fbpx

По 54. пат, „ Балкански фестивал на народни песни и ора“

-

Со настап на ансамбли од Хрватска, Турција, Полска, Канада, Србија, Унгарија, Северен Кипар, Бугарија и од Македонија, во традиционалниот термин, од 6 до 11 јули, на отворената сцена Долни Сарај, ќе се одржи 54. по ред „ Балкански фестивал на народни песни и ора“.

– Музиката се изведува во живо, секој доаѓа со свои носии, кореографија и се внимава да нема изведување кореографија од други земји. За ансамблот „Танец“ претставува големо задоволство да се настапи на балкански фестивал. Интересот на публиката е сè поголем, еве и странци се заинтересирани за фестивалот , за настапот на „Танец“, што се покажа и минатата година, кога одбележуававме 65 години јубилеј и имавме два концерта, но и двата поминаа со голема посетеност. Секоја година внесуваме во програмата некоја нова кореографија. Сè уште размислуваме за годинава, имаме идеи да ги вратиме старите кореографии, неделава ќе се утврди дефинитивно со што ќе настапиме – вели селекторот на фестивалот и директор на „Танец“, Зоран Џорлев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...