fbpx

БИРН Косово: Предвидениот земјотрес на социјалните мрежи беше лажна вест

-

Косовската секција на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) анализираше информација од таканаречената Научна природна компанија за потенцијален земјотрес во Косово, објавена на социјалните мрежи на 28 ноември. Според оваа  информација се очекувал земјотрес во 2 часот по полноќ со интензитет од 7,2  во Јадранско море, а истиот во Косово би се чувствувал со јачина од 6,6 степени.

KALLXO.com за да ја потврди оваа информација го контактираше директорот на Косовскиот сеизмолошки институт, Шемси Мустафа, кој овие информации ги нарече лажни вест и пропаганда и истакна дека институциите што ги следат земјотресите немаат опрема за да се предвидат локацијата, големината и времето на земјотресот.

Со ова образложение споменатата информација беше оценета како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...