fbpx

Во автобуска несреќа во Шпанија, најмалку 14 загинати

-

Најмалку 14 луѓе ги загубиле животите кога туристички автобус денеска се превртел и удрил во друго возило на автопат во Североисточна Шпанија.

Несреќата се случила во близината на пристанишниот град Тарагона.

Според медиумите, возачот ја загубил контролата над автобусот, се превртел и се судрил со автомобил кој доаѓал од спротивниот правец.

Во автобусот имало повеќе од 60 меѓународни студенти кои студирале на Универзитетот во Барселона, кои се враќале од фестивалот „Лас Фалас“ во Валенсија, кој се одржува секој март и привлекува многу странски и домашни туристи.

Неколку патници се повредени, но сè уште нема потврда за нивниот број, како и за степенот на повредите.

Засега не е познато ниту од кои земји се жртвите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...