fbpx
Таг: Суд

таг: Суд

Рочиштето за „Сопот“ одложено – сведокот немал важечка лична карта

Денешното рочиште за случајот „Сопот“ во Основен суд Скопје 1 беше одложено, откако судот не можеше да го утврди идентитетот на сведокот Рамадан Бајрами. Следното рочиште, како што кажа судијката Дијана Груевска-Илиевска, ќе се одржи на 20 декември. Денешното рочиште требаше да почне со сведочењето на Бајрами, но кога тој требаше да се идентификува, покажа стара лична карта, со сини корици,...

Уредникот на „Џумхуријет“ осуден на затворска казна за порака на „Твитер“

Турскиот суд го осуди уредникот на интернет-изданието на опозицискиот весник „Џумхуријет“, Огуз Гувен, на три години и еден месец затвор врз основа на обвинението за прибегнување кон „терористичка пропаганда“, соопшти денеска весникот. Гувен е обвинет поради порака на „Твитер“, во која е јавено дека во сообраќајна несреќа загина обвинител што го поднел првото обвинение против мрежата на проповедникот Фетулах Ѓулен. Гувен е...

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за Грујовски е партиско-политичка нарачка

Одлуката на судот нема никаква правна основа и е партиско-политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Македонија, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешните пресуди за случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. - Ова е апсурден предмет со кој се обвинува за фалсификат, а се става на товар дека наводно биле уништени исправи со...

Шврговски најави жалба на пресудата за Грујовски за „Тврдина 2“

Адвокатите на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, најавија жалба на пресудата за една и пол година затворска казна, по завршувањето на денешното рочиште на кое судијката Лидија Петровска ги соопшти пресудите и казните за обвинетите во случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. - Ние очекувавме ослободителна пресуда бидејќи сме на став дека не постои како објект на заштита...

Кежаровски: Скапував во затвор поради лажен сведок подметнат од тајната полиција

По една деценија судења и неколку повторени судски постапки за случајот „Ореше“, велешкиот суд денеска донесе ослободителна пресуда за обвинетите во овој случај. Новинарот Томислав Кежаровски, кој за случајот „Ореше“ во притвор помина една година и девет месеци, се огласи на својот фејсбук-профил. „Во образложението на пресудата се наведува дека „заштитениот“ сведок ниту бил заштитен, ниту загрозен, туку бил лажен, кој сведочел по налог на тајната...

Шпанскиот Врховен суд почна процес против каталонските законодавци

Шпанскиот Врховен суд почна да го процесуира обвинението за бунт поднесено против претседателката на каталонскиот парламент, Кармен Форкадела, како и други високи законодавци од тој регион, соопшти денеска портпаролот на судот. Шпанскиот државен обвинител, Хозе Мануел Маса, како што беше најавено во понеделникот, го обвини поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, за побуна, измама и за злоупотреба на јавните фондови. Сменетиот...

Прислушувањето се врши легално со наредби од судот, велат од МВР

Следењето на комуникациите во Министерството за внатрешни работи се врши во согласност со законските процедури - со наредба од суд преку Јавното обвинителство, велат од МВР за „Нова ТВ“ во врска со обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изнесени во интервјуто во емисијата „Седмица“ на телевизијата „Алфа“, дека стотина членови на раководството на партијата се прислушувани од МВР. „Тоа...

Мијалков се повикува на судска одлука за Заев за и нему да му биде вратен пасошот

Одбраната на Сашо Мијалков, обвинет во случајот на СЈО „Таргет“, сè уште чека одговор од Кривичниот суд во врска со барањето за враќање на пасошот што му беше одземен. Адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски, изјави дека за враќањето на пасошот се повикале на судската практика, односно на одлуката на судот да му биде вратен пасошот на лидерот на СДСМ и...

Обвинетиот за нападот во лондонското метро изведен пред суд

Осумнаесетгодишниот Ахмед Хасан денеска е изведен пред судот во Лондон под обвинение за обид за убиство во врска со бомбашкиот напад во метро-станицата Парсонс грин, јави „Би-би-си“. Тој е обвинет и за предизвикување експлозија која може да го загрози животот или да предизвика сериозни повреди. Хасан пред судот го потврдил својот идентитет, датумот на раѓање и адресата на која живее. Во...

СЈО да работи во рамки на ОЈО, предвидува стратегијата за реформи во правосудството

Работната група за подготвување на стратегијата за реформи на правосудниот сектор во Македонија денеска во Охрид ја презентираше нејзината нацрт-верзија, според која треба да се изработат законски решенија за судовите, јавното обвинителство, јавните обвинители и за судскиот совет. Стратегијата за реформи во правосудството и акцискиот план предвидуваат подобрување на условите за работа на судиите, јавните обвинители, судската и на јавно-обвинителската служба,...

Апелациja го прекрши законот и донесе скандалозна одлука, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопскиот Апелациски суд го укина решението на Основниот суд во Скопје, со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните разговори да не бидат доказ во кривична постапка, а со тоа направи класично прекршување на законот и донесе скандалозна одлука спротивно на правото и спротивно на која било логика и рационално размислување. Ова денеска на прес-конференција го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски. -...

Судот во Гњилане го ослободи од вина Нацист за нападите во Скопје и во Тетово

Судот во косовскиот град Гњилане го ослободи Лирим Јакупи - Нацист, член на герилските групи на етничките Албанци во Косово, Македонија и во Србија, осуден за нападот врз македонската полиција во Тетово во 2004 и на полицијата во Скопје во 2014 година, јавува „Балкан инсајт“. Основниот суд во Гњилане вчера одлучи дека Јакупи не е виновен за вооружениот напад врз...

Апелација ги разгледува жалбите на СЈО и на Канческа-Милевска

Во Апелациски суд - Скопје денеска се одржува јавна седница на која се разгледуваат жалбите за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Жалби до Апелацискиот суд имаат поднесено и Специјалното јавно обвинителство, кое бара да се поништи одлуката на првостепениот суд и на Канчевска-Милевска да ѝ се одреди притвор, но и обвинетата, која исто...

Обвинителството бара највисоки казни за обвинетите во „Диво Насеље“

Обвинителството за организиран криминал и за корупција бара судот да им одреди највисоки казни за 37-те обвинети за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Куманово. Обвинителите Вилма Рускоска и Наум Пановски на денешното рочиште ги дадоа завршните зборови, неколку часа презентирајќи ги анализираните докази за секој од обвинетите, содржани на 40 страници. На рочиштетот, како...

Притворен разбојник што ограбил девет аптеки во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против против едно лице кое се товари дека извршило девет разбојништва во исто толку аптеки во Скопје. Како што соопшти денеска обвинителството, осомничениот, кој е на 44-годишна возраст, разбојништвата ги извршил во периодот од 23 јуни до 18 јули, заканувајќи се со пиштол кон вработените во аптеките, од кои однел извесна сума пари. Судот...

Истражување: Судовите во Македонија се најмалку транспарентни во регионот

Отвореноста на судовите и на јавните обвинителства во регионот не е на задоволително ниво, покажа истражувањето за степенот на отвореност на судските органи во регионот, спроведено во шест земји од регионот, во рамки на проектот „Актион СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Во просек, судовите...

Убиецот на Њемцов доби 20 години затвор

Московскиот окружен воен суд го осуди убиецот на опозицискиот политичар Борис Њемцов, Заур Дадејев, на 20 години затвор. Поротата на 29 јуни одлучи дека сите петмина обвинети за убиството се виновни. Дадајев, поранешен припадник на специјалните полициски сили на Чеченија, е виновен затоа што пукал во Њемцов на Големиот московоречки мост, во близина на Кремљ, на 27 февруари 2015 година. Вториот обвинет, Тамерлан...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО со клеветнички изјави сака да ја покрие својата непрофесионалност

Очигледна е нервозата на Специјалното јавно обвинителство заради фактот што знаат дека не поседуваат никакви докази и затоа со лажни и клеветнички изјави се обидуваат да ја покријат својата пристрасност и непрофесионалност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, по денешното рочиште за случајот „Шамари“, кое се одложи. „Неверојатно е што денеска, кога по...

ОЈО бара притвор за директорот на Клиниката за неврохирургија поради примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против директорот на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој се товари за примање поткуп. Како што соопштија од Обвинителството, јавниот обвинител до судот поднел барање на осомничениот да му биде одреден притвор од 30 дена. Од МВР претходно информираа дека директорот на клиниката бил уапсен...

Одбиена жалбата на СЈО, Кочан ќе се брани од слобода

Кривичниот совет синоќа ја одби жалбата на Специјалното обвинителство покрената поради укинувањето на мерката притвор за бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случјот „Труст“. Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на вчера изнесоа аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото и оти гаранцијата од околу 900.000 евра и одземениот пасош не се доволна гаранција. Одбраната...
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...