fbpx
Таг: снег

таг: снег

Четири деца спасени од снежното невреме

Четири лица се спасени откако биле завеани во автомобил  на патот Бошков мост – село Лазарополе, информираше Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. – ДЗС спаси и четири деца и едно повозрасно лице завеани во село Гари, кои беа пренесени на безбедно место - изјави Салиу. Дирекцијата, додаде тој, интервенирала со 18 машини за чистење на снегот и со 14 камиони,...

Австрија: Лавина усмрти двајца Американци

Лавина над австриското скијачкото место Селден затрупа двајца скијачи. Според првичните информации, жртвите се Американци, кои сами ја покренале лавината. Спасувачките служби ги пронашле жртвите. Во овој дел од планината во австриската покраина Тирол на сила е трет степен предупредување од лавини, од вкупно пет. Американските туристи најпрво скијале на 3.056 метри високиот Гаислахјогел, по што ги напуштиле обезбедените патеки.

Студено време со услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со услови за слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од -3 Целзиусови степени до -5 степени. Во текот на вечерните часови температурата се очекува да се спушти и до -10 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 1 Целзиусов степен.

Денеска повторно снег

Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно. Поради влажниот бран што се спушта од од север, во вечерните часови ќе има услови за врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а на планините повремено со умерен интензитет и таму снежната покривка можно е да се зголеми за околу 10 сантиметри. Овие врнежи ќе се позастапени во северните и во...

Јанакиески: Сите села во Македонија денеска ќе бидат ослободени од снегот

Приодите до најголемиот дел или речиси до сите населени места кои поради снегот беа отсечени, денеска треба да бидат пробиени и да може нормално да функционираат, а се очекува и снабдувањето со електрична енергија да биде решено во најкритичните места, е заклучокот од денешниот состанок на Координативното тело на кризниот штаб, истакна  министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. -...

Три лица починаа од студ во Босна и Херцеговина

Трет случај на смрзнување е регистриран во Босна и Херцеговина, јавуваат босанските медиуми. Телото на 53-годишен маж вчера било пронајдено во Долна Јабланица, а по обдукцијата било утврдено дека смртта настанала поради смрзнување. Во Зеница завчера беше пронајдено тело на 44-годишен маж, за кого медиумите објавија дека е бездомник и оти тимот на Итната помош се обидел да го реанимира, но...

Утринава нов состанок на Кризниот штаб

Денеска, во 9 часот, во Министерството за транспорт и врски почна состанок на Координативното тело на кризниот штаб. По состанокот предвидена е изјава за медиумите во Министерството за транспорт и врски.

Најмногу снег во Маврово – 65 сантиметри

Најмногу снег, 65 сантиметри, има во Маврово, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму велат дека во Крушево снежната покривка изнесува 35 сантиметри, додека во Пожаране е измерен еден сантиметар помалку. Во станатите градови и места измерени се: Тополчани – 21 см, Тетово – 20 см, Охрид и Ѓуриште – 19 см, Битола – 18 см, Претор – 16 см, Пожар – 13 см, Прилеп – 12 см, Скопје- Зајчев Рид...

Балканот живее на минус 30 степени

Освен во Македонија, многу ниска температура има и низ целиот Балкан, па така со -32 Целзиусови степена, Пештерската висорамнина во југозападна Србија вчера беше најладното место во регионот. Температура од 26 Целзиусови степени под нулата беше измерена и во градот Сјеница, а бугарскиот и босанскиот хидро-метеоролошки завод издадоа предупредувања за екстремно ниска температура и силен ветер. Првпат по 60 години снег...

Поради времето, укинати возовите за Кичево и за Битола

Од утре привремено ќе бидат укинати возовите број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје – Кичево – Скопје поради лошите временски услови и ниската температура. Како што соопшти МЖ „Транспорт АД – Скопје“, двата наведени воза нема да сообраќаат сè додека не се создадат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.

Општина Центар се испофали, снегот и мразот ја демантираат

Службата за односи со јавност на Општина Центар денеска се пофали дека општинската зимска служба до раните утрински часови ги расчистувала улиците и тротоарите што се во нејзина надлежност. - Снегот се чистеше со три зимски возила, а фрлени се и 25 тони сол. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, цела ноќ беше со службите и надгледуваше како се одвива отстранувањето...

Отежнато движење по патиштата во Македонија

Денеска на патнитe правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга, како и на планинските премини Пресека и Стража, е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на автобуси, а за патничките возила задолжителна е употреба на зимска опрема. „На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови...

Студено и снежно време

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, а ќе има и повремени врнежи од снег со слаб интензитет, особено во јужните делови од земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе има извесно намалување на облачноста. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северен правец, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Утринската...

Жителите од охридската населба Гоце Делчев во ризични услови за живот!

Жителите од охридската населба Гоце Делчев се пожалија дека се оставени во ризични услови за живот. При секои врнежи од снег, особено како што се последните, проследени со многу ниска температура, жителите од оваа населбата, попозната како Бараки или населба ЕМО, се соочуваат со големи проблеми. Населбата е изградена над Охрид, од југоисточната страна, на стрмен потпланински терен. Навистина лете...

Северозападна Бугарија блокирана од снег

Северозападниот дел од Бугарија е парализиран од снежни врнежи и од наноси до три метри снег. Владата поради тоа ги предупреди возачите без поголеми потреби да не патуваат на подрачјето на окрузите Видин, Монтана, Враца, Плевен и Ловеч. Од патот Монтана-Лом се извлечени 200 возила, кои со часови беа во снежна блокада.  

Студот ја приклешти Битола

Студот и мразот ја приклештија Битола. Утрово во градот под Пелистер температурата се спушти до -14 Целзиусови степени. Студот ги остави битолските улици речиси празни. Битолчани имаат искуство со поларниот студ во 2011 и во 2006 година кога температурата се спушти и до -38 степени. Поради испад на 10-киловолтен далновод, од вчера без струја се пограничните села Породин и Лажец,...

Патниците преживеаја ноќен хорор на Пресека, министерот Јанакиески е незадоволен од „Македонија пат“!?

Не сум задоволен од работата на „Македонија пат“, но имам ветување од директорот дека во текот на утрешниот ден, патот од Извор и Пресека па сè до Ботун, кој е критичен, ќе биде прооден за сите возила. Ова синоќа во Охрид го рече министерот за транспорт и врски на Република Македоинија, Миле Јанакиески, откако и самиот од Скопје патувал...

Струјата полека се враќа

По снежното невреме и силниот ветер во изминатите два дена, кои предизвикаа дефекти во дистрибутивната мрежа, се стабилизира проблемот со струјата во земјава. Ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија, особено во охридско-струшкиот регион, кој најмногу беше на удар од снежното невреме, е нормализиранa. Според динамиката на работа, најавено е дека во текот на денешниот ден до 14 часот ќе биде нормализирано снабдувањето...

Патиштата низ Македонија се проодни

Од кризниот штаб информираат дека патните правци низ земјава се расчистени. Охрид и Струга добија електрична енергија. Единствено проблем има кај селото Коларе каде имало застој на возила, а за кратко време комплетно прооден ќе бил и патниот правец кај Пресека. Од МЕПСО, пак, информираат дека по направените натчовечки напори, саниран е дефектот на високонапонската мрежа. Утрово министерот за транспорт и врски го свика повторно...

Снегот ја одложи и седницата на охридскиот градски Совет

Поради неповолната временска состојба, која предизвика низа проблеми во системот за снабдувањето со електрична енергија во Охридско, седницата на Советот на Општина Охрид, која требаше да се одржи денеска, е презакажана за утре во 10 часот. На оваа седница советниците ќе расправаат за предлог-одлуките за развојните програми и за буџетот за 2015 година. Исто така, на дневен ред на седницата ќе...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...