fbpx

Денеска повторно снег

-

Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно. Поради влажниот бран што се спушта од од север, во вечерните часови ќе има услови за врнежи од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб, а на планините повремено со умерен интензитет и таму снежната покривка можно е да се зголеми за околу 10 сантиметри. Овие врнежи ќе се позастапени во северните и во западните делови од земјата.

Денеска максималната температура се очекува да достигне 2 Целзиусови степени во Тетово и во Маврово, 3 степени во главниот град Скопје, а 7 Целзиусови степени во Гевгелија. Утринската температура се движеше од -6 степени до 1 Целзиусов степен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...