fbpx

Денеска почнува Меѓународниот фестивал „Струшки книжевни средби 2015“

-

Со поетското матине, попладнево од 17 часот на Вевчанските извори, официјално ќе почне Меѓународниот фестивал „Струшки книжевни средби 2015“ .

Манифестацијата, која ќе трае до 4 јули, почнува со настап на триесетина поети од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Словенија и од Хрватска.

Во 19 часот, во црквата „Св. Никола“ во Вевчани, ќе биде претставен хрватскиот автор Валерио Орлиќ. Промотор е Васил Тоциновски, а одбрани песни од творештвото на Валерио Орлиќ ќе читаат Верица Мукоска и Наум Баткоски.

Утревечер, во рамките на манифестацијата, во НУ Центар за култура – Охрид, ќе се одржи промоција на книгата „Од еден до друг брег“. Промоцијата на книгата ќе биде во 19 часот. Минатата година на меѓународниот книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“, што се одржа во Риека, Хрватска, беше одржана промоција на книгата двојазичник „Од еден до друг брег“, во превод и со препев на Петко Шипинкаровски и на Слободан Јовичиќ, и на ревијата за книжевност „Бранувања“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...