трамп ги препознал грешките на своите претходници и бара нова процена на американската стратегија за Авганистан. Муџахид рекол...

Најмалку 13 цивили загинале во напади на северот на Авганистан

Најмалку 13 цивили, меѓу кои жени и деца, загинале во северниот дел на Авганистан, кога нивната куќа била погодена во артилериски напад, соопштиле официјални претставници. Куќата, како што јавуваат агенциите, била погодена синоќа за време на борбите во провинцијата Фарџаб. Полицијата соопштила дека во нападот се повредени уште двајца цивили. Засега не е познато дали цивилите настрадале во напад на...

Талибанците и ИД масакрирале 50 цивили во Авганистан

Припадници на исламска држава и талибанци убиле повеќе од 50 цивили на северот на Авганистан, соопштија локалните власти. Како што се наведува, најголем дел од жртвите се од шиитското село Мирза Олонг, а последниот масакр е доказ за тесната соработка меѓу двете терористички движења. Талибанците вчера соопштија дека презеле контрола над округот Сајад, но демантираа дека егезекутирале цивили и оти соработувале...

Експлозија пред амбасадата на Ирак во Авганистан

Автомобил бомба експлодира утринава пред амбасадата на Ирак во центарот на Кабул, по што следело размена на оган. Нападот сè уште трае, но засега нема податоци за жртви. Двајца полициски претставници соопштија дека бомбата експлодирала пред амбасадата, а потоа вооружени напаѓачи се обиделе да влезат во зградата. Очевидци велат дека слушнале пукање од огнено оружје. Засега никој не ја презема одговорноста за...

Триесет и пет загинати во напад на болница во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека во талибански напад на болница во централната провинција Гор, загинаа 35 лица. - Тоа е злосторство против човештвото – изјави портпаролот на авганистанското претседателство, Хусеин Муртазави, но не прецизираше дали жртвите се пациенти или медицински персонал од болницата. Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека во експлозија на автомобил - бомба во шиитскиот кварт на Кабул, рано...

Дваесет и четири загинати во експлозија на автомобил – бомба во Кабул

Во експлозија на бомба во шиитски кварт на Кабул, рано утринава загинаа 24 лица, додека 42 се повредени, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи. „Вкупно 24 лица загинаа и 42 се повредени во нападот кој утринава беше извршен во Кабул. Автомобил - бомба експлодира во близина на автобус кој превезувал припадници на министерството за рударство“, стои во соопштението. Се претпоставува дека...

Авганистанските сили презеле клучен округ од талибанците

Авганистанските сили ги потиснаа талибанците од клучниот округ во јужната провинција Хелманд, од каде се изведувале напади на главниот град на провинцијата Лашкаргах. Портпаролот на Министерството за одбрана денеска изјави дека во жестока борба за контрола над округот Навеј загинаа повеќе од 50 талибанци, а ранети се пет припадници на силите за безбедност. Навеј се наоѓа на 16 километри од Лашкаргах...

Напад со автомобил бомба во Авганистан, најмалку 20 загинати

Авганистанските власти денеска соопштија дека најмалку 20 лица загинале, а десетици се повредени во експлозија на автомобил бомба пред банка во јужната авганистанска провинција Хелманда. Како што пренесуваат агенциите, по експлозијата, вооружени напаѓачи влегле во банката, по што дошло до престрелка со обезбедувањето. Според извештаите, меѓу жртвите има цивили и припадници на обезбедувањето на банката. Одговорноста за нападот сè уште не ја...

Најмалку тројца загинати во напад на џамија во Кабул

Најмалку три лица загинале, а десет се ранети во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во шиитска џамија во главниот град на Авганистан, Кабул, јавуваат светските агенции кои се повикуваат на изјава на портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш. Напаѓачот се обидел да влезе во просторијата за молитва во џамијата, но бил спречен од полицијата. Притоа...

Девет загинати во самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку девет лица загинаа, а шест се ранети во самоубиствен бомбашки напад на контролен пункт на јужната авганистанска провинција Хелманд, соопштија претставници на земјата. Самоубиствениот напад е дело на фракција на талбинаците, кои и претходно вршеа напади. Талибанците во изминатите две години, по завршувањето на борбената мисија на меѓународните сили, постепено се ширеа и презедоа контрола над неколку окрузи во различни...

Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Кабул

Најмалку 12 лица загинале во бомбашки напад кој денеска се случил за време на погреб во главниот град на Авганистан, Кабул, јавуваат светските агенции. Три експлозии, како што пренесуваат агенциите, биле пријавени на гробиштата во областа Хаир Хан, каде бил погребот на син на локален политичар. Тој бил меѓу демонстрантите кон кои пукала полицијата за време на вчерашните протести во Кабул. Демонстрантите...

Автомобил бомба усмрти 49 лица во Кабул

Во експлозија во дипломатскиот дел на Кабул, утринава загинаа 49 лица, а 300 се повредени, соопшти авганистанското министерство за здравство, додавајќи дека ова се првични бројки и дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува. Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека автомобил бомба експлодирал во дипломатскиот дел на Кабул, односно во делот на градот каде се наоѓаат неколку амбасади...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...