Таг: Анкетна комисија
таг: Анкетна комисија
Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“
Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.
Формирањето на оваа комисија го побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Имаме обврска по член 17, член 18 и по член 25 од Уставот на Македонија да им гарантираме на граѓаните слобода и тајност на...
ВМРО-ДПМНЕ бара анкетна комисија за „Фабрика за афери“
ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира нова анкетна комисија за случајот „Фабрика за афери“, потврди Илија Димовски, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, оваа комисија треба да одговори на прашањето зошто МВР не реагирало навреме и каква е суштината во комуникацијата меѓу министерот Спасовски и осомничените.
Според ВМРО-ДПМНЕ, предлог-одлуката е речиси идентична како и одлуката за формирање комисија за прислушувањето.
– Сите знаеме...
Заев: Ќе се појавам пред Анкетната комисија откако Груевски јавно ќе сведочи
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека ќе се појави пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето откако премиерот Груевски јавно ќе сведочи.
Во врска со скандалот со фалсификуваните лични карти, Заев потсети дека тие се издадени од 2009 до 2014 година и истакна дека истрагата треба да потврди за која намена и...
Гордана Јанкулоска стана доктор на науки
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанулоска, стана доктор на науки од областа на безбедноста. Таа на Факултетот за безбедност во Скопје ја одбранила докторската дисертација на тема „Современи методи во сузбивањето на транснационалниот економско финансиски криминал“.
За напредокот во науката и за новата академска титула, Јанкулоска се пофали на својот фејсбук-профил, на кој на македонски и на англиски напиша:...
Заев, Груевски, Божиновски, Верушевски и Палифров се наредните сведоци на Анкетната комисија
Зоран Заев, Никола Груевски, Кирил Божиновски, Александар Верушевски и Бранко Палифров се наредните сведоци што членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ ги предложија за наредната сесија сведочења пред комисијата.
Лидерот на СДСМ, Заев, е сведок предложен и од двете партии, а Палифров, кој е еден од обвинетите во случајот „Пуч“, и Александар Верушевски, син...
Членовите на Анкетната пак се скараа, Ставрески нема да сведочи
Седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето на која денеска требаше да сведочи министерот за финансии, Зоран Ставрески, е прекината.
Членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, како и вообичаено, повторно се скараа за дневниот ред, по што претседателот на комисијата, Петре Шилегов, ја прекина седницата.
Во изјава за новинарите, Шилегов рече дека е целосно нефер кон граѓаните од вкупно...
Сведочењето на Ставрески пред Анкетната комисија почна, па се откажа
Сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески, пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, е откажано.
Денеска, пред да почне неговото сведочење, тој на новинарите им изјави дека дошол да одговори на сите прашања на членовите на комисијата.
- Денеска сум тука да одговорам на сите прашања што ќе ми ги постават членовите на комисијата, со цел успешно работење на комисијата – изјави...
Шилегов: Ставрески да не се крие и да ѝ ги даде на јавноста одговорите што ѝ ги должи
„Дали е Ваш гласот на аудиоматеријалите? Дали некој од Вашите разговори е неавтентичен и неточен и кој? Дали во прислушуваните материјали ги препознавате гласовите на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и на Сашо Мијалков? Во разговорите велите дека градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е криминалец и наведувате причина за тоа. Како чувар на државната каса, зошто не инициравте...
Ставрески денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска во 14.30 часот треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
Се очекува министерот за финансии, како и премиерот, да се повика на член 4, став 4 од деловникот за работа на комисијата и седницата да биде затворена.
Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ и еден...
Мирјана Кузмановска и Иван Иванов ќе ги заземат местата на Бонева во Собранието
Пратеничката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе биде партиски член на Државната изборна комисија, во собраниските клупи ќе биде заменета од Мирјана Кузмановска, која е следна на пратеничката листа во четвртата изборна единица.
Местото во Анкетната комисија за скандалот со прислушуваните разговори ќе го заземе пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетната комисија со два тима ќе влегува во УБК, Царина, МВР, Телеком, АЕК…
Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето на денешното продолжение на четвртата седница именуваше две работни групи, кои до крајот на месецов треба да ги посетат институциите поврзани со работата на комисијата.
Членовите од едната група ќе одат во посета на службите и на институциите што располагаат со техника и со технологија за преслушување, односно Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Агенцијата...
„Неписмен“, „Глуп“, „Ќути“, „Доста збориш“, „Какво детство си имала“ – вака се разговара во Анкетната комисија
„Неписмен“, „Глуп“, „Ќути“, „Доста збориш“, „Не знаеш да водиш седница“ и „Какво детство си имала“. Ова се само дел од навредите што пратениците, членови на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, си ги упатуваат секојдневно на седниците.
Денеска, пратеничката Владанка Авировиќ, без да добие збор, на претседателот на комисијата, Петре Шилегов, му рече дека е неписмен и дека не знае како...
Шилегов: Прв сведок на СДСМ ќе биде Заев и ќе зборува на јавна седница
Претседателот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, Петре Шилегов, денеска најави дека прв сведок што ќе го повика СДСМ на наредната сесија сведочења ќе биде лидерот на партијата, Зоран Заев.
Како што најави претседателот на комисијата, Заев ќе зборува на јавна седница.
Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека на вчерашната седница на комисијата премиерот Никола Груевски одбил да даде...
Миле Јанакиески не се појави како сведок пред Анкетната комисија
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, не се појави на сведочење пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
Поради отсуството на Јанакиески, членовите на Комисијата не го изгласаа дневниот ред и седницата беше прекината.
В четврток, на 17 декември, пред комисијата треба да сведочи министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој требаше да се појави на 10 декември, но поради...
Груевски: Седницата беше затворена затоа што не сакав СДСМ да прават конфликти
Премиерот Никола Груевски, по сведочењето пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, призна дека не побарал седницата да биде затворена поради класифицирани информации, туку за да не им дозволи на СДСМ да прават театар од сведочењето во комисијата.
- Денеска навреме дојдов да сведочам и да одговорам на сите прашања што ги имаат членовите на Анкетната комисија. Можам да...
Груевски кусо и штуро одговарал на прашањата
Одговорите на премиерот Никола Груевски кои моментално ги дава на прашањата на членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, биле многу штури, брифираат извори од комисијата.
Како што велат, работата се одвива во мирна атмосфера и досега премиерот не издал никакви класифицирани информации.
Новинарите избркани, почна сведочењето на Груевски
Почна седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да сведочи премиерот Никола Груевски. Откако претседателот на комисијата, Петре Шилегов, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го известила дека премиерот не сака да влезе во салата додека новинарите се присутни, тој ги повика новинарите да излезат надвор.
Пред да влезе на седницата, Груевски рече дека е таму за...
Груевски инсистира да сведочи на затворена седница
Премиерот Никола Груевски, кој денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, не влегува во собраниската сала бидејќи новинарите се сè уште внатре и комисијата не ја затворила седницата за јавност.
Од друга страна, претседателот на комисијата, Петре Шилегов, засега не ги повикува новинарите да ја напуштат салата, што предзвика напнатост и тензии меѓу членовите на комисијата...
Груевски се појави во Собранието, испрашувањето може да почне
Премиерот Никола Груевски пристигна во Собранието на Република Македонија, каде треба да сведочи пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Пратениците во оваа комисија треба прво да го изгласаат дневниот ред, а потоа до почне испрашувањето.
Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ и еден од ДУИ. Потоа кругот за прашања се...
Јанкулоска не се појави пред Анкетната комисија, на ред е Груевски
Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушување не го изгласаа дневниот ред на седницата на која требаше да сведочи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Пратениците отидоа на координација да го договорат редоследот по кој ќе му поставуваат прашања на премиерот, кој треба да сведочи од 12 часот. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од...