fbpx
Таг: несреќа

таг: несреќа

Најмалку 17 загинати и 18 повредени во сообраќајна несреќа на Хаити

Најмалку 17 лица починале, а 18 се повредени, во сообраќајна несреќа која се случила на Хаити, кога камион полн со патници и стока излетал од патот во обид да избегне судар со друго возило. - Камион во кој се наоѓале околу 30 луѓе се превртел во обид да избегне мотоцикл на кој имало три лица – рекол координаторот на службата...

Осумнаесетгодишно момче се удави во река во Струмичко

Осумнаесетгодишно момче вчера попладне се удавило во реката Турија, во атарот на струмичкото село Доброшинци, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, Димитар В. (18), вчера, околу 16 часот, заедно со уште три лица, отишол да се бања кај местото Барата. По извесно време тој потонал во водата. Веднаш по пријавувањето на случајот, на местото пристигнале јавен обвинител, екипи на СВР Струмица...

Прегазено тригодишно дете во Штип

Враќајќи се од гробишта, тригодишно дете се отпуштило од раката на својата постара сестра и истрчало директно по автомобил кој се движел на патот Штип - Радовиш. Детето починало на самото место, пред очите на своите родители. Кај возачот на автомобилот, кој е од Штип, не бил најден алкохол. Јавниот обвинител Јован Ѓурков, кој синоќа беше на увид заедно со полицијата, изјави дека...

Кавадарчанец загинал по пад од трактор

Вчера попладнe, 75-годишниот кавадарчанец Констадин Б. го загубил животот во несреќа со трактор, што се случила во атарот на селото Раец. Како што информираат од полицијата, несреќата се случила околу 17.20 часот, кога кавадарчанецот изгубил контрола над тракторот што го управувал и се превртел. Од тешките повреди, Констадин Б. починал на самото место. Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа...

Петнаесет загинати во бродска несреќа на реката Нил

Најмалку 15 луѓе загинале во судир меѓу товарен и патнички брод во реката Нил во Египет, јавуваат светските агенции. Според информациите, семејство и пријатели на млада брачна двојка најмиле брод за нивната свршувачка и испловиле северно од Каиро, каде и се случила несреќата. Од египетското министерство за внатрешни работи соопштиле дека во реката биле пронајдени 15 безживотни тела, додека шест лица...

Товарни вагони излетале од шините

Четири празни вагони од товарниот воз што сообраќал на линијата Трубарево – Јегуновце, од непознати причини излетале од шините. Во несреќата, која се случила кај скопската железарница, како што информираа од МВР, немало повредени.

Десетгодишно дете прегазено на Дижонска

Синоќа, во 19 часот, во Скопје, на крстосницата од улиците Џон Кенеди и Дижонска, возило „мазда 2“ со скопски регистарски таблички, управувано од Х.Б. (1994) од Скопје, удрило во пешак Зекирја Д. (2004) од Скопје. Од ударот пешакот на самото место им подлегнал на повредите. Смртта била констатирана од доктор од Итна медицинска помош, а телото по наредба на јавен обвинител...

Мајка и бебе пронајдени живи пет дена по пад на авион

Млада мајка и нејзиното бебе се најдени живи пет дена по авионска несреќа во џунгла во Западна Колумбија. Осумнаесетгодишната Марија Нели Муриљо имала мали повреди и изгореници, а нејзиниот едногодишен син е во добра здравствена состојба. Тие се најдени од спасувачите во близина на падот на авионот во провинцијата Чоко и веднаш се пренесени во болница. Авионот кој летал од градот...

Скопјанец загинал по пад од кран

Миодраг Н. (52) од Скопје вчера попладне го загубил животот, пагајќи од кран на висина од околу осум метри, информира полицијата. Несреќата се случила околу 16.30 часот во Гевгелија, додека скопјанецот изведувал електричарски работи, односно пуштање електрични кабли за видеонадзор, велат од полицијата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Јавен обвинител и екипа на гевгелиската полиција извршиле увид на местото. По наредбата...

Во судир на камион и на воз загинаа 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а 70 се повредени во судир на воз и на камион јужно од истоимениот туниски главен град Тунис, соопшти министерството за сообраќај и за внатрешни работи на Тунис. Несреќата се случила во Ел Фахес, на околу 60 километри од Тунис, околу 6.30 часот по локално време, во екот на утринскиот сообраќаен метеж. Министерот за сообраќај, Махмуд Бен...

Три лица загинаа во сообраќајна незгода во Куманово

Три лица загинале во сообраќајната несреќа што се случи денеска, околу 17 часот, кога автомобил „бе-ем-ве“ излетал од мостот кај Бедиње во Куманово. Според полицијата, возачот не успеал да ја одржи контролата над возилото. Автомобилот паднал на лентата на меѓународниот автопат Скопје - Белград на правецот кој води кон север. За да го избегне автомобилот, цистерна која се движела по автопатот...

Во сообраќајна несреќа во Перу загинаа 16 лица, поголемиот број деца

Најмалку 16 патници, поголемиот број деца, загинаа, а 30 се повредени кога камион со кој се превезувале се превртел во бездна во централниот дел на Перу, соопштија денеска перуанските власти. - Во несреќата погинаа приближно 16 лица – изјави регионалниот гувернер, Рубин Алва Очоа, додавајќи дека 30 повредени. Несреќата се случила во неделата кога учениците, наставниците и родителите се враќале од организирано...

Во хеликоптерска несреќа на Хаваи загина еден војник

Хеликоптер „МВ-22 оспреј“ на американската морнарица доживеа несреќа при принудно слетување на Хаваи, при што загина еден војник, а 21 се повредени. За време на принудното слетување, хеликоптерот се користел за обука во воздухопловната база во Беловс на островот Оахо. Причината за несреќата се истражува.

Загина тракторист во штипското село Шашаварлија

Педесет и деветгодишен жител на штипското планинско село Шашаварлија попладнево го загуби животот, откако тракторот што го управувал се превртел, а тој паднал и бил потиснат од огромната гума на возилото. Жители на селото, кои притрчале на помош, успеале да го извлечат Марјан А., но поради сериозноста на повредите, тој починал во возилото на Итната помош, на пат кон болница. Причините...

Се преврте брод со имигранти, 700 загинати

Околу 700 имигранти загинале при превртување на брод кај либиското крајбрежје, пренесуваат странските медиуми. Портпаролката на УНХЦР, Карлота Сами, изјави дека само 28 лица биле спасени, а италијанската крајбрежна стража потврдила дека на бродот имало повеќе од 700 мигранти. Спореди првичните информации на „Би-Би-Си“, стар рибарски брод превезувал повеќе од 700 луѓе. Весникот „Тајм оф Малта“ пишува дека инцидентот се случил...

Авион на „Ер Канада“ излетал од писта, нема настрадани

Патнички авион од типот „ербас“ на компанијата „Ер Канада“ рано утрово излетал од пистата за време на слетувањето на аеродромот во канадскиот град Халифакс, пренесуваат светските медиуми. Во несреќата нема загинати, но 25 патиници биле веднаш префрлени во болница. Никој од нив не бил во животна опасност. Во авионот имало 132 патници и пет членови на екипажот. „Ербасот“ на „Ер Канада“...

Оланд: Ќе ги дознаеме причините за падот на авионот

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека француските власти ќе ги дознаат причините за падот на авионот на „Џерманвингс“ на Алпите, при кој загинаа 150 луѓе. Говорејќи заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и со шпанскиот премиер Маријано Рахој во близина на местото на несреќата, Оланд рече: „Франција е со вас“. „Ербас А320“ на „Џерманвингс“ се урна вчера по осумминутно спуштање. Инспекторите рекоа дека...

Лос Анџелес: 30 повредени при судир на воз и на камион

Најмалку 30 лица се повредени денеска откако воз удри во камион кој преминувал преку пруга во близина на Лос Анџелес. Несреќата се случила околу 5.45 часот наутро по локално време, во близина на Окснард, околу 200 километри северозападно од Лос Анџелес. Како што јавува „Си-Ен-Ен“, властите го фатиле возачот на камионот. Според снимките на американските ТВ-канали, повеќе вагони излетале од пругата, а камионот...

Пилотот на тајванскиот авион прогласен за херој

Пилотот на авионот на тајванската авиокомпанија „Трнас Азија ерлајнс“, кој загина во несреќата, е прогласен за херој. Тој направил сè за да го избегне падот на авионот во населено место, со што бројот на загинати би бил многу поголем. Бројот на загинати се искачи на 31, но спасени се 15 лица, меѓу кои и двегодишно дете. Пилотот и копилотот загинаа. До несреќата...

Тешка сообраќајка на Партизанска

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на булеварот Партизански одреди. Станува збор за судир меѓу три возила,„пасат“, „ауди“ и „опел астра“. Меѓу повредените, со тешки телесни повреди завршил возачот на едно од возилата и веднаш бил префрлен во болница. Детали за здраствената сотојба на патниците се најавуваат за подоцна.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...