четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Ангела Меркел | 263 резултати

Ципрас и Меркел телефонски разговарале за прашањето за името

февруари 20, 2018

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел имале телефонски разговор, во кој една од темите било и прашањето за името, соопштиле од кабинетот на Ципрас, пренесува Македонската информативна агенција (МИА). Инаку, телефонскиот разговор меѓу Ципрас и Меркел доаѓа еден ден пред официјалната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин, во рамките на […]

Заев на средба со Меркел во Германија на 21 февруари

февруари 9, 2018

Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, потврдиле од Владата за Македонската информативна агенција (МИА). Средбата е предвидена во рамките на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи Заев. Првата билатерална средба на македонскиот премиерот со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во […]

По маратонските преговори, Меркел и Шулц постигнаа договор за формирање на влада

февруари 7, 2018

Конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц, постигнаа договор за формирање на владејачка коалиција, јавуваат светските медиуми. Според пишувањата на медиумите, социјалдемократите ќе го добијат министерството за надворешни работи и за финансии, што се оценува како добар преговор од страна на Шулц откако претходните осум години, ова министерство беше во рацете на Христијанско-демократската […]

Меркел подготвена на компромис со социјалдемократите

февруари 6, 2018

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е подготвена на компромис за постигнување на коалициски договор со социјалдемократите, пренесуваат агенциите. Меркел рекла дека и понатаму има несогласувања околу суштинските прашања и дека секоја од страните „ќе мора да прифати болни компромиси“. – Подготвена сум на компромис ако можеме да гарантираме дека на крајот ќе има […]

Меркел го осуди порастот на антисемитизмот во Германија

јануари 27, 2018

Германската канцеларка, Ангела Меркле денеска, по повод одбележувањето на Маѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, го осуди „оживувањето“ на антисемитизмот во Германија и ја оцени како срамна неопходноста еврејските објекти и понатаму да ги штити полицијата. – Повеќе од кога и да било е потребно да се сеќаваме на милионите жртви на Холокаустот, […]

Шулц ги убеди Социјалдемократите да останат во владата на Меркел

јануари 21, 2018

Со тесно мнозинство Социјалдемократите денеска изгласаа партијата да влезе во коалиција со ЦДУ на Ангела Меркел. Лидерот на Социјалдемократската партијата Мартин Шулц успеа да ги убеди своите сопартијци кои со тесно мнозинство изгласаа партијата да влезе во коалиција со ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел. Шулц ги убеди 600-те делегати на партиската конвенција во Бон дека […]

Меркел оптимист дека Социјалдемократите ќе ги одобрат коалициските преговори

јануари 20, 2018

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е оптимист дека Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ќе одобри почеток на официјални коалициски преговори со нејзините конзервативци, на партискиот конгрес кој ќе се одржи викендов. Делегати од СПД во недела ќе гласаат за тоа дали нивните лидери би требало да продолжат со преговорите за обновување на сојузот со […]

Меркел се надева дека ќе има нова влада до април

јануари 13, 2018

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека новата влада ќе биде формирана до Велигден, јави ДПА. Во својот изборен округ во Тринвилерсхаген, во североисточната провинција Мекленбург-Западна Померанија, синоќа маратонските разговори меѓу нејзиниот блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите за тоа дали да влезат во официјални преговори за коалицирање, Меркел ги нарече „првиот чекор во еден долг процес”.

Меркел и Шулц начелно се договорија за нова влада

јануари 12, 2018

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц утрово постигнале начелен договор за формирање на новата влада на Германија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на свои извори. Компромисот бил постигнат по преговорите кои траеле повеќе од 24 часа. Начелниот договор, според агенциите, во текот на денот треба да го потврдат управните одбори […]

Нова рунда на преговори за формирање на владејачка коалиција во Германија

јануари 7, 2018

Германската канцеларка Ангела Меркел, почна нова рунда на преговори за формирање на коалиција, за да се стави крај на политичката криза во таа држава, објавија светските медиуми. Во преговорите учествуваат Христијанско-демократската унија, Христијанско-социјалната унија и Социјалдемократската партија на Германија. „Мислам дека може да успееме. Имаме цел да работиме посветено и интензивно, имајќи предвид што граѓаните […]

На Германија ѝ е потребна стабилна влада, оцени Меркел

ноември 27, 2017

Не Германија ѝ е потребна стабилна влада што е можно поскоро и поради тоа што треба да одговори на предлозите за реформирање на ЕУ и поради несигурноста во глобалното опкружување, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел, на прес-конференција по состанокот со водството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Таа најави дека ќе се сретне со лидерот на социјалдемократите […]

Се зголемува рејтингот на конзервативниот блок на Меркел и на социјалдемократите

ноември 26, 2017

Рејтингот на конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел и на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) се зголемил за време на дискусијата за формирање нова голема коалиција, покажува анкетата што ја изврши агенцијата „Емнид“, по нарачка на „Билд ам зонтаг“. Според резултатите, рејтингот на христијанско-демократскиот сојзу (ЦДУ) на Меркел и на христијанско-социјалниот сојуз (ЦСУ) на […]

Меркел категорично против нови избори

ноември 25, 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е категорично против предвремени парламентарни избори, по неуспехот да формира влада со либералната партија ФДП и со партијата на зелените. – Апсолутно не сум убедена дека треба да ги повикаме граѓаните да гласаат повторно – изјави Меркел на конференција на нејзината Демохристијанска партија (ЦДУ), пренесуваат агенциите. Таа истакна […]

Седма година по ред, Ангела Меркел е највлијателна жена според магазинот „Форбс“

ноември 1, 2017

Магазинот „Форбс“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за највлијателна жена во светот за 2017 година. Меркел на врвот на листата на „Форбс“ се наоѓа веќе седма година по ред. Листата на 100 највлијателни жени беше објавена денеска. World's most powerful women 2017:1. Angela Merkel2. Theresa May3. Melinda Gateshttps://t.co/79ZudPKB0L #PowerWomen pic.twitter.com/hqXZ8gv6sU — Forbes (@Forbes) November […]

Путин ѝ ја честиташе победата на Меркел

септември 26, 2017

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на германската канцеларка Ангела Меркел телефонски ѝ ја честиташе победата на парламентарните избори. Двајцата лидери ја истакнале подготвеноста да продолжат со заемно корисната соработка помеѓу Германија и Русија, се наведува соопштението од Кремљ. Според официјалните прелиминарни резултати, демохристијаните на Ангела Меркел на парламентарните избори одржани во неделата освоија 33 отсто […]

Чавушоглу: На секој чекор на Берлин, Турција ќе направи два

септември 25, 2017

Доколку Германија направи еден чекор, Турција ќе направи два во нормализација на билатералните односи, порача турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу. Тој го изјави ова во интервју за телевизијата „А Хабер“ откако германската канцеларка Ангела Меркел на изборите обезбеди четврти мандат. – Германија би требало да учи на своите грешки – рече Чавушоглу, на барањето да […]

На ЕУ ѝ е потребна силна германска влада, порача Јункер

септември 25, 2017

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека на Европската Унија ѝ е потребна силна германска влада повеќе од кога и да е претходно, јавуваат агенциите. „Претседателот Јункер е уверен, во светло на предизвиците со кои се соочени Европа и светот, дека на Европската Унија ѝ е потребна силна германска влада повеќе од кога […]

Меркел: Нема да брзаме за да формираме влада

септември 25, 2017

Демохристијанската партија на Ангела Меркел (ЦДУ) е победник на парламентарните избори во Германија, на кои, според прелиминарните резултати, освоила 33 проценти од гласовите. Меркел изјави дека нема да брза да формира влада. За четврти пат да стане канцеларка, нејзе ѝ се потребни коалициски партнери помеѓу другите парламентарни партии за да обезбеди мнозинство во Бундестагот. И покрај […]

Во Германија се одржуваат парламентарни избори, излезноста поголема од 2013 година

септември 24, 2017

Во Германија денеска се одржуваат парламентарни избори за 19. состав на Бундестагот. Анкетите се во прилог на актуелната канцеларка Ангела Меркел, која доколку победи, може да добие четврти мандат. Право на глас имаат 61,5 милиони луѓе, а првите резултати ќе бидат познати по затворањето на избирачките места во 18 часот. Излезноста во многу избирачки места […]

Меркел: Неприфатливо е Унгарија да ја игнорира пресудата за бегалците

септември 12, 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека е неприфатливо Унгарија да ја игнорира пресудата на Европскиот суд на правдата, според која Будимпешта мора да ги прифати бегалците во рамки на програмата на Европската Унија за нивно релоцирање. – Неприфатливо е една влада да рече дека не ја интересира пресудата на Европскиот суд на правдата – вели […]

Страна 3 од 13