Трет случај на смрзнување е регистриран во Босна и Херцеговина, јавуваат босанските медиуми.

Телото на 53-годишен маж вчера било пронајдено во Долна Јабланица, а по обдукцијата било утврдено дека смртта настанала поради смрзнување.

Во Зеница завчера беше пронајдено тело на 44-годишен маж, за кого медиумите објавија дека е бездомник и оти тимот на Итната помош се обидел да го реанимира, но безуспешно, а беше откриено и тело на 59-годишен маж, во близината на Тузла, односно на нива, во близина на неговата куќа. И за ова лице утврдено е дека починало од студ.

Температурата во текот на ноќта во тој дел на Босна се спушти и до 18 Целзиусови степени под нулата.