fbpx

Голгота за кочанскиот таксист во Грција

-

По несреќата од поплавите во Северна Грција, попладнево разговаравме со сопственикот на кочанската такси-компанија, чиј возач синоќа превезувал грчки државјанин од Кочани до Кукуш, кој загина кога заради надојдената вода, такси-возилото паднало во канал за наводнување меѓу Поликастро и Кукуш.

Јоцо Каров, сопственикот на такси-компанијата, кој додека зборуваме се враќаше од Грција заедно со такси-возачот, вели дека во Кочани веднаш ќе одат во болница на лекарски преглед, бидејќи таксистот, иако без видливи повреди од синоќешната несреќа, сепак неколку часа минал во мокри алишта, накиснат до гола кожа.

– Веднаш ќе одиме во кочанската болница. Возачот поминал неколку часа во мокра облека, бил целиот накиснат. Пешачел три-четири часа до најблиското место за да најде луѓе и да повика помош. Имал телефон, но не го знаел јазикот и морал да се снаоѓа – вели Каров.

За тоа како се случила несреќата, во која животот го загуби грчкиот државјанин, Каров вели дека единствено што му кажал таксистот било дека додека возеле, наеднаш паднале во еднек.

Такси-возилото е сè уште во Грција, на местото на несреќата. Каров вели дека денеска, додека бил таму, трипати се обиделе да го извлечат со шлеп-служба, но заради надојдените води не успеале.

Каров се заблагодарува за ангажирањето на македонската конзулка во Солун. Таа им помогнала многу и, како што вели тој, постојано биле на телефонска линија за сè што е потребно. Вели и дека грчката полиција и истражните органи се однесувале многу професионално и добронамерно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...