fbpx
Таг: фестивал

таг: фестивал

Почна 39-то Скопско лето

Со  концертот на  групата  „Дадо Дганит“ од Израел во зградата на Македонска филхармонија, вчеравечер свечено беше отворено 39. издание на  фестивалот „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21 јуни - Светскиот ден на музиката, но и најдолгиот ден од годината. На свеченото отворање на овој фестивал, присуствуваше и градоначалникот Шилегов, кој официјално го прогласи за отворен. Во своето обраќање Шилегов нагласи...

Денеска започнува фестивалот на улични изведувачи „Баскерфест“

Фестивалот на улични изведувачи „Баскерфест“ ќе започне денеска на градскиот плоштад „Македонија“ во 19 часот. „Градскиот плоштад „Македонија“, шест дена од 12-17 јуни ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер-бендови. За најмладите ќе има и детска едукативна работилница, едукативен корнер...

Репризното издание на „Скопје синема сити“ во Кинотека на Македонија на 2 и 3 февруари

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ (Skopje Cinema City), во рамките на т.н зимско издание (Winter Edition) ќе репризира дел од филмовите од претходното, премиерно издание во 2017. Репризите на проекциите ќе се одржат на 2 и 3 февруари во Кинотека на Македонија. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа...

Филмови за душа и тело на филмскиот фестивал во Солун

Потрагата по корените, не само на филмската уметност, е една од димензиите на педесет и осмото издание на Интернационалниот филмски фестивал во Солун, кој беше отворен во четвртокот, 2 ноември, со „За душа и тело“ на унгарската режисерка Илдико Енједи, и ќе трае до 12 ноември, кога се затвора со филмот „Забава“ на уште една особена авторка, британската режисерка...

Отворен првиот Истражувачки филмски фестивал Скопје

Со проекција на францускиот истражувачки филм „Да се биде укажувач“ и дебата на тема „Укажувачи: „тајни“ играчи кои може да ја променат историјата“, вчеравечер во киното „Култура“ беше отворено првото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје. Големо внимание на дебатата привлече македонскиот укажувач Ѓорѓи Лазаревски, поранешниот началник од УБК, кој ги обелодени таканаречените „бомби“ со што директно влијаеше на промените...

Прв филмски фестивал посветен на истражувачкото новинарство

Платформата за истражувачко нoвинарство и анализи (ПИНА) во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ ќе го организира првото издание на Истражувачки филмски фестивал (ИФФС), што ќе се одржи од 3 до 5 ноември во кино „Култура“, Скопје. „Тридневната фестивалска програма вклучува прикажување на документарни филмови, работилници, дискусии и дебати со гости од Македонија, регионот и од светот. Отворањето на првото фестивалско...

Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Од 12 до 14 октомври во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се одржи Фестивал на новиот германски филм, во соорганизација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на Амбасадата на Германија. Свеченото отворање е в четврток, во 20 часот, а на него ќе присуствуваат и претставници на Амбасадата на Германија. Ќе се прикажува филмот „Чик“, кој е од жанрот...

ИФФК „Браќа Манаки“ почна синоќа, доделени наградите за животно дело на Лом и на Ротуно

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ почна синоќа во Центарот за култура во Битола. На отворањето на фестивалот беа доделени двете награди за животно дело „Златна камера 300“, на великаните на светската кинематографија, Пјер Лом и Џузепе Ротуно. Славниот италијански кинематограф Џузепе Ротуно не беше во можност да дојде во Битола. Во име на Ротуно, заслужен за повеќе од 80 филмови...

Французинот Пиер Лом е добитник на наградата за животно дело на „Браќа Манаки“

Францускиот кинематографер од светски глас Пјер Лом е добитникот на наградата Златна камера 300 за животно дело на годинашното 38. издание на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот ќе се одржи од 23 до 30 септември во Битола, а Лом, иако е во поодминати години, ќе присуствува на фестивалот. - Пиер Лом е легенда на француската и европската...

Почна „Баскерфест 2017“

Со парада составена од сите учесници на фестивалот, Градскиот дувачки оркестар и од девојките од танцовиот клуб „Еурека“, што тргна од градскиот плоштад, се движеше по улица Македонија и се врати на плоштадот Македонија, вчеравечер почна Фестивалот на уличен театар под отворено небо „Баскерфест 2017“. Фестивалот ќе трае до 25 јуни, при што на плоштадот Македонија на трите поставени сцени ќе...

Протест против одлуката на жирито на театарскиот фестивал во Прилеп

Ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп на синоќешното затворање на истоимениот фестивал, протестираше против одлуките на жирито. Во име на актерите од ансамблот, Владимир Ѓорѓијоски кажа дека публиката заслужува многу повеќе од каприците и од личните интереси на членовите на жирито, јави „Десет без десет“. Тој вели дека се поклонуваат на публиката како единствен меродавен оценувач, со надеж дека нештата...

Фестивалот на улична уметност „Баскерфест“ ќе почне утре

Фестивалот на улична уметност „Баскерфест 2017“ почнува утре и ќе трае до 25 јуни. За време на одржувањето на фестивалот, градскиот плоштад Македонија во Скопје традиционално ќе се претвори во театар под отворено небо. На отворањето ќе учествуваат педесетина изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари. На плоштадот Македонија точките на артистите ќе се одвиваат на три локации...

Филмови за Крафтверк и за Жан Мишел Жар на отворањето на „Скопје синема сити“

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, кој ќе се одржи од 15 до 19 јуни во Кинотека на Македонија, за отворањето ги најавува филмовите за пионерите на електронската музика Крафтверк, „Поп Арт“, и „Жан Мишел Жар – Историја на електронската музика“. Воедно, фестивалот го објавува својот прв промотивен видеозапис како најава за своето отворање. https://www.youtube.com/watch?v=bK75tZrzTbA Едно од главните начела...

„Скопје Синема Сити“ од 15 до 19 јуни во Кинотека на Македонија

Од 15 до 19 јуни, во киносалата на Кинотека на Македонија ќе се одржи третото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“ во организација на граѓанското здружение „Номад-Арт“ во соработка на Кинотека на Македонија. Фестивалот на својата програма ќе има документарни филмови чијашто главна тема ќе биде музиката, без оглед на жанрот или годината на продукција,...

Македонскиот хор „Мелодиум“ настапи на Фестивалот за мјузикли во Солун

Со изведба на песни од светски познати мјузикли, во пријатна атмосфера вчера во Солун настапи македонскиот хор „Мелодиум“. Хорот се претстави во рамки на Светскиот фестивал за мјузикли, кој веќе седма година се одржува во Солун со учество на хорови од цела Европа. „Мелодиум“ под  диригентската палка на Марина Коруновска настапи со пет познати нумери од познатите мјузикли „Чикаго“, „Мама миа“,...

Скопски филмски фестивал со 75 филмови за јубилејот

На свеченото отворање на годинашното, јубилејно, 20. издание на Скопскиот филмски фестивал, задутре во киното „Милениум“ ќе биде прикажан филмот „Реквием за госпоѓа Ј“, а присутни ќе бидат актерката Мирјана Карановиќ и режисерот и сценарист Бојан Вулетиќ. Годинашното издание содржи повеќе од 75 филмови, работилници и гостувања на реномирани филмски имиња, а во програмата е и првата македонска ретроспектива на Стенли...

Два филмски фестивали ќе се одржат во Штип неделава

Штип неделава ќе биде дoмаќин на два филмски фестивали. Вечерва во Домот на млади ќе гостува филмскиот планински фестивал „Ехо“, со програма која е селекција од најдобрите и наградувани филмови на фестивалот, што лани во октомври се одржа во Скопје. Филмовите изобилуваат со убавините на планината, зборуваат за планинарите, искачувањата и за слободата. Фестивалот го организираат Дом на млади од Штип и Форумот...

Фестивалот „Макфест“ повторно ќе се одржува во октомври

Фестивалот на забавна музика „Макфест“ се враќа на старите датуми на одржување, односно на 5, 6 и на 7 октомври. Според директорот на „Макфест“, Љупчо Мирковски, стариот датум се враќа на барање на штипјани, кои изданието на овој фестивал го врзуваат за месецот октомври. Мирковски соопшти дека е завршен конкурсот за нови песни, а од денеска комисијата почнува да ги преслушува...

„Скопје синема сити – Загревање“ на 3 и 4 февруари во Кинотека на Македонија

На 3 и на 4 февруари во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Скопје синема сити – Загревање“, настан на кој ќе биде прикажан избор на филмови од второто издание на филмскиот фестивал „Скопје синема сити“, што се одржа во октомври 2016 година. „Загревање“ е настан во рамките на којшто фестивалот, веќе традиционално во февруари, репризира избор од филмовите од претходното...

Заврши фестивалот „Скопје постер“ кој се одржа во Музеј на град Скопје

Денеска завршува деветтото издание на фестивалот „Скопје постер“, кој во изминативе 15 дена се одржа во Музеј на град Скопје. Во рамки на фестивалот, покрај изложените дизајнерски дела во рамки на четирите изложби, се одржаа и презентации и работилници на светски реномираните предавачи на теми „Македонија како туристичка дестинација“, „Дизајнирај влијателен социјален плакат“, „Плакат, уметност од улицата“, „Дизајнирање постер за...

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...