Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“
8 октомври 2023
Четврта година по ред, во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќ на вештерките“, кој се одбележува на 31 октомври, новинската агенција Мета.мк објавува Конкурс за краток хорор расказ. Годинава конкурсот повторно го организираме во соработка со Книжевниот центар „Антолог“. Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 16 до 29 години. […]