Шврговски најави жалба на пресудата за Грујовски за „Тврдина 2“

-

Адвокатите на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, најавија жалба на пресудата за една и пол година затворска казна, по завршувањето на денешното рочиште на кое судијката Лидија Петровска ги соопшти пресудите и казните за обвинетите во случајот „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство.

– Ние очекувавме ослободителна пресуда бидејќи сме на став дека не постои како објект на заштита службена исправа која може да биде предмет на ова кривично дело. Очигледно, со судот имаме различна диоптрија на гледање на работите и од тие причини ние ќе поднесеме жалба на овие околности и на околностите околу надлежноста што ја оспоривме во текот на завршните зборови – изјави адвокатот Љупчо Шврговски.

Претходно, обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, во изјава за медиумите рече оти се задоволни од пресудата за Грујoвски и за шесте службенички во УБК, осудени за уништување илјадници списи во случајот „Тврдина 2“.

– Ваквата пресуда беше според нашите очекувања. Ние сме задоволни, но ќе ја почекаме пресудата и ќе ги разгледаме аргументите на судот, па ќе одлучиме дали ќе се жалиме – рече Ристоска.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...