fbpx

Рочиштето за „Сопот“ одложено – сведокот немал важечка лична карта

-

Денешното рочиште за случајот „Сопот“ во Основен суд Скопје 1 беше одложено, откако судот не можеше да го утврди идентитетот на сведокот Рамадан Бајрами. Следното рочиште, како што кажа судијката Дијана Груевска-Илиевска, ќе се одржи на 20 декември.

Денешното рочиште требаше да почне со сведочењето на Бајрами, но кога тој требаше да се идентификува, покажа стара лична карта, со сини корици, издадена во 2002 година.

Тоа беше причина судијката со поротниците да се повлече на консултација, по што Илиевска рече дека судот не може да утврди идентификација и побара Бајрами на следното рочиште, на 20 декември, да дојде со важечка биометриска лична карта или со пасош.

Рамадани потоа објасни дека имал биометриски пасош, ама го оставил дома.

Предметот „Сопот“ се однесува на случајот од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа откако теренско возило на НАТО нагази мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам, под обвинение дека ја подметнале експлозивната направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

„Сопот“ беше повторно отворен годинава откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот на СЈО, затоа што во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...