fbpx
Таг: земјотрес

таг: земјотрес

Утринава земјотрес ги стресе Македонија и Албанија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала, утрово ја погоди Албанија во 7.26 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Освен во Албанија, земјотресот се почувствувал и во Македонија и во Црна Гора. Само шест минути порано, во Албанија, на исто место е регистриран уште еден послаб земјотрес, со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 34...

Авганистан: Талибанците прогласија примирје поради земјотресот

Талибанците прогласија прекин на огнот во деловите на Авганистан што во понеделникот беа погодени од земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала. - Ги повикуваме нашите муџахедини да се воздржат од напади врз сите што се обидуваат да им помогнат на жртвите на земјотерсот, вклучувајќи ги тука и претставниците на Владата во Кабул - соопшти портпаролот на талибанците, Забиулах Муџахид, додавајќи дека...

Лагард: ММФ ќе им помогне на земјите погодени од земјотресот

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, изјави дека сочувствува со сите што се погодени од земјотресот во Авганистан и во Пакистан, порачувајќи дека ММФ се подготвени да одговорат на овој трагичен настан. Според неа, примарно е колку што се може да им се олесни на овие области и да се осигура безбедноста и благосостојба на тие што ја преживеаја трагедијата.

Повеќе од 300 загинати и 2.000 повредени во земјотресот што ги погоди Авганистан и Пакистан

Повеќе од 300 загинати и најмалку 2.000 повредени е моменталниот биланс од силниот земјотрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што вчера ги погоди Авганистан и Пакистан, јавуваат светските агенции. Во меѓувреме, како што пренесува „Би-Би-Си“, интензивирани се напорите на спасувачките екипи за помош на жителите на погодените области. Спасувачки тимови се испратени во оддалечените планински области каде сè уште...

Сè поголем бројот на загинати во земјотресот во Пакистан и во Авганистан

Повеќе од 100 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди североисточниот дел на Авганистан и на Пакистан. Тресење на тлото од земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала се почувствувало и на северот на Индија и во Таџикистан. Меѓу жртвите има и 12 девојчиња, кои се прегазени во стампедо што настанало по земјотресот, кога луѓето почнале да бегаат од една...

Најмалку 51 загинат во Пакистан и 19 во Авганистан во силниот земјотрес

Најмалку 51 лице загинале во Пакистан, а според медиумските извештаи, уште 20 луѓе ги загубиле животите во Авганистан, во силниот земјотрес што утрово ги погоди северните делови на Пакистан, Авганистан и на Индија, јавува „Би-Би-Си“. Земјотресот бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во планините во регионот Хинду Куш, на длабочина од 212 километри, соопшти геолошкиот завод...

Пакистан: 12 загинати и 40 повредени во земјотресот

Повеќе од 12 лица загинаа во земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој ги погоди Пакистан, Авганистан и Северна Индија, јавуваат локалните медиуми, цитирајќи официјални претставници. Силни потреси се почувствувале во Њу Делхи, Исламадац и во неколку поголеми градови. Според пакистанските власти, 12 лица загинале, вклучувајќи и едно лице во Пешавар. - Примивме 50 повредени лица, а се очекува...

Силен земјотрес го погоди северот на Пакистан

Силен земјотрес утрово го погоди северениот дел на Пакистан, јавува „Би-Би-Си“. Засега нема информации за силината на потресот. Според првичните информации на „Би-Би-Си“, потресот бил почуствуван и во северниот дел на Индија и во Авганистан. Сè уште нема податоци за евентуално настрадани луѓе и за предзвикана штета.

Едно лице загинало во земјотресот во Аргентина, повеќе згради оштетени

Најмалку едно лице го загубило животот во силниот земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала што денеска го погоди северозападниот дел на Аргентина, јавуваат светските агенции. Аргентинската државна новинска агенција „Телам“ соопшти дека во земјотресот животот го загубила една жена, дека повеќе згради се оштетени, а едно училиште било урнато. Според последните информации, епицентарот на земјотресот бил на 21 километар источно...

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала, денеска го погоди северозападниот дел на Аргентина, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од американскиот геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил на 131 километар југоисточно од Салта, главен град на истоимената аргентинска покраина. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Шеесет повредени во земјотресот во Индонезија

Најмалку 60 лица се повредени во земјотрес со јачина од 6,6 степени, кој денеска го погоди истокот на Индонезија, соопштија американската геолошка служба. Епицентарот на земјотресот бил под морето, 28 километри од Соронг, во провинцијата Западна Папуа и на длабочина од 28 километри. Најмалку 260 куќи се оштетени во потресот и повеќе стотина луѓе се евакуирани. Експертите соопштиле дека потресот не би...

Земјотрес во Лерин – почувствуван и во југозападна Македонија

Земјотрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала попладнево околу 18 часот е почувствуван во битолскиот и ресенскиот  регион. Епицентарот на земјотресот бил на пет километри од грчкиот град Лерин. Во последните 24 часа, ова е трет земјотрес кој е почувствуван во југозападниот дел на Македонија

Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Изложба „Скопје 1963 - пред и потоа“ беше отворена синоќа, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што Скопје го остави во урнатини во 1963 година. - Од колективната меморија на скопјани, не е избришан 26 јули 1963 година.Скопје се сеќава на неколкуте минути во кои жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. Скопје денес е познат...

Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија денеска делегации на Градот Скопје, на Владата,  Собранието, Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии и од сите општини на Град Скопје, дипломатскиот кор во Македонија, како и од здруженија на граѓани и други организации. Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и на културните установи на Град Скопје, членови...

Се одбележуваат 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

В недела, на 26 јули, во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе. Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска...

Четири земјотреси во Црна Гора во последните 24 часа

Нов земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала денеска околу 11 часот ја погоди Црна Гора, што претставува четврти земјотрес во последните 24 часа. Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри југоисточно од Подгорица, каде беа епицентрите и на претходните три земјотреси, соопшти Сеизмолошкиот завод на Црна Гора. Сите потреси биле со помала јачина, до 3,9 степени според Рихтеровата...

Тројца загинати во земјотрес во Кина

Три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала што денеска ја погоди северозападната кинеска провинција Синџјан-Ујгурската. Кинескиот сеизмолошки центар јави дека земјотресот бил регистриран утринава во 9.07 по локално време, а епицентарот бил на 160 километри северозападно од градот Хотан, на длабочина од 20 километри.

Земјотрес го затресе Крит – нема жртви

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди областа источно од грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичката опсерваторија во Атина. Засега нема информации за жртви, ниту дали земјотресот причинил значителна материјална штета. Епицентарот бил во морето, на 29 километри јужно од малиот остров Касос. Земјотресите се чести во Грција, а годишно се регистрираат околу илјада.

Земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, утринава ја потресе Атина, но засега нема информации за жртви или материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот, кој се случил околу 4 часот, бил во заливот меѓу островот Евија и копнениот дел на Грција, 80 километри северно од Атина. Грчката Агенција за цивилна заштита соопшти дека...

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, денеска го погоди североисточниот брег на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил 132 километри североисточно од градот Хачинохе, а се случил на длабочина од 80 километри. Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...