понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство | 35 резултати

Во собраниска процедура се законските измени за преземање на медицински сестри во ЈЗУ

ноември 13, 2018

Министерството за здравство информира дека измените на Законот за здравствена заштита за преземање во јавно здравство, на медицинските сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, заради затворање на приватни здравствени установи ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура. Во измените на Законот e внесена […]

МЗШВ презема мерки за заштита на шумите од пожари

август 11, 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно презема мерки за заштита на шумите од појава на пожарите, реагираат од Министерството на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека министерот Љупчо Николовски презел низа мерки, меѓу кои и тоа што дал согласност за делумна, а потоа и за целосна забрана за движење во шумите или во одделни […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема фатено дрога не затоа што ја нема, туку зашто е во коалиција со криминалот

август 11, 2017

МВР под водство на СДС и на неспособниот Оливер Спасовски нема фатено ни грам дрога, не затоа што ја нема, туку затоа што СДС е во коалиција со криминалот, обвини Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска. Тој додаде дека приоритет за СДСМ и за Оливер Спасовски било да се пресметаат со сите полициски службеници кои професионално […]

СДСМ: Стратегијата за бегалците е продолжение на таа што беше донесена во 2008 година

август 7, 2017

„Граѓаните можат да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци, а со усвојувањето на стратегијата се почитуваат меѓународните стандарди и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година што Македонија ја има ратификувано“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за стратегијата за мигрантите. Од партијата велат дека […]

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

декември 26, 2016

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците на РМ, 1 јануари 2017 година (недела), Нова година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Македонија им ја честита Новата година.

Демонстрантите ја симнаа заштитната завеса од Порта „Македонија“

мај 20, 2016

Демонстрантите од „Шарената револуција“ денеска ја симнаа заштитната завеса која беше поставена на Порта „Македонија“ и повторно фрлаа со боја. Белата завеса денеска беше поставена од градските служби за да не може да биде обоено ова здание од проектот „Скопје 2014“. Пред тоа, на пат кон Собранието, демонстрантите повторно ја обоија зградата на Министерството за […]

Пирок ќе добие колектор за отпадни води 

март 22, 2016

Министерството за животна средина и просторно планирање финансиски ќе помогне за изградба на колектор за канализацискиот систем во Пирок. Министерството ќе одвои пари и за реконструкција на резервоарот за питка вода во Горно Седларце. За овие два проекти денеска во зградата на Општина Боговиње, договори потпишаа министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалникот на […]

Утре протест по повод годишнината од смртта на Тамара

февруари 8, 2016

Утре, во 12 часот, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе се одржи протест по повод едногодишнината од смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Организаторите бараат јавниот обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт. Откако настанот беше инициран на социјалната мрежа „Фејсбук“, Јавното обвинителство соопшти дека за овој случај се осомничени повеќе […]

Водици, неработен ден за православните христијани

јануари 18, 2016

Верниците од православна вероисповед утре го празнуваат празникот Богојавление, односно Водици, кој се прославува на 19 јануари според верскиот календар. Според Законот за државни празници, за православните верници, вторник, 19 јануари е неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Почнува имплементациската фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен

декември 14, 2015

В среда, на 16 декември, со организирање на почетниот состанок во Тирана, почнува имплементациската фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен, финансики поддржан од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). На состанокот, од македонска страна, ќе се обрати заменик-министерот за животна средина и за просторно планирање, Стево Темелковски, а презентација за проектот ќе одржи  Дејан […]

Тодоров нема да поднесе оставка, договорено поголемо обезбедување на Клинички центар

ноември 9, 2015

Министерот за здравство, Никола Тодоров, нема да поднесе оставка и покрај тоа што чувствува морална одговорност. – Чувствувам морална одговорност за секој настан што се случува во здравството и сè што ќе се случи, нормално е да ме тангира. Не знам дали некој во светот може да спречи некој кој е со ваков морален код да […]

МЗ: СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството

октомври 28, 2015

Министерот за здравство ќе даде одговор на интерпелацијата пред законодавниот дом, се вели во реакција од Министерството за здравство. Оттаму велат дека се благодарни на СДСМ што им дава можност во законодавниот дом да бидат соочени фактите за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега. „Со користење на […]

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври, е неработен

октомври 16, 2015

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври 2015 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на македонската револуционерна борба.

МИОА: Администрацијата брои 128.253 вработени

септември 26, 2015

Во јавниот сектор има 128.253 вработени, официјално потври денеска Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), откако еврокомесарот Јоханес Хан обелодени дека во јавната администрација во земјава работат 185.000 луѓе. Податокот, соопшти МИОА, се однесува на вкупно 1.354 институции, вклучително и на јавните претпријатија. „Со новиот Закон за вработени за јавен сектор, кој стапи на сила […]

Коѕиас пристигна во Македонија

јуни 24, 2015

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска пристигна во Скопје. Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење доверба, како и сите теми од билатерален интерес, спорот за името и интензивирање на соработката. Еднодневната посета почна со средба со неговиот колега Никола Попоски […]

Доделени сертификати на полицајци специјализирани за обезбедување важни личности

април 3, 2015

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и турскиот амбасадор во Македонија, Ѓурол Сокменсуер, денеска им доделија сертификати на македонските полицајци кои цела недела учеа вештини за обезбедување важни личности од своите турски колеги. Јанкулоска им се заблагодари на турските колеги со кои соработуваат уште од 2007 година токму во делот на меѓународната полициска обука, која има цел зацврстување на […]

Протестот продолжува кон Министерството за здравство

февруари 24, 2015

Граѓаните од протестот со кој се бара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на Тамара, се упатија кон Министерството за здравство. Демонстрантите се опремени со црвени картони, а носат и транспаренти на кои пишува „Оставка“, „Тодоров, народот ти даде отказ“, „Вашиот термин дојде“, „Хорор во болниците“… Маршот почна пред Фондот за здравствено […]

Премиерот Груевски се сретна со хрватскиот министер за одбрана Котромановиќ

февруари 9, 2015

Премиерот Никола Груевски оствари средба со министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ. На средбата беа поздравени одличните односи помеѓу двете земји, кои се развиваат во духот на пријателството, соработката и на меѓусебното почитување. Соговорниците разменија мислења на повеќе теми од различни области, кои се од интерес за понатамошно унапредување на односите, акцентирајќи ја […]

Промоција на „администрација.мк“

февруари 9, 2015

Во Министерството за информатичко општество и администрација, денеска ќе биде промовиран веб-порталот „администрација.мк“. Промоцијата доаѓа по неодамнешното добивање можност Македонија во глобалниот интернет-простор да користи кириличен домен, а новиот веб-портал ќе биде претставен од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Ќе се формира втора комисија за случајот со починатото девојче на Инфективна клиника

февруари 6, 2015

Втора стручна комисија ќе формира Министерството за здравство за да направи нова, подетална анализа, дали сите здравствени работници, почнувајќи од матичниот лекар, дежурниот лекар во Поликлиниката „Јане Сандански“, па до тие на Клиниката за инфективни болести, постапиле правилно во лекувањето на 12-годишното девојче што почина без конечна дијагноза. Од Министерството за здравство велат дека првата стручна комисија, која веќе го анализирала случајот, […]

Страна 1 од 2