fbpx
Таг: СЗО

таг: СЗО

Вирусот зика потврден во Данска

Данските медиуми јавуваат дека резултатите од анализата покажале дека едно лице е позитивно на вирусот зика во оваа земја. Здравствените претставници од Архус, втор по големина град во Данска, соопштија дека станува збор за државјанин на Данска кој патувал во Јужна и во Централна Америка, јавува данската телевизија ДР. Светската здравствена организација (СЗО) претходно предупреди дека опасниот вирус зика може да...

СЗО: Крај на еболата во Западна Африка

Светската здравствена организација објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, откако ниту еден случај не се појавил во Либерија, но истовремено предупреди дека светот не може да прогласи целосно ослободување од болеста, која однесе повеќе од 11.300 животи за време на двегодишната епидемија. Либерија, која заедно со Сиреа Леоне и со Гвинеја беше епицентар на последната епидемија, уште во...

Победена еболата во Гвинеја

Светската здравствена организација денеска ја прогласи Гвинеја за држава без ебола, две години по избивањето на епидемијата во оваа земја. Победата над опасната болест ќе биде прославена со концерти и со огномет. Од болеста во Гвинеја починаа повеќе од 2.500 лица, а уште 9.000 починаа во Сиера Леоне и во Либерија, јавува „Би-Би-Си“. Сиера Леоне ја прогласи победата над еболата во ноември,...

Туберкулоза и СИДА се водечки причини за смртност од заразни болести

Бројот на починатите од туберкулоза првпат се приближи на статистиката на умрени од СИДА, која е водечка причина за заразни болести, наведува Светската здравствена организација (СЗО) во соопштението објавено вчера. Во 2014 година, од туберкулоза (ТБЦ) во светот починале 1,1 милиони лица, а во истиот период од ХИВ/СИДА починале 1,2 милиони, меѓу нив и 400.000 заразени со ХИВ и со...

СЗО: Новата вакцина против ебола е 100 проценти ефикасна

Новата вакцина против ебола, тестирана на 1.000 лица заразени во Гвинеја, се покажала како ефикасна заштита во 100 проценти од случаите и би можела да го спречи ширењето на смртоносниот вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Здравствените стручњаци оценуваат дека резултатите од истражувањето се „извонредни“ и ги менуваат работите поврзани со оваа болест. - Веруваме дека светот е чекор поблиску до пронаоѓањето ефикасна...

СЗО предупредува дека мора да ги затвори болниците во Ирак

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека можеби ќе мора да затвори дел од својата мрежа на 77 болници, во кои им се пружа помош на луѓето што бегаат од своите домови поради нападите на милитантната група Исламска држава (ИД), јавуваат светските медиуми. На почетокот на јуни, Обединетите нации (ОН) предупредија дека ќе бидат принудени да редуцираат половина од своите хуманитарни операции, за...

Пет лица починале од ебола до крајот на април

До 30 април, пет лица од Западна Африка починале од ебола, а регистрирани се 49 новозаразени случаи, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците на СЗО, од почетокот на епидемијата во Западна Африка, починале 10.895 лица, а 26.339 се заразени.

Опаѓа бројот на нови случаи на ебола

Триесет нови случаи на ебола се регистрирани во текот на изминатата недела, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците на СЗО, бројот на новорегистрирани случаи на ебола е на најниско ниво во последната година, откако се појави епидемијата која однесе 10.572 животи, а зарази 25.515 лица.

СЗО: Повеќе од 10.000 луѓе починале од ебола

До крајот на минатата година повеќе од 10.000 луѓе починале од избувнувањето на епидемијата на ебола, соопшти Светската здравствена организација. Во девет држави, главно од Западна Африка, биле заразени повеќе од 24.000 луѓе, од кои 10.000 починале. Стручњаците предупредуваат дека во земјите погодени со ебола би можело да дојде и до појава на други видови епидемии, особено кај децата.

СЗО: Прегласна музика може да ве оглуви

Прекумерното слушање музика на слушалки денес, може да доведе до губење на слухот утре, предупредуваат од Светската здравствена организација. Оттаму велат дека младите луѓе имаат тенденција да ја зголемат јачината до максимум додека слушаат музика на нивните мобилни уреди, а тоа се одразува на нивните уши исто како да се во многу гласен клуб. Како резултат, повеќе од 1,1 милијарда луѓе...

Повторно се зголемува бројот на заболени од ебола

Најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека првпат годинава дошло до зголемување на бројот на заболени од ебола во најзагрозените земји во Африка. Бројот на новите случаи е зголемен во трите најтешко погодени држави – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Податоците на СЗО укажуваат дека обидите да се стави под контрола епидемијата, сепак, не го дале очекуваниот ефект. Досега...

СЗО: Двојно е зголемен бројот на лицата се прекумерна телесна тежина

Новите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека од 1980 година бројот на лицата со прекумерна телесна тежина двојно се зголемил и изнесува 600 милиони. Според податоците на СЗО, околу две милијарди луѓе имаат преголема телесна маса, која може да се окарактеризира како дебелина. Експертите особено се загрижени поради дебелеењето и зголемената телесна маса која е застапена на кај 42 милиони...

СЗО: Кризата со ебола ќе трае уште една година

Епидемијата на ебола во Западна Африка ќе трае до крајот на 2015 година, оцени шефот на одделот за борба против овој вирус при Светската здравствена организација, Питер Пајот. Белгискиот микробиолог Пајот истакна дека е охрабрен од напредокот во Сиера Леоне и од новите антивирусни терапии. Тој, сепак, предупреди дека е потребно време за развој на вакцини. Пајот, кој е еден од научниците што ја...

СЗО: Еболата одзела 6.331 живот

Бројот на жртви од еблоа во трите најпогодени земји во Западна Африка, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, се зголеми на 6.331, објави денеска Светската здравствена организација. Најновите податоци покажуваат дека Сиера Леоне ја надмина Либерија по бројот на жртвите од ебола. Во Гвинеја, Либерија и во Сиера Леоне се регистрирани вкупно 17.800 заболени од ебола. Од нив 7.719 се од...