fbpx
Таг: Суд

таг: Суд

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот премиер за кого бизнисмени сведочат за корупција

Зоран Заев е единствениот премиер во Европа за кого бизнисмени сведочат дека бесрамно ја злоупотребувал службената положба барајќи поткуп, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „Заев веќе нема кредибилитет да биде премиер“. „Човек кој барал по едно евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата не може да биде...

Сачевалиев сведочеше дека го наведувал Заев

Иван Николов Сачевалиев, главниот сведок во случајот „Поткуп“ против Зоран Заев на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 сведочеше дека кога одел кај поранешниот градоначалник на Струмица опремен со камери, го наведувал обвинетиот Заев да изговара реченици за потребите на МВР и Обвинителството за организиран криминал, известува „СДК“. - Обвинетиот го снимав на закажаната средба во кабинетот на Заев....

Одложено рочиштето во Атина за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

Врховниот суд во Атина за 9 март го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски поради отсуство на еден од адвокатите. Минатото рочиште што беше одржано на 16 февруари, беше одложено поради краткиот период што го имале адвокатите...

Хелсиншки: Не се прекршени законите при притворањето на пратениците

Хелсиншкиот комитет за човекови права не констатирал кршење на процедурите, пропишани со Уставот и законите, во врска со приведувањето и притворањето на шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Ова, како што информираа денеска од Хелсиншки, било утврдено по спроведената постапка по претставка поднесена од пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за приведувањето и притворањето на нивните...

Осомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам денеска на судење во Белгија

Салах Абдеслам, единствениот преживеан осомничен за учество во терористичкиот напад во Париз, во ноeмври 2015 година, денеска треба да се појави во судот во Белгија, јавуваат светските медиуми. Дваесет и осумгодишниот Абдеслам беше уапсен во Белгија четири месеца по нападот во кој во концертна сала, на стадион и во ресторани и барови беа убиени 130 луѓе, а неколку стотини...

ВМРО-ДПМНЕ: Судот е директен учесник во продлабочувањето на кризата поттикната од власта

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27 април, се терористи колку што се терористи македонските иселеници кои вчера протестираа низ Европа и светот, повторно реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за продолжувањето на притворите на осомничените за минатогодишните насилства во Собранието. Од партијата велат дека Македонија е узурпирана држава каде е...

ВМРО-ДПМНЕ: Дурловски и Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор

Игор Дурловски и Елена Доцевска – Божиновска непотребно ќе се држат во куќен притвор, како што непотребно јавното обвинителство два месеци се „изживуваше со нив“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Од партијата велат дека нема аргументи дека осомничените ќе го повторат...

„Фени“ ќе почне со работа во февруари, но не се знае кој датум

Комбинатот „Фени“ ќе почне со работа во февруари, но конкретниот датум не се знае информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. „Истовремено потенцираме дека постапката е во надлежност на судската власт, како и во согласност со одлуките на Одборот на доверители и ќе продолжи да се спроведува и понатаму. Напоменуваме дека за целосно рестартирање на работата на...

Трамп: Американскиот судски систем е неправеден

Претседателот на САД, Доналд Трамп го критикуваше американскиот судски систем велејќи дека тој е неправеден. Трамп ова го изјави по одлуката на судот во Сан Франциско привремено да го блокира неговиот план за укинување на програмата која ги штити младите имигранти од депортација. „Тоа само покажува колку нашиот судски систем e скршен и нефер“, напиша Трамп на „Твитер“. Американскиот окружен судија...

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ги ослободи притворените за 27 април

Десетици неосновано притворени граѓани наместо со своите семејства новата година ја поминаа во ладни ќелии, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и реагираат на продолжениот притвор на осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Од партијата велат дека притворените се „жртви на политички прогон, кои ја чувствуваат инквизицијата на 21 век на сопствена кожа“. „Притворените граѓани се лишени од загарантираните човекови права,...

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите не смеат да бидат алатка за политички прогон

Не постои никаква правна аргументација уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам да се држат во притвор, се вели во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која реагира на продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. „Тие се целосно невини и секоја поинаква одлука од страна...

Мемети: Полицијата го прекршила правото на имунитет при приведувањето на пратениците

Полицијата го повредила правото на пратeнички имунитет и начелото на презумпција на невиност при приведувањето на тројцата пратеници на 28 ноември, годинава, како дел од 36-мината осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, констатирал Народниот правобранител. Според Омбудсманот, полицијата во случајов не го почитувала Правилникот за начин и вршење на полициски работи. На денешниот брифинг со новинарите, народниот правобранител Иџет...

Судот денеска или утре ќе одлучува за притворот на осомничените од 27 април

Кривичниот суд од Скопје денеска, а најдоцна утре треба да одлучи по барањето на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за продолжување на притворите на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чаквов, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и уште петнаесетина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април оваа...

Експлозија пред судот во Атина

Силна експлозија утринава го оштети судскиот комплекс во центарот на Атина, неколку часа откако Парламентот усвои поостри мерки против демонстрантите, соопшти полицијата, додавајќи дека нема жртви. Експлозијата се случила пред зори, по анонимна телефонска дојава во еден грчки дневен весник и портал.Полицијата соопшти дека припадници на обезбедувањето забележале двајца мажи, за кои постои сомнение дека се напаѓачи, како оставаат торба...

Солунскиот суд изрече затворска казна од 1.489 години за криумчарење мигранти

Судот во Солун осуди 23 лица на затворска казна од осум до 1.489 години поради криумчарење ирачки и сириски бегалци во Грција. Осудените криумчареле бегалци од турската граница во 2015 и 2016 година. Судот најдолга затворска казна му изрекол на 54-годишен Грк, осуден за предводење на групата криумчари кои организирале транспорт за повеќе од 500 бегалци во 43 одвоени случаи. Според грчкиот...

Мемеди очекува откривање на вистината за настаните во Собранието на 27 април

Претседателот на Национална демократска преродба (НДП), Весел Мемеди, во соопштение до јавноста вели дека не е вклучен во ниту една притивзаконска активност за настаните во Собранието на 27 април, откако некои медиуми објавија дека полицијата извршила претрес во неговиот дом, при што му бил одземен мобилниот телефон, поради сомнеж за негова вклученост во настаните од 27 април во Собранието. „Во оваа...

Бејли: Одговорност за настаните на 27 април, но и презумпција на невиност

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, денеска порача дека Амбасадата на САД будно ги следи настаните поврзани со случувањата во Собранието на 27 април и дека полицијата, обвинителството и правосудниот систем мора да дејствуваат транспаретно, со почитување на највисоките стандарди при изведувањето на овој процес. - Полицијата, обвинителството и правосудниот систем мора да работат транспарентно, со почитување на највисоките...

Судот утре ќе донесе пресуда за Ристевски, кој ја призна вината во „Шамари“

Судијката Татијана Михајлова за утре го закажа објавувањето на пресудата на Јордан Ристевски, кој на денешното рочиште се изјасни за виновен во случајот „Шамари“ на СЈО, за насилството во Општина Центар во јуни 2013 година. На одвоеното судење, тој рече дека доброволно ја признава вината и дека никој не му вршел притисок ниту му се заканувал за да го признае делото,...

Џафери: Ако добијам барање за одземање на имунитетот, ќе постапам во согласност со процедурата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека засега нема добиено барање за одземање имунитет на пратеници кои денеска беа уапсени поради насилствата во Собранието од 27 април. Тој рече дека ако добие такво барање, ќе го препрати до надлежната собраниска комисија. - Доколку до мене биде доставено барање од соодветна надлежна институција од судската власт, јас не можам да избирам...

Кривична пријава за арачиновецот што обвиткан со петарди дојде на „Диво Насеље“

СВР Скопје поднесе кривична пријава за загрозување на сигурноста против арачиновецот Е.И.(57), кој на 2 ноември дојде со појас со петарди пред Врховен суд, во текот на изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“. Тој првин отишол во адвокатска канцеларија во Стара чаршија, каде оставил лист испишани закани, а потоа се упатил кон судот. Таму бил сопрен од полицијата, која по...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...