fbpx

Известувањето за корона вирусот, дезинформациите и сензационалистичкиот јазик во косовските медиуми

-

Новиот корона вирус (COVID-19) во последните денови и недели е главна грижа на многу држави. Во Косово сè уште не е потврден ниту еден случај со овој вирус, но косовското општество е изложено на бројни и разновидни информации за него и за состојбата. Уште пред појавата на случај на заразен во Косово, граѓаните, како резултат на начинот на кој пренесуваат медиумите, почнаа да чувствуваат страв, особено по случаите во Албанија.

По прашањето за царините и односите меѓу Косово и САД, следната најдискутирана тема во косовската јавност е корона вирусот. Американскиот професор Бернард Коен вели дека медиумите можеби не се успешни во најголем број од случаите да им кажат на луѓето што да мислат, но се неверојатно успешни во тоа да им кажат за што да размислуваат. Чувствителноста на известувањето за случаи поврзани со здравјето, како што е прашањето на корона вирусот, бара од новинарите да бидат повнимателни кога известуваат. Медиумите треба да ја извршуваат функцијата на информирање на општеството, но тоа треба да го сторат така што ќе ја подигнат свеста на општеството за некоја епидемија, како корона вирусот, и воопшто да не размислуваат да профитираат од ситуацијата за да имаат повеќе кликови или поголема гледаност.

Така, медиумите можат да им помогнат на надлежните институции со ширење на потребните информации и потпирајќи се на препораки од експерти од оваа област, со примарна цел да ја задоволат потребата на јавноста за фер, јасни и навремени информации. За новинарот има три најважни прашања: правилно информирање на јавноста за коронавирусот, избегнување на сензационалистички јазик и елементи, како и зголемено внимание при користењето фотографии и илустрации за да не се „храни“ паника кај јавноста.

Оттука, известувањето за корона вирусот, колку е што е потребно, толку може да биде и корисно, но новинарите треба да покажат висок степен на професионалност, да избегнуваат објавување на неофицијални информации што не се поддржани од експерти од областа или дури и несоодветни визуелизации, кои може предизвикаат паника во јавноста.

Новинарот не треба да користи наслови како „опасен по живот“, „катастрофа“, „смртоносен“, итн., затоа што отстапува од неговата мисија и, всушност, секој извештај со сензационалистички елементи има единствена цел, а тоа е зголемување на кликовите/прегледите. Насловот „Смртоносниот корона вирус е позаразен и поопасен одошто се очекуваше“ е еден од оние наслови што треба да се избегнуваат бидејќи може да предизвика страв и паника во јавноста. Други несоодветни наслови што деновиве ги објавија косовските медиуми беа „Алармантни бројки: Коронавирусот убива…“, „Коронавирусот уби уште едно лице …“, „Вакцината за корона вирусот ќе доцни, катастрофа ако се прошири во сиромашните земји“, итн.

Исто така, употребата на фотографии или видеа треба да биде во согласност со професионалните и етичките новинарски принципи, за тие да бидат во служба на известувањето, а не да го привлечат вниманието кон нешто друго, што може да го наруши мирот во јавноста. Трката за објавување вести честопати го тера новинарот да не ја посвети неопходната важност на изборот на сликите или сцените, а при известувањето за вакви ситуации, еден детаљ може да биде доволен за да предизвика паника во општеството.

Друга работа наа која треба да внимаваат медиумите е почитувањето на приватноста на лицата погодени од корона вирусот. Новинарите не треба да го откриваат идентитетот на тие лица, и покрај фактот што таквите вести може да привлечат уште повеќе кликови/прегледи. Етичките норми на новинарството се однесуваат на етичкото известување наспроти приватноста или јавниот интерес и предвидуваат дека за лица кои не се јавни личности, при известувањето не треба да се открие идентитет, туку се користат само иницијали.

Како и да е, во време полно со дезинформации, граѓаните треба да бидат крајно внимателни за тоа од каде ги добиваат информациите за корона вирусот, било да станува збор за нивото на опасност од  вирусот, било за заштитните мерки. Оттука, оваа тема се поврзува со медиумската едукција, проценка на содржината на медиумите и начинот како медиумите треба да се користат.

Дрен Гргури

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...