fbpx
Таг: несреќа

таг: несреќа

Ја ранил сопругата чистејќи ловечка пушка

Жител на гостиварското село Долна Ѓоновица вчера попладне, додека ја чистел ловечката пушка, во момент на невнимание ја застрелал и ранил својата невенчана сопруга, информираат од полицијата. Триесет и шестгодишната С.З., околу 14.30 часот, била пренесена во медицинскиот центар во Гостивар, каде ѝ била констатирана прострелна рана во левата потколеница, но без сериозни последици. Како што информираат од МВР, станувало...

Белград: Седум повредени при судир на два трамваи

Седум лица се повредени откако два трамваи утринава се судрија во Нов Белград, јавуваат српските медиуми. Повредените се пренесени во белградскиот ургентен центар, а 47-годишниот возач на трамвајот добил повреди на главата и амнезија. Несреќата е случила кога еден од трамваите не запрел навремено и удрил во трамвајот пред себе. - Трамвајот напред стоеше на семафор, веројатно за да пропушти пешак и тогаш...

Малезија: Осум загинати и 22 повредени во автобуска несреќа

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени откако туристички автобус скршнал од автопатот и се запалил, јавуваат малезиските медиуми. Возачот на автобусот скршнал за да избегне гума која се наоѓала на автопатот, по што автобусот паднал во ендек, превртувајќи се. Во несреќата две лица останале неповредени, додека 15 се здобиле со посериозни повреди.

Седумгодишнина од хеликоптерската несреќа кај Катлановско блато

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ ќе се одбележи седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско блато, во која загинаа 11 припадници на Армијата. Делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и од Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, припадници на Воздухопловната бригада на АРМ, како и членови на семејствата на загинатите војници, ќе положат венци цвеќе на спомен -бележјата...

Товарен брод доживеа несреќа во близина на турското пристаниште Самсун

Товарен брод, кој пловел под знамето на „Сент Китс и Невис“, доживеа несреќа недалеку од турското пристаниште Самсун во Црно Море, јави турската телевизија „Си-Ен-Ен Турк“. Поради бурата што ја зафати областа, бродот „Галф рио“, кој пловеше од Украина, се наведнал на едната страна и во него почнала да навлегува вода. Лошото време и бурното море не им дозволуваат на спасувачките...

Седумгодишно девојче преживеа авионска несреќа

Во петокот вечерта по американско време, седумгодишно девојче преживеало авионска несреќа во една од шумите во Кентаки, САД. Покрај девојчето, во малиот авион имало уште четворица кои не го преживеале падот на леталото, а меѓу нив биле и нејзините родители. Се верува дека покрај пилотот, со ова семејство летала и бебиситерката. Никој не го чул рушењето на авионот бидејќи паднал...

Делчевец починал по несреќа во својот дом

Седумдесет и тригодишен делчевец вчера утрото бил пронајден мртов во неговиот дом во градот, информираат од полицијата. Станува збор за Славе Д., кој, според полицијата, под дејство на алкохол паднал и со тилот од главата удрил во ѕидот од собата. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и по извршениот увид на местото, телото на починатиот било...

Еден загинат, 156 патници извлечени од „Норман Атлантик“

Трагедијата на „Норман Атлантик“, кој утринава се запали на отворено море во близина на островот Крф, ја зеде првата жртва. Портпаролот на грчкото министерство за поморство, повикувајќи се на потврдени информации од италијанската крајбрежна служба, објави дека еден маж загинал во интервенцијата за негово спасување. Според информациите, до несреќниот случај дошло кога човекот се лизнал и загинал во обидот...

Еквадор: Тринаесет загинати при несреќа на градилиште

Тринаесет лица загинаа, а 12 се повредени кога на градилиштето на најголемиот инфраструктурен објект во Еквадор се урна дел од градбата. Кинеската амбасада во главниот град на Еквадор, Квинто, потврди дека во несреќата на градилиштето во хидроцентралата „Кока кодо синклер“ загинаа 10 државјани на Еквадор и тројца кинески работници. Хидроцентралата, вредна две милијарди долари, со моќност од 1.500 мегавати, ја гради...

Голгота за кочанскиот таксист во Грција

По несреќата од поплавите во Северна Грција, попладнево разговаравме со сопственикот на кочанската такси-компанија, чиј возач синоќа превезувал грчки државјанин од Кочани до Кукуш, кој загина кога заради надојдената вода, такси-возилото паднало во канал за наводнување меѓу Поликастро и Кукуш. Јоцо Каров, сопственикот на такси-компанијата, кој додека зборуваме се враќаше од Грција заедно со такси-возачот, вели дека во Кочани веднаш...

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија

Мигрант од Сирија го загубил животот на железничката пруга, во близина на надвозникот кај Демир Капија, соопшти полицијата. Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото и било констатирано дека станува збор за државјанин на Срија на возраст од 25 години. За еден месец, ова е шеста несреќа во која гинат мигранти на железничките пруги во земјата. Во несреќите животите...

Автомобил излета во Дунав, од шестмина патници, тројца спасени

Три лица ги загубиле животите, а три се извлечени од реката Дунав во Белград, денеска, рано наутро, кога автомобил, марка „бмв 325“ излетал и паднал во реката, во близина на ресторан кај Ада Хуја, пренесуваат српските медиуми. Спасувачките тимови ги извлекле телата на една девојка и на едно момче, додека еден од настраданите, според неофицијални информации, во моментот на несреќата...

Романија: Осум загинати во хеликоптерска несреќа

Осум лица загинаа при уривање на хеликоптер во централниот дел на Романија, соопшти националната служба за вонредни ситуации. - Двајца од повредените, кои се здобиле со изгореници, се евакуирани - соопшти портпаролот на службата за вонредни ситуации, Бјанка Сабау. Засега не се познати причините за несреќата. Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за воен хеликоптер од типот „ИАР-330 пума“.

Битолчанец почина набоден на рогови од сопствениот бик

Средовечен битолчанец синоќа почина откако бил нападнат од бик од сопственото стадо, сооппшти СВР Битола. Инцидентот се случил во демирхисарското село Брезово, додека, сега починатиот, Симе Ѓ., го напасувал својот добиток. Бикот, тежок неколку стотици килограми, го нападнал Симе Ѓ., нанесувајќи ми тешки повреди по главата и на телото. Повредениот маж веднаш бил пренесен во Здравствениот дом во Демир Хисар, но...

Илегални мигранти, повторно жртви на железничка несреќа

Двајца сиријски државјани ги загубиле животите на железничката пруга Гевгелија - Табановце, кога во нив удрил товарен воз. Според полициските информации, несреќата се случила утрово, околу 1 часот, на железничкиот мост на реката Тополка, во Велес. Сиријските државјани, кои биле на возраст од 22, односно 23 години, починале на самото место. Јавен обвинител и екипа на велешката полиција извршиле увид на...

Капак од багажник на автобус усмртил пешак кај селото Конопница

Седумдесет и шестгодишен маж го загубил животот во сообраќајна незгода,  што утрово се случила на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атарот на селото Конопница. Според полициските информации, несреќата се случила околу 7 часот, кога на автобус, со скопски регистарски ознаки, кој се движел кон Куманово, му се отворил капакот од багажникот и удрил во М.С., кој пеш се...

Товарен воз прегазил илегален мигрант

Илегален мигрант утрово бил прегазен во центарот на Велес, од товарен воз, кој сообраќал на линијата Гевгелија - Скопје. Несреќата се случила околу 6 часот, а случајот во полиција го пријавил машиновозачот. Полициската екипа која интервенирала, на местото затекнала уште шестмина мигранти, кои се приведени во полициската станица во Велес. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото и работат на утврдување...

Се урна авион на Бахами, сите девет патници загинаа

При вчерашното уривање на авион на Бахами, загинаа сите девет патници и членови на екипажот. Авионот „лир 36 егзекјутив џет“ полетал од главниот град на Бахамите, Насау, и се урнал околу 17 часот по локално време, при слетувањето на меѓународниот аеродром „Гран Бахами“, соопшти бахамското министерство за транспорт и авијација. Сè уште не е позната причината за несреќата.

Вагони од товарен воз излетале од шини

Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, но жртви нема, јавија грчки медиуми. Запрено е движењето на таа железничка линија во Грција, а патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси. Инцидентот се случил во реонот Амфиклија. Причина за излетувањето на вагоните најверојатно е лизгање на земјиште поради поројните дождови.

Воз прегазил татко и син, илегални мигранти

Авганистански државјанин и неговиот малолетен син, вчеравечер загинале кога во нив удрил товарен воз кој се движел на железничката пруга Скопје - Гевгелија, информираат од полицијата. Несреќата се случила околу 22.30 часот, кај местото Јаворица, а таткото и синот кои се движеле со поголема група авганистански државјани, илегални мигранти, починале на самото место. За помалку од една недела, ова е трет...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...