fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Во тепачка, во училишен двор во Тетово, ученик повреден со нож

Денеска, околу 16 часот, со остар предмет е повреден ученик во трета година од тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Според МВР, во дворот на гимназијата, дошла група и почнала расправија со дел од учениците, по што почнала и тепачка помеѓу двете групи. Повредениот бил префрлен во тетовската клиничка болница, од каде по барање на семејството, бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.  Момчето...

Груевски: Ја чекаме стратегијата на СДСМ

Чекаме да ја видиме стратегијата на СДСМ, не сакаме да им се мешаме, изјави денеска во Тетово премиерот Никола Груевски. - Околу тоа што го најавија, ние побаравме од нив да го објават. Сега кажаа дека имале стратегија и чекаме да ја видиме. Не сакаме да им се мешаме во таа стратегија - изјави Груевски, по одбележувањето 13 години од основањето...

Група ученици нападнале 11-годишно дете

Вчера, во 9 часот, во дворот на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во селото Теарце, ученик на возраст од 11 години, без повод и причина, физички бил нападнат од група ученици кои почнале да го удираат со тупаници и со клоци по целото тело. МВР соопшти дека полициски службеници ги идентификувале шетмината ученици на 12-годишна возраст кои го тепале малолетникот, а...

Тетово: Едно лице повредено со нож

Едно лице е прободено со нож при тепачка што синоќа избила меѓу две групи на улицата ЈНА во Тетово, пред кафулето „Имиџ“, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Случајот во полиција го пријавиле четири лица на возраст од 18 до 22 години, кои биле нападнато од група од десеттина други лица. При нападот, тројца од пријавувачите добиле видливи повреди...

Приведени пет албански државјанки во Тетовско

Полицијата синоќа приведе пет албански државјанки на возраст од 18 до 33 години, кои илегално работеле во угостителскиот објект „Ловец“, лоциран на автопатот Тетово - Гостивар. Албанските државјанки се приведени и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Тетовчани во петок на протест поради загадениот воздух

Протестот започнува во 13 часот, пред Ц.К. „Иљо Антески – Смок“
„Не молчи, крени го гласот“ е мотото на протестот поради енормното загадување на воздухот во Тетово, закажан за овој петок (7 ноември). Организатор на протестот е иницијативата против канцерогеното загадување на Тетово, од каде ги повикуваат сите жители на Тетовско. Протестот почнува во 13 часот, пред ЦК „Иљо Антески – Смок“.

Ќамили: Лица во црни униформи легитимираат во Тетовско

Им се заканувале на вработени во „Водовод“ Тетово
Земри Ќамили,заменик министерот за внатрешни работи, вчера потврди дека во Tетовско, лица во црни униформи легитимирале граѓани и им се заканувале. - Во неделата е евидентиран случај кога непознати лица, облечени во црно, но без обележја, им се заканувале на вработени во тетовски „Водовод“, но не се претставиле како претставници на Илирида - изјави Ќамили.  

Граѓанските здруженија од Тетово загрижени поради „Југохром“

Од еколошкото здружение „Еко Герила“ се разочарани од владината одлука
Граѓанските здруженија од Тетово се загрижени поради продолжувањето на законскиот рок за имплементирање на еколошките стандарди за работа на еден од најголемите загадувачи на воздухот во полошкиот регион, комбинатот „Југохром“, пренесе радио МОФ. Граѓаните од тетовскиот регион ја коментираат различно одлуката за продолжување на рокот за уште две години, која, според надлежните, е донесена од економско-социјални и еколошки причини. За...

Форум за климатски промени во Тетово

На форумот ќе присустува и ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири
Научен форум, насловен „Климатските промени и Македонија“, во организација на Институтот за животна средина и здравје, ќе се одржи денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На форумот ќе присустува и ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...