Општина Центар се испофали, снегот и мразот ја демантираат

Службата за односи со јавност на Општина Центар денеска се пофали дека општинската зимска служба до раните утрински часови ги расчистувала улиците и тротоарите што се во нејзина надлежност.

– Снегот се чистеше со три зимски возила, а фрлени се и 25 тони сол. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, цела ноќ беше со службите и надгледуваше како се одвива отстранувањето на снегот. И утринава зимските служби ја продолжија работата – соопштија од Општината.

Оттаму пратија и неколку фотографии на кои се гледа како службите во присуство на градоначалникот го расчистувале снегот, но на фотографии од околината на редакцијата на „Мета“ може да забележи дека не е баш така – стариот снег и новиот мраз стојат на улиците, наспроти она што го соопштуваат од Општината.