fbpx

Заев и Груевски изразија сочувство за смртта на Хелмут Кол

-

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство за смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол до канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, и до граѓаните на Германија.

„Граѓаните на Сојузна Република Германија загубија голем човек и политичар, кој го препозна обединувањето како вредност и пат што води напред и успеа да ја обедини Германија и да обезбеди стабилна иднина на државата. Она што го остави овој голем европски државник зад себе е наследство на целиот свет. Тоа се мостовите на пријателства со државите и меѓу државите во светот, градени низ мирољубиви политики. Како борец на помирувањето, поранешниот канцелар Кол се вгради во темелите на политичката и на економската интеграција на Европа. Подаде рака на Република Македонија при процесот на осамостојувањето на нашата држава, со што останува дел и од политичката меморија на Македонија и на нејзините граѓани“, се вели во телеграмата од Заев.

Сочувство до Меркел испрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Ова претставува загуба за целиот германски народ и за германската држава, како и загуба за Европската Унија во чија изградба и пораст се вгради со своето дејствување и работа. Кол беше промотор на ширење на европската интеграција кон Источна Европа, како и архитект на еврото и почитувач на десничарските вредности. Кол имаше и значајна улога во стекнувањето независност на Република Македонија, подржувајќи го процесот на нејзино осамостојување и понатамошен развој“, се вели во телеграмата од Груевски.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, оддавајќи му почит на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, кој почина вчера на 88-годишна возраст, истакна дека тој дефинитивно го променил нејзиниот живот со улогата што ја имал во повторното обединување на Германија.

Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека поранешниот германски канцелар Хелмут Кол успеал да го постигне обединувањето на Германија и да ги задржи мирните односи со соседните земји.

– Тој успеа да постигне германско единство при мирна согласност и зачувување на партнерството со нашите европски соседи. Ние сме му благодарни за тоа дека Германија беше потврдена како европска единствена нација и дека на тој начин беше решено „германското прашање“ – наведе Штајнмаер.

Се огласи и шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел.

– Кол беше голем државник, голем германски политичар, а пред сè голем Европеец – истакна Габриел.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави дека Кол бил патриот и оти неговиот историски придонес заслужува почит.

Длабоко жалење за смртта на Кол изразија и поранешните и сегашните европски и светски лидери. Последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, го нарече Кол „исклучителна личност која покажала длабоко интересирање за Русија“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази сочувство за смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, кој според него „помогнал за одредувањето на курсот кон историскиот процес на политичката и економската интеграција во Европа“.

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, изјави дека Кол бил „борец за помирувањето во Европа, кој засекогаш влезе во историјата како татко на заедничкиот европски дом“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хелмут Кол бил „пријател и сојузник“ на САД, додека бил канцелар на Германија во текот на 16 важни години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...