Шеесет повредени во земјотресот во Индонезија

Најмалку 60 лица се повредени во земјотрес со јачина од 6,6 степени, кој денеска го погоди истокот на Индонезија, соопштија американската геолошка служба.

Епицентарот на земјотресот бил под морето, 28 километри од Соронг, во провинцијата Западна Папуа и на длабочина од 28 километри.

Најмалку 260 куќи се оштетени во потресот и повеќе стотина луѓе се евакуирани.

Експертите соопштиле дека потресот не би требало да предизвика цунами, поради длабочината на која е забележан под морето.

Индонезија лежи на сеизмички активниот огнен појас на Тихиот Океан.