fbpx
Таг: фестивал

таг: фестивал

Шербеџија: И како актер и како режисер, секогаш се чувствувам убаво во Битола

Во Битола вечерва свечено беше отворен Интернационалиот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. На црвениот ќилим пред Цетарот за култура во Битола продефилираа личности од културниот, општествениот и од политичкиот живот и филмаџии и гости од странство. На него помина и актерот Раде Шербеџија, кој е режисер на филмот „Ослободувањето на Скопје“, со кој ќе биде отворено годинешното 37. издание на...

Раде Шербеџија утре пристигнува на „Браќа Манаки“

Битола ги прави последните подготовки за утрешното свечено отворање на 37. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Црвениот ќилим пред Центарот за култура се очекува да биде поставен утре, а на него ќе зачекорат светски познати кинематографи, актери и вљубеници во филмот од Македонија и од светот. Оргинизаторите се подготвени да го пречакаат славниот австралиски директор на фотографија Џон Сил, со неговата...

Утре почнува „Пиволенд 2016“

Од утре до 4 септември на скопското Кале по деветти пат ќе се одржи традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2016“, најавија денеска од Град Скопје. Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 500.000 денари. Организаторите најавија дека музичката програма ќе биде поделена...

Фестивалот „Охридско лето“ завршува вечерва

Годинешното 56. издание на „Охридско лето“ свечено ќе биде затворено вечерва, во предворјето на црквата Св. Софија, со изведба на песни од театарски претстави, создавани во периодот од 2003 до 2013 година. Изборот на песни и претставата насловени „На светов убавина“ се на Горан Трајкоски. Трајкоски реализирал музика за повеќе од 50 театарски претстави како и филмска музика, работејќи на познати македонски...

Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал

Со краток говор, актерот Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал (СФФ). Де Ниро во оваа прилика изјави дека е почестен што го отвора фестивалот во Сараево, по што му беше врачена специјална награда за животно дело „Почесно срце на Сараево“. - Среќен сум што сум тука. Чест ми е што сум поканет. Бев заинтересиран да дојдам тука. Ме прашаа повеќепати и...

Ал Ди Меола и Продиџи во Охрид

Викендов Охрид ќе биде центар на музичките збиднувања во земјава. Концертите на еден од најдобрите гитаристи во светот Ал Ди Меола и групата Продиџи, во рамки на фестивалот „Охрид колинг“, се очекува да донесат гости од целиот Балкан, но и од Англија и Холандија. - По концертот на светски познатите диџеи Ники Ромеро и Лост Фрекуенцис на 1 август, покажавме...

Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид

Од денеска па сè до 10 јули, на отворената сцена Долни сарај во Охрид ќе се одржува јубилејното, 55. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Свеченото отворање ќе биде со настап на „Танец“, со почеток во 21 часот. На 8 јули, настап ќе има ансамблот „Александар Трети Македонски“ од Мелбурн – Австралија, како и ансамблот „Гоце Делчев“ од Битола. На...

„Охридско лето“ номинирано за престижната награда „Принцезата на Астурија “

Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција во Охрид, објави дека Амбасадата на Шпанија го номинирала фестивалот „Охридско лето“ за престижната награда „Принцезата на Астурија“ (Princess of Asturias Awards). На средбата со новинарите, беше презентирана годинешната програма на 56. издание на фестивалот „Охридско лето“, за што говореа селекторите на музичката, односно драмската програма - Гордана Јосифова-Неделковска...

Од денеска до 15 јуни „Охрид филм фест“

Од денеска до 15 јуни, во Охрид ќе се одржи првото издание на новиот интернационален филмски фестивал „Охрид филм фест“. Фестивалот ќе почне со проекција на српскиот филм „Од другата страна“. Во рамките на фестивалот ќе се емитуваат студентски, младински, играни и документарни филмови од Македонија, Србија, Турција, Германија и од други земји. Проекциите на филмови ќе бидат во просториите на Филмската...

При удар на гром на концерт во Германија, повредени се осум лица

Најмалку осум лица се повредни синоќа од удар на гром за време на концерт во рамки на рок-фестивалот „Рок ам ринг“, што се одржува на поранешниот аеродром во близина на германскиот град Мендиг, околу 100 километри западно од Франкфурт. Како што јавија германските медиуми, по ударот на громот најмалку осум лица биле пренесени в болница со изгореници со различен степен....

Концерт во Охрид на светски познатата јапонска пијанистка, Асами Сати

Вечерва, од 19 часот, во рамките на Фестивалот за современа музика „Модоарс 2016“, целовечерен концерт ќе држи познатата јапонска пијанистка Асами Сати. Сати ќе свири во концертната сала на музичкото училиште „Методи Патче“. На програмата се дела од Рахмањинов, Шопен, Дебиси и од јапонскиот композитор Сакура. На Сати, гостин на концертот ќе ѝ биде Ема Потевска-Попивода, со која ќе настапи со композиција од...

Битолскиот хор „Ад Либитум Арт“ се претстави на Фестивалот на мултијазичноста во Солун

Битолскиот хор „Ад Либитум Арт“ викендов ја претстави македонската култура со учество на четвртиот по ред Фестивал на мултијазичноста во Солун. Звуците на „Дафино вино црвено“, „Битола мој роден град“ го исполнија амфитеатарот на општина Солун, која веќе четврта година го организира овој фестивал кој ја слави етничката разноликост и мултикултурализмот во Солун. Хорот имаше настап половина час со шест...

Ристо Лазаров на поетскиот фестивал „Војната и поезијата” во Романија

Македонскиот поет Ристо Лазаров учествува на Mеѓународниот поетски фестивал што до 15 мај се одржува во романскиот град Крајова, во чест на романскиот поетски великан од 19 век, Михаел Еминеску. На фестивалот учествуваат поети од триесетина земји од целиот свет. Покрај бројните поетски настапи, програмата предвидува и разговори на тема „Војната и поезијата“. Секоја година фестивалот објавува антологија од творештвото на неговите...

Кордон полиција го штитеше Талески од нова акција на битолските „герилци“

„Дојде денот Талески, врати ги парите“ , „Оставка“ и „ Нема правда нема мир - робија за Владимир“, со вакви скандирања повеќе од илјада битолчани денеска го поздравија градоначланикот Владимир Талески пред Центарот за култура во Битола, откако граѓаните добија информација дека тој е на Фестивалот на монодрамата да гледа претстава. Кордон полиција застана пред зградата и не им дозволи...

Македонскиот хор „Проарс“ настапи на фестивал во Солун

Солунската публика имаше можност викендов да ужива во настапот на македонскиот хор „Проарс“, на шестиот Светски фестивал на хорови за мјузикли во Солун. Фестивалот важи за една од поинтересните културни манифестации и веќе шест години се одржува во Солун. „Проарс“ имаше можност двапати на фестивалот да воодушеви со своите вокални и драмски можности. Хорот настапи на официјалното отворање, во фантастичниот антички...

Во автобуска несреќа во Шпанија, најмалку 14 загинати

Најмалку 14 луѓе ги загубиле животите кога туристички автобус денеска се превртел и удрил во друго возило на автопат во Североисточна Шпанија. Несреќата се случила во близината на пристанишниот град Тарагона. Според медиумите, возачот ја загубил контролата над автобусот, се превртел и се судрил со автомобил кој доаѓал од спротивниот правец. Во автобусот имало повеќе од 60 меѓународни студенти кои студирале на...

Уметнички проект на Зоран Попоски на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја

Уметнички проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е изложен во демилитаризираната зона на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја. Изложбата е дел од меѓународниот уметнички фестивал „DMZ Pilgrimage International Art Festival“, на кој учествуваат повеќе од 60 уметници од 11 земји во светот. Тема на годинешното издание на фестивалот е „Соочување со другиот“. Попоски се претставува со дигиталната графика „Конфликтот во...

Во вторник почнува Зимскиот поетски фестивал во Скопје

Во организација на „Струшките вечери на поезијата“, од вторник до 11 декември во Скопје ќе се одржи првиот „Зимски поетски фестивал“, на кој ќе учествуваат четворица врвни поети од земјава и од странство, пишува порталот „Лидер“. Според директорот, Мите Стефоски, овој фестивал е дел од промените за проширување на функционирањето на институцијата, за во зимскиот период да овозможи интензивна активност на...

„Студентски пленум“ ќе организира тридневен фестивал

„Студентски пленум“ организира „Ад хок фестивал“, кој ќе почне од 10 декември напладне и ќе се одржува три дена на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. На фестивалот ќе настапуваат „Новиот почеток“, „Ди Џон“, „Пи-Ем-Џи колектив“, „Бандикс“, „Руверс ханговер“ ,„Визија“, „Бета хаус“, „Фанк шуи“, „Бона Деа“, „Зад аголот“ и повеќе диџеи. За време на концертите, во аулите на четирите факултети...

„Три дена во септември“ премиерно прикажан во Охрид

Дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на „Скопје филм студио“, синоќа ја доживеја охридската премиера како филм од официјалната селекција на годинешното издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. „Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски ликови, преку меѓусебниот однос, ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава...

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...