fbpx

Џафери: Ако добијам барање за одземање на имунитетот, ќе постапам во согласност со процедурата

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека засега нема добиено барање за одземање имунитет на пратеници кои денеска беа уапсени поради насилствата во Собранието од 27 април. Тој рече дека ако добие такво барање, ќе го препрати до надлежната собраниска комисија.

– Доколку до мене биде доставено барање од соодветна надлежна институција од судската власт, јас не можам да избирам меѓу тоа дали ќе постапувам или не, затоа што како претседател на Собранието мора веднаш да ја препратам до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која е надлежна да расправа за барањето – рече Џафери.

Според процедурата, донесената одлука Комисијата ја враќа до претседателот на Собранието, кој потоа свикува седница на која ќе се расправа по барањето на судот.

– Во контекст на процедурите што се пропишани со Устав и со деловникот за работа на Собранието, сметам дека има дилеми во однос на почитувањето или непочитувањето докрај на соодветната процедура во врска со одредбите од член 64 од Уставот, каде е стриктно прецизирано дека пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието. Оваа одредба потоа ја прецизира деловникот во деловите од членот 53 до 59, во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на Обвинителството. Во тој контекст сметам дека не се докрај испочитувани процедурите – рече Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...