fbpx

Тодоров нема да поднесе оставка, договорено поголемо обезбедување на Клинички центар

-

Министерот за здравство, Никола Тодоров, нема да поднесе оставка и покрај тоа што чувствува морална одговорност.

– Чувствувам морална одговорност за секој настан што се случува во здравството и сè што ќе се случи, нормално е да ме тангира. Не знам дали некој во светот може да спречи некој кој е со ваков морален код да го направи тоа што го направи – нагласи Тодоров.

На средбата со лекарите било договорено да има зголемено обезбедување во целиот кампус на клиниките.

Доктор Александар Караѓозов, пак, нагласи дека медицинскиот тим имал согласност од семејството за да се преземе рискантна операција, но додава дека од медицинскиот тим било постапено според правилата.

– Кај жената имало гнојник во жолчникот. Потоа била направена операција и фамилијата дала согласност. Операцијата минала без проблем и е пренесена на интензивна нега. Сабајлето, околу 7 часот починала. Има многу нешта, особено малигномите кои се „тригери“ за влошување. Овде немало лекарска грешка. Од дијатеза дошло до згрутчување на крв и најверојатно дошло до застој на срцето. Но, обдукцијата ќе каже сè – нагласи доктор Караѓозов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...