сабота, 15 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Ангела Меркел | 263 резултати

Меркел: Викендов итен состанок на ЕУ-лидерите поради Северна Кореја

5 септември 2017

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ за викендот треба да разговараат за воведувањето додатни санкции кон Северна Кореја, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. Таа додаде дека тој состанок треба итно да се организира, истакнувајќи дека тестовите што ги изведе Северна Кореја претставуваат флагрантно кршење на сите меѓународни услови. – Говорам јасно и во […]

Меркел сака да се приклучи кон лудилото на Трамп за вооружување, смета Габриел

14 август 2017

Изборите во Германија се референдум за тоа дали земјата ќе се приклучи кон „лудилото за вооружување“ на американскиот претседател Доналд Трамп, смета лидерот на германската Социјалдемократска партија, Зигмар Габриел, кој е и германски министер за надворешни работи. Тој ја обвини канцеларката Ангела Меркел дека му се умилкува на Трамп со нејзината „посветеност“ за зголемување на […]

Путин, Порошенко, Макрон и Меркел телефонски разговарале за Украина

24 јули 2017

Лидерите на Русија, Украина, Франција и на Германија разговарале телефонски околу решение за конфликтот на истокот на Украина. Владимир Путин, Петро Порошенко, Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел прво го слушнале извештајот на претставникот на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка во Украина за почитување на прекинот на оган. „Лидерите потоа […]

Трамп најави можност „нешто да се постигне“ околу Парискиот договор

13 јули 2017

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој е во посета на Франција, на денешната заедничка прес-конференција со својот домаќин, францускиот претседател Емануел Макрон, најави дека „нешто може да се постигне“ во врска со Парискиот договор за климата, но не прецизираше што. „Нешто може да се случи во врска со Парискиот договор, но ајде да видиме што ќе […]

Меркел: Германија ја поддржува Македонија во евроатлантската интеграција

12 јули 2017

За време на Самитот за Западен Балкан во Трст, премиерот Зоран Заев имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел, која изразила поддршка за новата влада, за суштниски реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопштија од кабинетот на премиерот. – Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи […]

Меркел: Политичката стабилност на Балканот значи и наша стабилност

12 јули 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европска Унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ. – Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние го знаеме тоа од искуство – рече Меркел. Претходно, австрискиот канцелар […]

Остануваат длабоките разлики со Ердоган, смета Меркел

8 јули 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел по завршувањето на самитот Г20 во Хамбург изјави дека остануваат „длабоките разлики“ помеѓу неа и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Двајцата лидери се сретнаа на самиот почекот на дводневниот самит. -Апсењата на наводните државни непријатели после минатогодишниот обид за пуч во Турција и спорот околу базите на НАТО се прашања кои […]

Судир меѓу полицијата и демонстрантите пред почетокот на самитот на Г20 во Хамбург

6 јули 2017

Германската полиција и група демонстранти денеска се судрија на улиците на Хамбург во пресрет на самитот на Г20, кој почнува утре, јавуваат агенциите. Најмалку едно лице било сериозно повредено во насилствата, а на неколку им била укажана помош на самото место, пренесува „Би-би-си“. Полицијата интервенирала со водени топови кон групата демонстранти, кои фрлале шишиња и камења […]

Меркел: Мораме да го чуваме наследството на Хелмут Кол

1 јули 2017

Повеќе од 20 шефови на држави и повеќе стотици официјални претставници денеска присуствуваа на комеморацијата во Европскиот парламент во Стразбур, по повод смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Тие истакнаа дека Кол придонесе за обединувањето на Европа и за помирување на поранешните противници на континентот. Ковчегот покриен со знамето на Еврпската Унија, кој го […]

Анѓушев со владина делегација на комеморацијата за Хелмут Кол во Стразбур

1 јули 2017

Вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, заедно со делегација на Владата денеска присуствува на комеморацијата за поранешниот германски канцелар Хелмур Кол, што се одржува во Стразбур, соопштија од Владата. “Еврoпa зaгуби еден гoлем чoвек, визиoнер кoј ги зaдoлжи идните генерaции дa прoдoлжaт дa јa следaт идејaтa зa oбединетa Еврoпa”, […]

Меркел го поздрави предлогот на Меј за правата на европските граѓани по Брексит

23 јуни 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави предлогот на британската премиерка Тереза Меј, која на првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел изјави дека државјаните на земјите од ЕУ што живеат во Велика Британија ќе можат да останат во земјата и по нејзиното излегување од Унијата. „Тоа е добар почеток. Но, нормално има […]

Заев и Груевски изразија сочувство за смртта на Хелмут Кол

17 јуни 2017

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство за смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол до канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, и до граѓаните на Германија. „Граѓаните на Сојузна Република Германија загубија голем човек и политичар, кој го препозна обединувањето како вредност и пат што води напред и […]

Меркел: ЕУ е подготвена да ги почне преговорите за Брексит

14 јуни 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европската Унија е подготвена да ги почне преговорите со Велика Британија за нејзиниот излез од ЕУ. – Ние од европска страна сме подготвени. Ќе видиме за другите – им изјави Меркел на новинарите по состанокот со претставниците на бизнис-секторот и на синдикатите. Таа не сакаше да шпекулира за евентуалната […]

Меркел до Заев: Ја имате поддршката на Германија, се гледаме на 12 јули

9 јуни 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска испратила честитка до Зоран Заев по повод неговиот избори за премиер и по повод формирањето на новата Влада. „Срдечно Ви честитам за Вашиот избор за премиер. Сојузната влада решително ја поддржува целта на понатамошното приближување на Вашата земја до Европската Унија и НАТО. Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве […]

Меркел: Британија да остане партнер на ЕУ

31 мај 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Германија ќе пристапи во преговорите со Велика Британија за излез од ЕУ со сфаќање дека таа земја ќе продолжи да биде партнер на Унијата. – Ќе ги водиме преговорите во духот на тоа Британија да остане добар партнер. Мораме и да продолжиме да гледаме што ја зајакнува ЕУ, […]

Иванов: Недозволиво е германска амбасада да темели соопштение на лажни информации

17 мај 2017

„Амбасадорот на германското министерство се служеше со лажни вести, па Меркел мораше да се извинува за неточни информации кои ги добивала од нивната амбасада. Апелирам до Германија дека вакво ниво на дипломати е навреда за нашата земја. Недозволиво е на лажни информации да темелат соопштение од германска амбасада. Како порано да го дадам мандатот? Со […]

Меркел го дочека Макрон со срдечно ракување

15 мај 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин го дочека новоизбраниот француски претседател, Емануел Макрон, со најголеми почести. Тие, по срдечното поздравување, ги почнаа разговорите, само еден ден откако Макрон беше инаугуриран за претседател. Голема група граѓани ја следеше церемонијата за дочекот на шефот на француската држава. Макрон последен пат со германската канцеларка се сретна кога беше […]

Меркел најави преместување на војниците од Инџирлик доколку Турција не соработува

15 мај 2017

Берлин може да ги премести своите војници од Турција во друга земја, изјави канцеларката на Германија, Ангела Меркел. Како што наведе, тоа ќе се случи доколку Анкара не издаде дозвола на членовите од одбранбениот комитет на германскиот парламент да ги посетат вработените кои моментално се на НАТО-мисијата во турската воздухопловна база Инџирлик. Говорејќи денеска на […]

Макрон во прва посета на Германија

15 мај 2017

Новиот француски претседател, Емануел Макрон, кој вчера и официјално ја презеде должноста, денеска ќе биде во прва посета на Германија, каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел. Макрон за време на кампањата рече дека неговата прва посета во странство, доколку победи, ќе биде во Германија. Таа земја била меѓу првите што на новиот претседател му ја честитала […]

Партијата на Меркел победи на изборите во Шлесвиг-Холстајн

8 мај 2017

Партијата на канцеларката Ангела Меркел вчера победи на изборите во германската најсеверна покраина. Според прелиминарните резултати објавени утринава, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) освои 32 отсто од гласовите во мнозински протестантската покраина Шлесвиг-Холстајн, јавија германските медиуми. Социјалдемократите (СПД), кои во моментот се на власт во покраината со партијата на Зелените и со ССВ, освоија само 27,2 отсто […]

Страна 4 од 13