Таг: паника
таг: паника
Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот
Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка болест која би можела да се појави во иднина и за која здравствените експерти сметаат...
Народна банка смирува: Пропаѓањето на американската банка нема директни ефекти кај нас
Пропаѓањето на американската Sillicon Valey Bank (Банка на Силициумската Долина) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање, порача Народната банка на Северна Македонија.
Оттаму велат дека билансите на нашите банки „се исклучително солидни, високо капитализирани...
Во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, доволни се до следната реколта
Владата денеска уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат смирени, бидејќи државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, коишто како количини се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.
„Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички...
Нафтени деривати има доволно, не си ја трошете безцелно семејната заштеда кога бензините се најскапи
Јавување по телефони на членови на семејството и на пријатели и споделувања по социјалните мрежи. На овој начин, во земјава вчера се создаде паника кај населението дека треба да се складираат нафтени деривати и да се оди на бензинските пумпи, бидејќи ќе снема гориво поради ограничувањето на купувањето на горива кај некои помали бензински пумпи. Низ Скопје, Штип и...
Милорад Милојевиќ, Радио Слободна Европа: Новинарите во БиХ веќе остануваат без работа поради пандемијата
Епидемијата на ковид-19 во повеќе аспекти влијаеше на новинарите, кои претставуваа врска помеѓу здравството и јавноста во текот на кризата. Јавноста будно следеше сè што има врска со пандемијата, не обрнувајќи внимание на оние кои тие информации секојдневно им ги пренесуваат. Истовремено, новинарите на своите работни задачи честопати беа изложени на епидемијата и беа без соодветна заштита. Оваа професија...
Феноменот „инфодемија“, уште еден ризик покрај пандемијата на корона вирус
Дезинформациите пред сè предизвикаа паника кај граѓаните и, како резултат на склоноста на граѓаните да ги шират сите информации што ги читаат, непроверени и често пати лажни, тие стигнаа до голем дел од јавноста.
Феноменот на „инфодемија“ брзо се распространува во последните неколку недели. Бројни и разни дезинформации се дистрибуираат уште од моментот кога почна известувањето за корона вирусот или...
ЕУ предупредува на наплив на дезинформации за Ковид-19 „испорачани“ од Русија
На прв поглед се забележува дека напорите за ширење дезинформации за новиот корона вирус Ковид-19, кои ги има во изобилство, се во насока на потпомагање на руските интереси, пишува euvsdisinfo.eu, проект на ЕУ за предвидување и сузбивање на дезинформациските кампањи што доаѓаат од Русија.
Дезинформациите се во различни форми – од пишување на про-кремљовски онлајн медиум дека новиот корона вирус...
Радмила Живановиќ: Паничната ситуација кај секој од нас развива различни механизми за справување
Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека пикот на корона вирусот се очекува да биде за отприлика еден месец, а бројот на заболени да се искачи и до 2.000 лица. Во период кога заразата се шири, така расте и стравот кај населението. Лиценцираниот психолог-психотерапевт во „Психотерапика“, Радмила Живановиќ објаснува зошто човекот во овие моменти се однесува ирационално. Таа потенцира...
Докторите од Кичево смируваат: Се шири непотребна паника, локалната болница е подготвена
Кичевската болница е подготвена да се справи со корона вирусот, велат локалните доктори. Издвоен е посебен објект со две соби каде што во период од 48 часа ќе се сместуваат оние пациенти за кои се прават анализи за Ковид-19. Докторот Илми Мехмеди од инфективното одделение на кичевската болница апелира до граѓаните да не паничат, известува „Порталб.мк“.
Докторот Мехмеди изрази оптимизам...
Известувањето за корона вирусот, дезинформациите и сензационалистичкиот јазик во косовските медиуми
Новиот корона вирус (COVID-19) во последните денови и недели е главна грижа на многу држави. Во Косово сè уште не е потврден ниту еден случај со овој вирус, но косовското општество е изложено на бројни и разновидни информации за него и за состојбата. Уште пред појавата на случај на заразен во Косово, граѓаните, како резултат на начинот на кој...
Српски весник прво поттикнал паника за корона вирусот, па ја „спуштил температурата“
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...
Препораки за новинарите за известување за новиот корона вирус
Глобалната мрежа за истражувачко новинарство -ГМИН (Global Investigative Journalism Network) објави низа препораки за новинарите кои известуваат за состојбите со новиот корона вирус COVID-19.
Вклучувајќи совети од различни новинарски организации, искусни новинари и експерти, ГМИН препорачува во мала мерка да користат „субјективните“ придавки, како „смртоносна“ болест, фотографиите и другите илустрации да се користат многу внимателно за да се спречи можноста...
ЗНМ и Европската федерација на новинари апелираат за одговорно известување за корона вирусот
Здружението на новинарите на Македонија се придружува на повикот на Европската федерација на новинари (ЕФН) во апелот до медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при известувањето за „Корона вирусот“ (COVID-19).
„Новинарите и медиумите имаат одговорност да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника...
Немало пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“
Текстот со наслов „ВИДЕО: Пожар во средното училиште „Јосип Броз Тито““ дезинформира и исто време шири паника за наводен пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, пишува „КриТинк“. Не станува збор за никаков пожар туку вежба, како да се постапи и како да се евакуира персоналот во случај на пожар.
Вежбата во случај на пожар во средното училиште „Јосип Броз-Тито“ во текстот...
БИРН Косово: Предвидениот земјотрес на социјалните мрежи беше лажна вест
Косовската секција на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) анализираше информација од таканаречената Научна природна компанија за потенцијален земјотрес во Косово, објавена на социјалните мрежи на 28 ноември. Според оваа информација се очекувал земјотрес во 2 часот по полноќ со интензитет од 7,2 во Јадранско море, а истиот во Косово би се чувствувал со јачина од 6,6 степени.
KALLXO.com за...
Еди Рама со последно предупредување до порталите да не шират лажни вести за земјотреси
Албанскиот премиер Еди Рама упади остро предупредување до порталите поради ширењето вести за земјотресите, со коишто се зголемува паниката кај населението во Албанија по трагичниот земјотрес рано утрото на 26 ноември, јавува Порталб.мк.
„Сакам последен пат да ги предупредам порталите и телевизите дека според законските рамки и прогласената итна состојба, ќе бидам приморан да интервенирам остро и да ги затворам...
Човечка грешка предизвика паника на Хаваи со лажен аларм за напад со балистички ракети
Поради човечка грешка, повеќе од милион и половина жители на Хаваи и туристи вчера беа вџашени и крајно вознемирени откако на своите мобилни телефони добија порака дека балистички ракети се упатени кон Хаваи и сите мора да се засолнат, со напомена дека не станува збор за грешка.
За среќа, алармот испратен вчера претпладне по локално време беше лажен, а станувало...
Полицијата во Лондон се повлекува, немало докази за пукање
По големата паника што го зафати Лондон, под сериозни сомнежи за терористички напад со пукање во метро-станицата Оксфорд сиркус, специјалните полициски сили се повлечени, а станицата е повторно отворена. Повторно е отворена и станицата Бонд стрит, која беше затворена за да не се случи огромна маса луѓе во паника да влезе во неа, обидувајќи се да се евакуираат.
Според „Би-би-си“, полицијата не...
Паника во и околу метро-станицата Оксфорд во Лондон
Една од најфреквентните метро-станици во Лондон вечерва е евакуирана, откако беше пријавен инцидент со пукање. Имаше информации и дека се пукало на улиците во близина и, според досегашните сознанија, најверојатно станува збор за терористички напад.
Полицијата не соопштува детали, туку само упати апел до граѓаните да не се движат во тој дел на Лондон без потреба. На улиците во близина...
СДСМ: Жртвата во Љуботен не е поврзана со пожарите, ВМРО-ДПМНЕ да не шири паника
ВМРО-ДПМНЕ да престане неосновано да шири паника, случајот во Љуботен не е поврзан со пожарите, а институциите активно работат на терен, велат од СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека поради пожарите во скопското село Љуботен било пронајдено изгорено човечко тело.
„Во недостиг од идеи и без капацитет да ја надмине матрицата на криминалниот врв, ВМРО-ДПМНЕ...