Таг: фестивал
таг: фестивал
Во продажба билетите за „Скопски џез-фестивал“
Билетите за претстојното издание на „Скопски џез-фестивал“, кој оваа година ќе се одржи од 15 до 18 октомври, се пуштени во продажба.
Билетите можат да се набават на билетарниците на „Југотон рекордс“ и на Македонска опера и балет, како и преку интернет на www.mktickets.mk. Цените на билетите и сите други детали околу продажбата се достапни на веб-страницата на фестивалот www.skopjejazzfest.com.mk.
Интернационален џез викенд во Прилеп
На големо задоволство на прилепските љубители на најслободната музичка форма и воопшто на урбаното живеење, последните денови од месец август, 27, 28 и 29 во Прилеп се организира Џез Викенд, манифестација која нуди богата програма со настап на повеќе изведувачи од европските простори.
Овај фестивал за прв пат се одржа во 2012 година и уште веднаш се виде дека ентузијазмот...
Заврши јубилејното, 55-то „Охридско лето”: Високо на мапата на европските фестивали
Синоќа, после 40 дневна богата културна понуда, на отворената, надезерска сцена Долни Сарај, со церемонијаланото гаснење на фестивалскиот огин, беше спуштена завесата на јубилејното, 55-то „Охридско лето“. Честа да го затворат фестивалот, им припадна на актерите од Словенечкиот национален - Драма театар од Љубљана, со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски.
Квалитетот на...
Богат програмски викенд на фестивалот „Охридско лето“
Вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Антички театар, од 21 часот, гостуваат виртуозот на виолина, Стефан Миленковиќ, и неговиот колега, хармоникашот Марко Хатлак, кои ќе го изведат проектот „Танго компас“.
– Проектот „Танго компас“ ќе понуди многу енергија, страст, врвна интерпретација, за големо уживање на фестивалската публика. Најголем ексклузивитет на целиот овој проект е тоа што маестро Стефан...
Битола подготвена да ги пречека играорците од светот на фестивалот„Илинденски денови“
Битола е подготвена за најновото издание на државниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола- 2015 кој годинава слави 45 години. Фестивалот кој го негува македонскиот и интернационален фолклор почнува на 29 јули и ќе трае се до 1 август.
Годинава на фестивалот покрај фолклорни групи од повеќе градови во Макдеонија ќе настапуваат фолклористи и од Хрватска, Италија,...
„Грин бич фестивал“ на 1 август во Охрид
Дводневно, шесто издание на „Грин бич фестивал“ годинава се најавува во Охрид, пренесе Радио МОФ.
Покрај настапот на светски познатиот диџеј и продуцент Фед ле Гранд, на 31 јули на плажата Парк, на истата локација на 1 август се најавува настапот на Кирил Џајковски и ТК Вондер, кои првпат ќе бидат дел од овој фестивал.
Целодневната саботна програма ќе биде пополнета и...
Битола подготвена за третото издание на „Битола Шекспир-фестивал“
Со премиера на претставата „Антоније и Клеопатра“ во режија на Џон Блондел, Битолскиот народен театар годинава свечено ќе го отвори третиот по ред „Битола Шекспир-фестивал“.
Фестивалот годинава ќе се одржува од 22 до 28 јули и на него ќе гостуваат реномирани театри од светот што го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир.
- Подготвени сме за најновото издание на „Битола Шекспир-фестивал“. Пред битолската...
Охридско лето: Два фестивалски термина за рускиот пијанист Андреј Коробејников
На програмата на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, вечерва во катедралната црква „Св.Софија“, заеднички настап ќе имаат рускиот пијанист Андреј Коробејников и неговиот сонароидник, пијанистот Александар Књазев, кого стручната јавност го смета за еден од најмоќните виолончелисти во светот.
Александар Књазев соработувал со диригенти како Александар Ведерников, Мстислав Ростропович, Јуриј Темирканов и со оркестри како што се Оркестарот на „Би-Би-Си“ во...
27 аџии загинале во стампедо во Андра Прадеш
Најмалку 27 аџии загинале во стампедо на бреговите на светата река Годавари во индиската држава Андра Прадеш, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на изјави на локалните власти.
Околу 24 милиони хинду-верници се собрале на традиционално капење во реката Годавари, на почетокот на фестивалот Маха Пушкаралу, кој ќе трае во наредните 12 дена.
Аџиите веруваат дека капењето во реката ќе ги ослободи...
Во Прилеп почнува фестивалот „Пеце Атанасоски“
Денеска и утре, во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе се одржи 4. фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“.
В сабота на Рудина, фестивалот ќе го поздрави претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Во меѓувреме, од 30 јуни до крајот на фестивалот, се одржува семинар за изучување на македонскиот изворен мелос, беше соопштено на денешната средба со новинарите...
Денеска почнува Меѓународниот фестивал „Струшки книжевни средби 2015“
Со поетското матине, попладнево од 17 часот на Вевчанските извори, официјално ќе почне Меѓународниот фестивал „Струшки книжевни средби 2015“ .
Манифестацијата, која ќе трае до 4 јули, почнува со настап на триесетина поети од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Словенија и од Хрватска.
Во 19 часот, во црквата „Св. Никола“ во Вевчани, ќе биде претставен хрватскиот автор Валерио Орлиќ. Промотор е Васил...
Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ги награди најдобрите
Со претставата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ, во режија на Коле Ангеловски, а во продукција на Драмски театар Скопје, заврши натпреварувачкиот дел на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2015, кој се одржуваше во општина Аеродром.
За најдобра машка улога беше награден Рубенс Муратовски за улогата Мартин во претставата „Чолак“ од Мартин Мекдонах, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на...
По 54. пат, „ Балкански фестивал на народни песни и ора“
Со настап на ансамбли од Хрватска, Турција, Полска, Канада, Србија, Унгарија, Северен Кипар, Бугарија и од Македонија, во традиционалниот термин, од 6 до 11 јули, на отворената сцена Долни Сарај, ќе се одржи 54. по ред „ Балкански фестивал на народни песни и ора“.
- Музиката се изведува во живо, секој доаѓа со свои носии, кореографија и се внимава да...
Во Тетово ќе се одржи манифестацијата „Празник на музиката“
„Да ја прославиме музиката заедно – музиката ги спојува луѓето“ е мотото на годинешното шесто издание на фестивалот „Празник на музиката“, кој вечерва ќе почне во Тетово.
Манифестацијата е во организација на Француската алијанса и Центарот за балканска соработка „Лоја“.
- Целта на оваа манифестација, која во Франција почнала пред 36 години, е да им се овозможи на луѓето што знаат да...
Со „Стјуардеси“ почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“
Пред повеќе од 1.000 гледачи, почна вториот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, со претставата „Стјуардеси“ на Театар „Комедија“, на отворената сцена на фудбалското игралиште до детската градинка „Сонце“ во Реонски центар „Аеродром“.
На фестивалот до 30 јуни ќе бидат прикажани уште осум претстави од македонските и од театри од регионот.
Денеска на репертоарот е комедијата „Дамите бираат“ на...
„Флоренс енд д машин“, главни ѕвезди на „Гластонбери“
„Флоренс енд д машин“ ќе бидат главните ѕвезди на сцената „Пирамида“ на годинешото издание на британскиот музички фестивал „Гластонбери“, откако „Фу фајтерс“ се повлекоа од настапот на 26 јуни, јавува „Би-Би-Си“.
Инаку, Флоренс Велч и нејзината група, како што било предвидено, требало да настапува пред „Фу фајтерс“.
Таа последен пат имала настап на „Сомерсет“ во 2010 година.
„Фу фајтерс“ го откажаа нивниот настап...
Каролина Гочева на „Балкан боем фестивал“ во Бугарија
Каролина Гоечва со проектот „Македонско девојче“ ќе настапи во Бугарија на првото издание на „Балкан боем фестивал“.
Каролина ќе настапи на 26 јуни, на првата фестивалска вечер, додека гостин на втората фестивалска вечер е српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ.
Денеска почнува „Баскерфест“
Меѓународниот и мултикултурен фестивал „Баскерфест“ почнува денеска на плоштадот Филип Втори во Скопје. Јубилејното 10. издание ќе трае до 13 јули и ќе се одржува низ 14 градови во Македонија.
Најавено е учество на околу 100 баскер-изведувачи од Чиле, САД, Куба, Албанија, Србија, односно изведувачи од 23 држави со различни точки. Во вечерните часови планирани се настапи на повеќе музички...
„Баскерфест“ почнува в петок
Фестивалот на улична уметност „Баскерфест“ годинава ќе се одржи од 12 јуни (петок) до 13 јули. Карванот на фестивалот, кој оваа година го прославува 10. роденден, според најавата на организаторите, ќе понуди одлична програма дополнета со музика.
Ќе учествуваат околу 100 улични изведувачи од целиот свет со настапи што ќе опфатат жонглирање, брејкденс, одење по жица, куклен театар, перформанси со оган.
„Баскерфест 2015“ официјално ќе...
„Уан деј фест“ на скопско Кале
На скопското Кале на почетокот од летото ќе се одржи „Уан деј фест“ (One day fest), еднодневен фестивал кој ќе ги собере сите возрасти на едно место.
На фестивалот ќе настапат „Елитни одреди“, Тајзи, „Чил плеј“, диџеј Фокс, диџеј Спикер, диџеј Сајленс, диџеј Маск, „Невермајнд бед инфлуенс офишал“, а во рамките на фестивалот „Баскерфест“ ќе има и огнено шоу со улични изведувачи.
Билетите се во предпродажба по...