fbpx

Отворен првиот Истражувачки филмски фестивал Скопје

-

Со проекција на францускиот истражувачки филм „Да се биде укажувач“ и дебата на тема „Укажувачи: „тајни“ играчи кои може да ја променат историјата“, вчеравечер во киното „Култура“ беше отворено првото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје.

Големо внимание на дебатата привлече македонскиот укажувач Ѓорѓи Лазаревски, поранешниот началник од УБК, кој ги обелодени таканаречените „бомби“ со што директно влијаеше на промените кои потоа настапија во нашата земја. Тој го раскажа своето искуство и со какви притисоци и предизвици се соочувал пред и откако ги откри снимките од нелегално прислушкуваните разговори.

Лазаревски истакна дека сега е невработен и бара работа, но нагласи дека иако животот комплетно му се сменил, повторно би го направил истото. Публиката во киносалата двапати го награди со стоечки овации.

На дебатата преку „скајп“ се обрати и Бети Медсгер, легендарната американска новинарка која во 1971 година објавувајќи ги анонимно доставените документи земени од канцеларија на ФБИ, застана на страната на укажувачите и предизвика промена на законите и моќта што разузнавачките служби дотогаш ја имале врз народот.

Модератор на дебатата беше македонската новинарка Сашка Цветковска, а неа говореа и Денис Ампев од „Гласен текстилец“, адвокатката Павлина Зефиќ и Алесија Черантола и Беноа Бринже, истражувачки новинари кои беа дел од тимот репортери што работеше на истражувачката сторија „Панамските документи“, која ја освои Пулицерова награда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...