Најмалку едно лице го загубило животот во силниот земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала што денеска го погоди северозападниот дел на Аргентина, јавуваат светските агенции.

Аргентинската државна новинска агенција „Телам“ соопшти дека во земјотресот животот го загубила една жена, дека повеќе згради се оштетени, а едно училиште било урнато.

Според последните информации, епицентарот на земјотресот бил на 21 километар источно од Ел Галпона, во покраната Салта, на длабочина од 8,2 километри.