fbpx

Во тепачка, во училишен двор во Тетово, ученик повреден со нож

-

Денеска, околу 16 часот, со остар предмет е повреден ученик во трета година од тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Според МВР, во дворот на гимназијата, дошла група и почнала расправија со дел од учениците, по што почнала и тепачка помеѓу двете групи.

Повредениот бил префрлен во тетовската клиничка болница, од каде по барање на семејството, бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.  Момчето се наоѓа надвор од животна опасност.

Од полицијата информираа дека приведени се  три малолетни лица за кои се сомнева дека учествувале во тепачката и со кои се разговара за рачистување на деталите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...