fbpx
Таг: Авганистан

таг: Авганистан

Бајден пред Самитот на НАТО: САД имаат обврска кон своите сојузници

Американскиот претседател Џо Бајден пред почетокот на Самитот на НАТО во Брисел рече дека САД имаат „света обврска“ кон своите сојузници во Алијансата. Бајден ќе присуствува на Самитот на НАТО во рамките на неговото прво прекуокеанско патување како претседател на САД, јавува Вашингтон пост. Бајден пристигна во Брисел по неговото учество на тридневниот Самит на лидерите на Г7 во Англија,...

Шекеринска најави дека поголем дел од македонските војници ќе се повлечат од Авганистан до јули

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека поголем дел од македонските војници кои се дел од НАТО-мисијата во Авганистан ќе се вратат назад во земјава до јули. „На претходниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, земјите-членки дискутиравме за најдолгата НАТО-мисија, тоа е мисијата во Авганистан во која и ние како држава учествуваме веќе 20 години. Беше донесена со...

Од 1 мај НАТО целосно се повлекува од Авганистан

Од 1 мај ќе почне целосното повлекување на НАТО силите од Авганистан, најавија доцна синоќа генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана на САД Лојд Остин по состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на Организацијата на Северноатлантскиот договор. „Во светлото на одлуката на САД да се повлечат, министрите за...

Медицинскиот тим на АРМ ќе замине во Авганистан со примени ковид-19 вакцини

Фото: МО
Шестчлениот македонски воен хируршки тим, кој во Норвешка се подготвува за мисија во Авганистан, во Кабул ќе замине вакциниран против ковид-19. Тимот, составен од тројца доктори и три медицински сестри, вчера ја добил првата доза од вкацината на АстраЗенека, како и нивните норвешки колеги со кои заедно ќе учествуваат во мисијата, а втората ќе ја добие пред да замине...

Тринаесет македонски војници во Авганистан позитивни на корона вирусот, но во добра состојба

Полковник Златко Кузманов
Тринаесет војници на АРМ од контингентот во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се позитивни на корона вирусот и се во изолација, а уште седуммина нивни колеги се во карантин, соопшти Министерството за одбрана. Војниците се припадници на македонскиот вод за обезбедување на Главната команда на мисијата и се во добра здравствена состојба. Минстерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска попладнево разговарала...

Тинејџерки од Авганистан создаваат суперевтин респиратор од автомобилски делови

Речиси секое утро во авганистанскиот град Херат, група од пет тинејџерки напорно работат за да создадат функционален суперевтин респиратор за болни од Ковид-19, користејќи најчесто автомобилски делови. Сомаја Фаруки и нејзините другарки се собираат со судни маки, избегнувајќи ги полициските контроли наметнати како мерка за спречување на ширењето на новиот корона вирус, и користат и стари делови од автомобил за...

Јанкович: Сојузниците ќе ја поддржуваат Северна Македонија во пристапниот процес

Во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“, полковникот Зоран Јанкович, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, порачува дека Северноатлантската алијанса, како фактор кој создава стабилност и ја зајакнува безбедноста и надвор од својата територија, ќе даде силна поддршка на Северна Македонија за нејзино целосно интегрирање во овој сојуз. Целосното приклучување на земјата во годината кога се одбележуваат 70...

Половина војници на АРМ, статистички, веќе учествувале во мисии на НАТО

Повеќе од 4.000 војници на АРМ досега учествувале во мисиите на НАТО, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешната средба со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, во касарната „Илинден“ во Скопје. - Денеска генералниот секретар на НАТО беше присутен во Стајковци, каде што Македонија, во блиското минато, можеше да смета на НАТО. Сега сме во касарната „Илинден“,...

„Ројтерс“: Трамп напаѓа на самитот, состанокот продолжи без Авганистан и Грузија

На главниот настан од самитот во седиштето на НАТО денеска, претседателот на САД, Доналд Трамп, одново ги нападна членките на НАТО поради тоа што не ги зголемиле трошењата за одбрана, по што самитот на претседателите на земји и на премиерите продолжи зад затворени врати, а покрај комплетните делегации на Авганистан и Грузија биле замолени да излезат и другите членови...

Талибанците повикуваат на директни разговори со САД за Авганистан

Талибанците повикаа на директни преговори со Соединетите Американски Држави за пронаоѓање на мирно решение за судирите во Авганистан, што претставува пресврт во политиката по неколкумесечните крвави напади, јавуваат светските агенции. Бројот на цивилни жртви се зголеми во последните неколку месеци, по низата крвопролевања што ги предизвикаа талибанците и милитантите на Исламска држава при нападите на урбани подрачја и на припадниците...

Авганистанската влада ги засилува мерките за безбедност во Кабул

Авганистанската влада одобри нов безбедносен план за Кабул по низата напади на милитантите на главниот град, јавуваат светските агенции. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Нусрат Рахими изјавил дека планот ќе биде имплементиран во следните две недели. Тој изјавил дека повеќе од 100 улици кои водат кон центарот на Кабул ќе бидат под строг надзор. Планот содржи 52 мерки и...

Најмалку 11 загинати во напад на воена база во Кабул

Најмалку 11 војници загинаа, а 15 се ранети во напад на воена база во близина на воената академија во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти авганистанското министерство за одбрана, пренесуваат светските медиуми. Во нападот учествувале петмина милитанти, од кои четворица се убиени за време на нападот, а еден е уапсен, рекле од министерството. Како што јавува новинската агенција „Амак“, одговорноста за...

Се зголемува бројот на загинати во нападот во Кабул

Најмалку 95 лица се убиени, а 158 се повредени во самоубиствениот бомбашки напад што денеска се случи во главниот град на Авганистан, Кабул, велат последните информации што ги пренесуваат светските медиуми. Нападот се случил кога амбулатно возило полно со експлозив успеало да го помине полицискиот пункт на улица затворена за јавен транспорт. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанските милитанти. Според очевидци, областа...

Најмалку 40 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 40 лица загинале, а 140 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што утрово се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија властите во земјата, пренесува „Би-би-си“. Напаѓачите биле во амбулатно возило, полно со експлозив, кое успеало да го помине полицискиот пункт на улица затворена за јавен транспорт. Нападот се случил во близина на старата зграда на авганистанското министерство...

Убиени напаѓачите на хотелот во Кабул, пет лица загинати

Нападот на хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Авганистан, Кабул е завршен, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Надиб Даниш. Четворицата напаѓачи се убиени, а 153 луѓе биле спасени, вклучувајќи и 41 странец. По 13 часа судир со напаѓачите од хотелот, загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и еден странец а вкупно шест се повредени за време на...

Столтенберг: Вратата е отворена, но преминувањето на прагот бара работа

Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но преминувањето на прагот бара сериозна работа, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во обраќањето пред пратениците, државниот врв и првите луѓе на повеќе институции на седница на Собранието на Република Македонија. Во него тој посебно се осврна и ги пофали ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија и изгласувањето...

Најмалку 11 загинати и 25 повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 11 лица загинале, а 25 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштил портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш, пренесуваат светските агенции. Според авганистанските власти бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот откако се приближил до група припадници на безбедносните служби. Во нападот се убиени најмалку петмина полицајци. Од...

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан

Најмалку 12 лица загинале, а 14 се повредени во самоубиствен бомбашки напад што се случил денеска во источен Авганистан, јавуваат светските агенции. Напаѓачот го активирал експлозивот за време на погреб во провинцијата Нангархар. Официјални претставници на авганистанските власти соопштиле дека билансот на загинати можно е да се зголемува бидејќи голем е бројот на повредени кои се во критична состојба.

Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 40 лица

Најмалку 40 лица загинаа, а 30 се повредени во самоубиствениот напад на шиитски културно-религиски центар во западниот дел на авганистанскиот главен град Кабул. Министерството за внатрешни работи на Авганистан за „Би-би-си“ соопшти дека пред самоубиствениот напад одекнале две експлозии во истиот дел на градот. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Исламска држава во последните месеци изведуваше напади на шиитски...

Авганистан и Пакистан ги повикаа талибанците на мировни преговори

Министрите за надворешни работи на Пакистан и на Авганистан денеска ги повикаа талибанците да се придружат на мировни преговори. Повикот е испратен после состанокот кој го организираше Кина за да ги поправи „напнатите односи“ меѓу двете влади. Во заедничкото соопштение на владите на трите земји повикуваат на „широко втемелен и инклузивен мировен процес и помирување“, поради секојдневните напади на талибанците во...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...