Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Мишел: Македонци, имате историска шанса да кажете ДА, ДА за ЕУ и ДА за нашите деца (видео)

„Дозволетеми искрено да ви кажам како пријател дека оваа можност е премногу важна за да се пропушти. Никогаш не сме биле толку блиску. Македонци имате историска можност да кажете „да“, „да“ за почетокот на преговорите, „да“ за ЕУ, „да“ за нашите деца. Вашата земја има можност повторно да стане првак во проширувањето, тоа ќе внесе нова динамика, овие реформи...

Европскиот парламент со мнозинство гласови го поддржа пристапот на Хрватска во еврозоната

Европратениците денес со мнозинство гласови дадоа позитивно мислење за кандидатурата на Хрватска да стане најновата членка на еврозоната од 1 јануари 2023 година. Парламентот со 539 гласа „за“, 45 гласа „против“ и 48 воздржани, го усвои извештајот на Зигфрид Мурешан (ЕПП, РО) во кој се наведува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за усвојување на еврото на 1 јануари 2023...

Ковачевски – Мишел: Предлогот предвидува македонскиот јазик да е еднаков со другите јазици на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој е во посета на Скопје. На средбата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Шарл Мишел потенцираа дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот, информираат од владината...

Антиевропски протести во Скопје, денеска повторно повици за насилство

Антиевропските протести зад кои отворено стојат опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, денеска ќе се започнат пред зградата на Владата, па ќе продолжат преку мостот Гоце Делчев кон ТЦ Мавровка, а оттаму кон Министерството за надворешни работи, па до зградата на Собранието. Трасата на протестот беше соопштена до медимите преку новорегистрирана имејл адреса во која стоеше кратка порака: „Граѓаните и денеска масовно...

Маричиќ: Нашата цел беше да го заштитиме македонскиот јазик во рамките на ЕУ и ја исполнивме

„Нашата цел во овој процес беше да го заштитиме статусот на македонскиот јазик во рамките на Европската Унија, а не беше да ја убедиме Бугарија да го промени својот став. Целта беше да нема влијание тој став на ставот на Европската Унија“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на вчерашниот брифинг со уредници на Националната радио телевизија. Вицепремиерот Маричиќ посочи дека е...

Европскиот предлог за отстранување на бугарското вето е достапен и на македонски јазик на владиниот сајт

Владата на РСМ попладнево го објави и на македонски јазик европскиот предлог, изработен за време на француското претседателство со ЕУ, за отстранување на ветото од Бугарија за почетокот на преговорите со ЕУ. „Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог“, соопштија од владината...

Мицкоски го одби францускиот предлог, повикува на протест

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски категорично одби да го прифати францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тој предлогот го нарече „ултиматум за иднината на нашата Македонија“ и додаде дека констатирал дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и...

ЕБОР и ЕУ ја поддржуваат зелената транзиција кон соларна енергија во Северна Македонија со кредит од 25 милиони евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со образложение дека македонските капацитети за декарбонизација прават голем исчекор, одобри кредит од 25 милиони евра на ЕСМ, компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост, за изградба на капацитети за производство на струја со фотонапонски панели со моќност од 30 мегавати. Како што појаснија од ЕБОР, овој проект се состои од...

Османи: Добивме чиста формулација за македонскиот јазик, без никакви додавки

Во предлогот на француското претседателство за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ имаме чиста формулација за македонскиот јазик, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот состанок со новинарите. „Добивме чиста формулација за јазикот, без никакви додавки и објаснувања“, рече Османи. Тој додаде дека единствено при состанокот на меѓувладината конференција Бугарија ќе може да поднесе забелешка...

Битиќи и Папандреу: Интеграцијата е единствен начин за да се создаде регионалнасоработка

Во рамки на Македонскиот енергетски форум - МЕФ 2022 денес се одржа панелот „Преиспитување на регионалната енергетска безбедност” на кој учествуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и Јоргос Папандреу долгогодишен политичар, член на грчкиот парламент и поранешен премиер на Грција. Панелитистите се осврнаа на повеќе значајни прашања во врска со...

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Заменик претседателот на Влада задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера одржаа затворен брифинг со новинарите на кој одговаа на прашања поврзани со францускиот предлог, македонскиот јазик, историската комисија, како после Самитот и други прашања поврзани со одблокирање на евроинтеграцискиот процес, по што следуваа изјави. - Нашата Влада направи сериозни напори и...

Макрон и Мишел по самитот на ЕУ: Преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија продолжуваат деновиве

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон по денешниот самит на европските лидери изјавија дека преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат и наредните денови, а во функција на деблокада на почетокот на преговорите со ЕУ на Северна Македонија и Албанија. Во својот говор, Мишел се заблагодари на француското претседателство со Европската Унија и за...

Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Италија е за одвојување на преговорите на Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ, соопшти денеска во Брисел италијанскиот премиер Марио Драги по состанокот на Европскиот Совет во Брисел, пренесе „Јуроњуз“. Северна Македонија и Албанија официјално сѐ уште се ставени во иста рамка за преговорите за членство во ЕУ, а со кревањето на бугарското вето за земјава што се...

Парламентот на Бугарија го направи претпоследниот чекор за кревањето на ветото, под 4 услови

На денешната пленарна седница, усвојувајќи ја резолуцијата што беше предложена од Христо Иванов, пратеникот и ко-претседател на „Демократска Бугарија“ (ДБ), дел од владата во заминување, Собранието на Бугарија одобри кревање на ветото за Северна Македонија да ги почне преговорите за зачленување во ЕУ. Со 228 гласови, од кои 170 „за“, 37 беа „против“ а 21 воздржан, бугарскиот парламент ја усвои...

Османи чека од Франција да даде конечен предлог, три прашања се клучни дали владата ќе го прифати

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека францускиот предлог за отстранување на бугарското вето не е конечен, а Франција треба да ги види позициите на двете земји и да достави конечен предлог. „Нашиот став е кажан јавно и формално на француското претседателство, останува наредните денови дали француското претседателство ќе има конечен свој предлог во однос на прашањето. Досега...

Што вклучува предлог-решението на бугарскиот парламент за кревање на ветото

Бугарските медиуми го пренесуваат предлог-решението на Демократска Бугарија (ДБ), една од членките на владејачката коалиција во Бугарија. Предлог-решението треба да изнесе повеќе услови, и ако се усвои денеска може да доведе до кревање на ветото од Бугарија на состанокот на Европскиот Совет што почна вчера, а продолжува денеска во Брисел. Прво, според предлог-резолуцијата, за поддршка од Бугарија на кој и да...

Украина и Молдавија добија кандидатски статус за членство во ЕУ

Лидерите на земјите-членки на ЕУ на Украина и Молдавија им доделија статус на кандидати за членство во унијата. Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел ја објави ваквата одлука, опишувајќи ја донесената одлука како „историски момент“. Исто така, тој спомена дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ со овие две земји нема да започне до спроведувањето на неопходните реформи. Мишел...

Бугарскиот парламент конечно се собра за да расправа за францускиот предлог и кревањето на ветото

Првпат откако изгласа недоверба на владата на Кирил Петков, бугарскиот парламент денеска успеа да оствари кворум и започна пленарната седница, на која првата точка на дневниот ред е разгледување на францускиот предлог за кревањето на ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, пишува mediapool.bg. Беа внесени три предлога за резолуција, и тоа првиот на Движењето...

Ковачевски: Хистеријата за францускиот предлог во земјава ја предизвикаа луѓе што се нарекуваат експерти

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Брисел рече дека е изненаден од тоа што во земјава хистеријата во врска со предлозите за надминување на спорот со Бугарија ја креираат луѓе кои се нарекуваат експерти и велат дека се познавачи на европската интеграција, пренесува „360 степени“. „Се создаде голема хистерија во Северна Македонија. Јас посебно сум многу изненаден од тоа...

Премиерот Ковачевски го отфрли францускиот предлог

Премиерот Димитар Ковачевски, по завршувањето на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел, го отфрли францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ. Тој нагласи дека предлогот во ваква форма е неприфатлив за него, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери, за институциите како и за граѓаните. „Да...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...